Рецензии

Рецензија: Во Рио де Жанеиро се родило бебе на чии раце пишувало Исус се враќа

на 18. 08. 2014 | |
На многу луѓе им е мака да гледаат по втор пат ист филм. Некои не можеш да ги натераш по втор пат да читаат ист роман. А да слушнеш бајата вест? И тоа бајаги стара – едно седум години!? Тоа гледачите на оваа вест можеа да го искусат деновиве – сеедно што е стара, дај те ја ваму, си рекле уредниците, иако е еднаш објавена во ноември 2007 година, ама е интересна! Линк до оригиналниот напис: Во Рио де Жанеиро се родило бебе на чии раце пишувало Исус се враќа Датум и време на објавување: 13. 08. 2014, 15:32 Датум на рецензирање: 15.08.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Во предградието Итагуа на бразилскиот град Рио де Жанеиро на 15 јуни 2007 година

Рецензија: Шок за фановите: Тара Рид изгледа страшно!

на 18. 08. 2014 | | sq
Колку една актерска ѕвезда треба да ослаби, да се здебели, остари или да има запуштен изглед, за да им се соопшти на читателите дека изгледа страшно? Згора на тоа, ако истата актерка сама си поставува фотографии на социјалните мрежи, од каде им право на медиумите да пресудат дека на нив изгледа страшно или недостојно на посакуваниот имиџ? Секако, со тој суд и да се повикаат читателите да кликнат на веста… Линк до оригиналниот напис: Шок за фановите: Тара Рид изгледа страшно! Датум и време на објавување: 16.08.2014 Датум на рецензирање: 17.08.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Обично се вели дека фактите се светост. Но, кој може да си ја преземе улогата на поголем „светец“, па врз основа на споредба на неколку актуелни

Рецензија: Видео: Дали да одите на второ дете? Малата сестричка го дава одговорот

на 18. 08. 2014 | |
Злоупотреба на семејно видео од домашна архива закачено на социјалните мрежи. Така накусо би можело да се окарактеризира ова „новинарско дело“ кое ѝ се пласира на домашната публика. Понудениот проект, кој очигледно е од плакарот за „семејно планирање“, не само што претставува искривување на основниот видео материјал врз кој се потпира, туку е и своевидна инвазија на приватноста и „суфлирање“ за животни прашања за кои, барем според мене, треба да решаваат само оние кои се засегнати од нив. Не се потребни квази-новинарски текстови да ја „доловуваат“ убавината на родителството. Линк до оригиналниот напис: Видео: Дали да одите на второ дете? Малата сестричка го дава одговорот Датум и време на објавување: 14.08.2014, 10:21 Датум на рецензирање: 17.08.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

Рецензија: Мизо: Извозот во јули достигна 100 милиони евра

на 18. 08. 2014 | | sq
Главен проблем со овој текст е насловот. Тој е резултат на малку мислење и голема желба за пристрасност. Остатокот на текстот/прилогот не е проблем. Напротив, тој нѐ запознава со тоа до каде се новите најавени странски инвестиции и тоа и повеќе отколку што треба и отколку што би се очекувало во едни вечерни вести, до детали известувајќи за поединечни инвестиции, па дури и за датуми на очекуваните средби со менаџментите на странските инвеститори, но тоа може да се протолкува како уредувачка политика. Насловот, од друга страна, е посебна приказна. Линк до оригиналниот напис: Мизо: Извозот во јули достигна 100 милиони евра Датум и време на објавување: 15.08.2014, 17:16 Датум на рецензирање: 18.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Станува збор за транскрибирано интервју.

Рецензија: ШОКАНТНО: Почна производство на генетски модифицирани луѓе – родени 30 ГМО бебиња!

на 18. 08. 2014 | |
Сѐ почесто се случува медиумите да не внимаваат на датумот на текстот кој го преведуваат, па да се објави напис стар со месеци, па и со години. Некогаш не се ни самите свесни за ваквиот проблем, зашто порталите толку брзо ги „преземаат“ вестите еден од друг што не се знае кој прв почнал. Таков е и овој текст.  Или не се внимавало на веста за тоа колку е стара, или биле во заблуда дека се работи за нешто ново. Сепак, дојдовме до текст кој покажува дека оваа вест е стара ни помалку, ни повеќе, туку цели 13 години. Линк до оригиналниот напис: ШОКАНТНО: Почна производство на генетски модифицирани луѓе – родени 30 ГМО бебиња! Датум и време на објавување: 14.08.2014,

Рецензија: Македонска новинарка ја покажа тангата

на 17. 08. 2014 | |
Пред нас се наоѓа рециклирана фотографија, објавена пред половина година, која се користи како основа за да се пласира крајно сензационалистички текст на кого му недостасува новинарска вредност. Освен тоа, не гледаме никаков јавен интерес во објавувањето на нечии приватни фотографии, „позајмени“ од Фејсбук, без повод и причина, независно од датумот. Ни жанровски написот не припаѓа на „фото-вест“ зашто веста по дефиниција е нешто ново и информативно. Тука го нема ни новото, ни информативното. Напротив, се остава впечаток на вулгарно и сексистичко изложување на коментари на девојка, чија професија на ниеден начин не може да се поврзе со нејзиниот задник. Линк до оригиналниот напис: Македонска новинарка ја покажа тангата Датум и време на објавување: 11.08.2014, 20:33 Датум на рецензирање: 14.08.2014

Рецензија: Каде летуваат македонските новинари?

на 17. 08. 2014 | | sq
Темата за приватноста на јавните личности и јавноста е стара колку и медиумите. Јавните личности отсекогаш се дел од интересот на медиумите, бидејки тие, особено политичките ѕвезди, со влегувањето во оваа професија се согласиле да отстапат дел од својата приватност заради интересот на јавноста. Тоа е начин јавноста да споредува колку декларираните принципи на политичарите ги применуваат и самите тие. Со текот на времето, и новинарите станаа дел од кругот „познати личности“.  Според тоа, ако се земат правилата за тоа што е вредно да биде вест, и нивните активности генерираат информации вредни да бидат вест. Но, дури и тогаш, важат истите правила: веста да не биде селективна, да има некаков јавен интерес, макар и забавен и да бидат коректно пренесени

Пешевски: Се зголемува бројот на туристи во земјава

на 17. 08. 2014 | |
Станува збор за непрецизно изработена вест во која заради непрецизноста на крајот се добива и погрешен впечаток. Исто така, има и премногу слобода во донесувањето на заклучоците, кои не се поткрепени со податоци или евентуално со релевантни компаративни елементи. Ова, пак, веста ја прави пристрасна. Линк до оригиналниот напис: Пешевски: Се зголемува бројот на туристи во земјава Датум и време на објавување: 12.08.2014 17:35 Датум на рецензирање: 14.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитоста на главното тврдење, содржано во првата реченица од веста, е прилично климаво: Се зголемува бројот на странски и домашни туристи во земјава. Кога ова ќе се каже вака резолутно и тврдо, тогаш треба да бид е точно. За жал, многу лесно може да се оквалификува како неточно. Барем

Рецензија: Груевски на одмор во Турција-Заев на тајна локација која за медиумите објавуваат дека е Грција

на 15. 08. 2014 | |
Што е поголема и почеста експонираноста на политичарите и носителите на јавните функции во јавниот живот, тоа е поголем и интересот на новинарите и граѓаните за нивната приватност. Текстот кој го рецензираме го отвора баш тоа прашање, имаат ли политичарите право на приватен живот ? За разлика од европските и светските политичари, приватниот живот на нашите политичари се изнесува во јавност само ако е во функција на политички маркетинг и прикажување на наводната транспарентност пред граѓаните: „Груевски со своето семејство се наоѓа на летен одмор во Република Турција, на покана на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, а во времетрање од 10 дена, почнувајќи од 9 август. Одморот ќе го помине на две места едно во близина на Бодрум, другото

Рецензија: Рускиот хуманитарен конвој влезе во Украина

на 15. 08. 2014 | | sq
Оваа вест е скарана самата со себе. Поточно наднасловот е скаран со насловот, а насловот е скаран со текстот на веста. Едноставно кажано, таа е контрадикторна. Линк до оригиналниот напис:  Рускиот хуманитарен конвој влезе во Украина Датум и време на објавување: 15.08 2014, 07:53 Датум на рецензирање: 15.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Проблем со веста е насловот. Ај што тој не е точен, туку кажува нешто сосема поинакво од она што го кажува телото на веста. Во моментот на објавување на веста хуманитарниот конвој од Русија воопшто не беше влезен во Украина. Не само што не беше влезен, туку и 4 часа по објавувањето на веста (кога е пишувана оваа рецензија) се чекаше да пристигнат украински инспектори за да го прегледаат