Рецензии

Рецензија: Во понеделник почнува војна во Скопје ако не бидат ослободени осудените од Монструм!!!

на 25. 07. 2014 | | sq
Ако зборот е едно од најмоќните и најчесто користени орудија за длабење на новинарската мисла и за пренесувањето на одредена информација, тогаш тој мора да е одмерен, прецизен и двапати да се мери пред да се употреби. Насловот на текстот што го рецензираме отстапува од овој принцип и остава впечаток на преголема жестокост, силина и загревање на ситуацијата. Линк до оригиналниот напис: Во понеделник почнува војна во Скопје ако не бидат ослободени осудените од Монструм!!! Датум и време на објавување: 14.07.2014, 09:20 Датум на рецензирање: 22.07.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Пред нас се наоѓа информација преземена од друг медиум, при што не е вложен никаков дополнителен напор таа да се провери (или барем од изложеното тој напор не е видлив), ниту,

Рецензија: Аналитичари: Нема ништо лошо ако Македонија стане даночен рај!

на 25. 07. 2014 | |
Ако Македонија стане зона на оф-шор банкарство, кај нас би се отвориле нови работни места за правници и економисти, сметководители и слични професии кои би давале услуги на тој сектор. Значи со предлогот на Владата низ уставни измени да се формираат слободни економски зони, се вели во овој напис, кој се повикува на аналитичари, со што во голема мерка би се решил проблемот со прекубројните кадри од економските правните факултети. И уште во стартот ве удира шок – дали сме ние првите или можеби десеттите во светот кои без реперкусии сме се соочиле со некакво „еурека“ во атарот на финансиската власт, која во рамките на своите активности се сеќава на уште едно спасоносно решение за нашата економија без да се

Рецензија: ФОТО: Ова се двете сестри кои денеска беа убиени во скопски Аерoдром

на 25. 07. 2014 | |
Во овој фото-колаж, бидејќи од текст има само наслов, не треба да се бара многу филозофија. За жал, нема ниту етика. Потрагата по поголема читаност, и овој пат, довела до типичен производ од copy-paste мануфактурата. Земи фотографии од Фејсбук-профилот на убиените жени, нареди ги, посочи со наслов како со вперен показалец, и ете класичен пример за морбиден воајеризам. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова се двете сестри кои денеска беа убиени во скопски Аерoдром Датум и време на објавување: 22.07.2014 Датум на рецензирање: 24.07.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Како беше она хегелијанско первертирање на фактите кои беа светост за неговиот претходник, Имануел Кант? „Доколку фактите не одговараат на вистината, дотолку полошо за фактите“. Овде фактите можеби одговараат на вистината,

Рецензија: Македонија со камата 3,97, Албанија и Бугарија рекордери со 7,5 отсто

на 24. 07. 2014 | |
Станува збор за напис кој прави комплетно несоодветни и неодржливи споредби и компарации по принципот на собирање „баби и жаби“. Настрана фактот што во него има и неточни изјави на соговорниците, објавени без никаква проверка. Линк до оригиналниот напис: Македонија со камата 3,97, Албанија и Бугарија рекордери со 7,5 отсто Датум и време на објавување: 20.07.2014, 18:07 Датум на рецензирање: 24.07.2014 Рецензент: Владимир Петрески Проблемот со вистинитоста написот го има во компарациите. Се споредуваат каматите под кои државите во соседството имаат издадено еврообврзници, при што се тврди дека Македонија платила најниска камата. Ваквата споредба со себе носи редица методолошки предизвици и импликации, кои во текстот воопшто не се адресирани. На пример, не е кажано каков рок на доспевање имаат еврообврзниците

Подводаџиско новинарство

на 24. 07. 2014 | |

[Рецензија: ФОТО: Прилепчанка нуди секс масажа со „хепи-енд“ за 750 денари]

Тоа што го објавува некој медиум, содржините со кои ја исполнува својата форма, го дефинираат профилот на медиумот кој произлегува од уредувачката политика на редакцијата. Каков е профилот на медиумот што ја објавил оваа медиумска содржина што ја рецензираме? Каква уредувачка политика генерира објавување вакви вести? Читателот на Сервисот за проверка на фактите во медиумите (СПФМ), на чиј предлог

Листерија за новинарска хистерија

на 23. 07. 2014 | |

[Рецензија: Осомничени домашни месни производители како епицентар на смртоносната листерија]

Зошто пишувањето за бактеријата „листерија“ би се претворила во хистерија? Или, неодржило новинарство или новинарска постапка, која како краен ефект има вознемирување за публиката и неосновано обвинување. Зошто? Еве еден добар пример како се распаѓа неодржливото новинарство. Ќе го прикажеме тоа низ вивисекција на насловницата и најбитните пасуси на оваа медиумска содржина. Линк до оригиналниот напис: Осомничени домашни месни производители како епицентар на смртоносната листерија Датум и време на објавување: 22.07.2014, 11:18 Датум на рецензирање: 23.07.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Главната, неоснована, поента овој новинарски текст ја има уште во насловот во кој, за разлика од сите други медиуми што објавија информација истиот ден поврзан со појавата на бактеријата, е единствениот

Рецензија: Дипломатите не одговараат на непристојни прашања: „Заушка за Жижи“, американска шлаканица за СДСМ!

на 23. 07. 2014 | |
Предмет на рецензијава е напис кој ниту по еден основ не може да се набљудува како новинарски текст, иако е објавен во рубриката „Вести од Македонија“ и „камуфлиран“ во извештај од прес-конференција на Викторија Нуланд, американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски работи, на Македонија. На прв поглед очигледно е зошто: веќе самата „опрема“ на текстот – насловот и илустрацијата упатуваат на вистинските мотиви зад пласирањето на вакво „писание“, а тоа е отворен напад и дискредитација, без никакви огради или призвук на објективност, на колега-новинар од друг медиум, а преку неговиот грб оцрнување и потсмев упатени на адреса на опозицијата. Написот, всушност, не содржи ниту една информација, па дури ни шпекулација поврзана со она што се случувало на прес-конференцијата на

Рецензија: Општина Центар: Усвоени ДУП-oвите за локалитетите Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно

на 23. 07. 2014 | |
Пример за манипулација при информирање. Пренесена е вест која е непрецизна, или поточно, во основа не е докрај вистинита, пласирана е без да се извршат дополнителни проверки во законската регулатива, а, што е најстрашно, на јавноста ѝ се сервира како да станува збор за информација издадена и потврдена од засегната институција. Линк до оригиналниот напис: Општина Центар: Усвоени ДУП-oвите за локалитетите Тасино Чешмиче и Капиштец-Водно Датум и време на објавување: 18.07.2014, 19:54 Датум на рецензирање: 21.07.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

НОВИНАРСТВО „БРЗО НА ЧКРАПАЛО“

Избрзаност и новинарско “излетување“ го одликуваат овој текст. Но, тоа во никој случај не ја намалува неговата неодговорност кон јавноста, која поради него, е изманипулирана и дезинформирана. Значи, да расчистиме проблематичните ДУП-ови за Центар не се

Рецензија: Тодоров преку јапонската „кајзен“ метода ќе ја анализира Очната клиника

на 22. 07. 2014 | |
Секако дека пациентите се заинтересирани да влезат во простори каде има систем кој функционира и каде, пред сѐ, ќе добијат квалитетна и што понавремена услуга, во случајот за својот вид. Но дали тие очекувања имаат врска со методата која ја наведува министерот (јапонската кајзен метода) ? Линк до оригиналниот напис: Тодоров преку јапонската „кајзен“ метода ќе ја анализира Очната клиника Датум и време на објавување: 20.07.2014, 16:26 Датум на рецензирање:21.07.2014 Рецензент:Љубомир Костовски
„Тодоров преку јапонската ’кајзен’ метода ќе ја анализира Очната клиника
Како функционира системот за плаќање по успешност на скопската офталмолошка клиника, односно дали внесените податоци се совпаѓаат со сработеното ќе проверува министерот за здравство Никола Тодоров. Тој заедно со тим од стручни соработници од утре во следните 5

Рецензија: Собранието ги донесе измените на Уставот

на 22. 07. 2014 | |
Текстот што го рецензираме, преку насловот: „Собранието ги усвои измените на Уставот“, фактички, во јавноста  пренесува невистинита  информација: парламентот на седницата одржана на 16.07.2014 донесе Одлука за пристапување кон измена на Уставот. Или, поедноставно кажано даде согласност да започнат уставните измени, со кои, меѓу другото, бракот се дефинира како заедница меѓу маж и жена. Линк до оригиналниот напис: Собранието ги донесе измените на Уставот Датум и време на објавување: 16.07.2014, 17:24 Датум на рецензирање: 21.07.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ГРЕШКА

Текстот се повикува на  на собраниската седница од 16 јули, на која  со двотретинско мнозинство беше изгласана Одлуката за пристапување кон измена на Уставот. Во него е наведено и дека тоа го констатирал претседателот на  Собранието, кој посочил дека  Одлуката