Рецензии

Рецензија: Може да ја поткопа приватизацијата на Телеком Словеније

на 27. 08. 2014 | |
Проблемите со веста почнуваат уште од насловот: „Може да ја поткопа приватизацијата на Телеком Словеније“. Комплетно збунувачки. Веста има проблем со содржајноста. Таа отвора многу прашања, можеби и повеќе отколку што одговара. Има многу наводи кои се нејасни, недообјаснети, или, пак, едноставно неодговорени. Линк до оригиналниот напис: Може да ја поткопа приватизацијата на Телеком Словеније Датум и време на објавување: 26.08.2014, 13:45 Датум на рецензирање: 26.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Еве го првиот пасус: „Идеата Телеком Словеније да се подели на сервисен и на инфраструктурен дел би можела да ја загрози постапката за продажба на словенечкиот национален телеком оператор, но и да го забави целиот процес на приватизација во десетина компании во државна сопственост.“ За оваа идеја за реструктуирање

Рецензија: Централниот одбор „донесе“ уште едно неостварено ветување на Заев и на СДСМ

на 27. 08. 2014 | |
  Текстот го одликуваат неколку „моменти“, кои се повеќе од политички, отколку новинарски карактер. На пример, анонимните аналитичари, кои наводно се консултирани, изнесуваат партиски квалификации, а не експертски ставови. Исто така, забележлив е и висок степен на извитоперување на фактичката ситуација во пласираната содржина на што е „залепен“ тенденциозен наслов со што се заокружува сликата за недоследен, некоректен и неаргументиран напис кој секако може да доведе до дезинформација на публиката. Линк до оригиналниот напис: Централниот одбор „донесе“ уште едно неостварено ветување на Заев и на СДСМ Датум и време на објавување: 21.08.2014, 13:40 Датум на рецензирање: 25.08.2014 Рецензент: Владимир Мирчески   АНАЛИЗА ДА, АМА НОВИНАРСКА Дискутабилна, па дури и на ивица да падне – таква е вистинитоста на овој текст.

Гробот на Александар не е тука, ама е тука!

на 26. 08. 2014 | |

[Рецензија на текстот Гробот на Александар е во Македонија, што најдовме во Овче Поле!?]

Текстот што предмет на оваа рецензија е првиот од очекуваната серија текстови со кои ќе отпочне големото ретерирање и спинување на големата утка на епохата, наводната локација на гробот на Александар Велики во близината на Свети Николе, на локалитетот Црнилиште, која со голема помпа и спонзорство на локалната и централната власт (Општина Свети Николе и Министерство за култура), се промовираше пролетта оваа година. Инаку, предлог да се рецензира овој текст ни пристигна од наш читател кој и самиот напиша: „Веќе ретерираат за тврдењата што самите тие, и „истражувачите” и медиумите блиски до власта, ги надуваа како балони.“ Но, тоа е само врв на брегот на надуваните

Рецензија: И за средношколките е подобро на сиромашниот југ

на 26. 08. 2014 | | en
Ова е втор текст со многу сличен наднаслов и повод од ист медиум во период од месец дена. Се работи за обработка на податоци од северот на Европа за силувањето на понежниот пол, односно за сексуалното вознемирување на малолетничките. За вистинитоста на изнесената содржина за Шведска принципелно немаме сомнение, иако фали барем уште некој извор (со оглед дека не се работи за класично интервју со давателот на сознанија). Но, крајно е сомнителен начинот на кој тие сознанија се поврзуваат со состојбите во Македонија. Цел – да се добие впечаток дека кај нас е побезбедно и да се упати порака, која колку и да е невтемелена: немојте да заминувате накај Шведска, особено не со понежниот пол во ваша придружба.
Заради нападите

Рецензија: Еве каде летува премиерот Груевски заедно со своето семејство!

на 26. 08. 2014 | | sq
Основниот проблем со материјалот што го рецензираме е фотографијата. Веста информира дека премиерот го минува одморот со семејството во Турција, а е илустрирана со стара фотографија (2012) од прошетката на премиерот со сопругата и ќеркичките во Зооолошката градина во Скопје. Пропустот особено доаѓа до израз  кога ќе се прочита насловот кој претендира да информира: „Еве каде летува премиерот Груевски заедно со своето семејство!“, а на читателите им се прикажува илустрација од Скопје. Што делува некако глупаво и смешно. Линк до оригиналниот напис: Еве каде летува премиерот Груевски заедно со своето семејство! Датум и време на објавување: 12.08.2014 Датум на рецензирање: 22.08.2014 Рецензент: Оливера Војновска   ФОТОГРАФИЈАТА „БОДЕ“ ОЧИ Веста нема проблеми со вистинитоста, изворите и го задоволува минималното ниво на

Рецензија: (Видео) Снимен вонземајнин: погледнете како вонземјанин спаси човек од сигурна смрт!

на 26. 08. 2014 | |
Во недостаток на информации читателите се подготвени да веруваат на она што им се сервира. Притоа, се прави класична злоупотреба од медиумите врз читателите со тоа што се користат трикови за да ги наседнат и да предизвикаат чудење, шок, или, пак, во екстремни случаи и верување. Ова е текст кој искористува една група луѓе, во западниот свет позната под називот low information voters. Или група која е послабо информирана и и која може да поверува или, пак, да се восхитува на вакви текстови. Преку овој текст се манипулира со луѓето кои немаат доволно информации, што е крајно неетички и неморално. Згора на сѐ, ова нема никакви допирни точки со новинарството и ги крши сите кодекси на новинарите. Значи, текст кој

Рецензија: ИСИС обезглавија американски новинар – уште еден чека на ред

на 25. 08. 2014 | |
Едно од основните прашања кои ги отвора оваа рецензија е дали било неопходно да се пренесат снимки од сурова егзекуција на американскиот новинар Џејмс Фоли за да се разбере суштината на настанот. Секако, не. Тука минималното замаглување во оние секунд-два, кога се случува убиството не се никаква олеснителна околност. Но, кај медиумот преовладала желбата и потребата за сензационализам и „атрактивната“ содржина, па не водејќи сметка за јавноста и дали таа

Рецензија: Ратко Младиќ силуван во затвор!?

на 25. 08. 2014 | | sq
Бог да бие кој прв почна да ги употребува термините „дознаваме“, „од сигурни извори“, „пренесува“… Историјата на новинарството тоа сигурно може да го лоцира, но за тоа друг пат и во друга рубрика. „Миењето раце“ од вистинитоста на информациите, или нешто како Понтиј Пилат во ерата на глобалното (комуникациско) село го има магичниот збор „пренесува“. И, ете, ние сме чисти, а ако не им верувате на информациите, видете кај тие што сме ги пренеле. Лесно се проверува дека изворот е, најмалку речено, дискутабилен… Линк до оригиналниот напис: Ратко Младиќ силуван во затвор!? Датум и време на објавување: 19.08.2014 Датум на рецензирање: 21.08.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Фактите во овој текст не можат да се утврдат. Нивната веродостојност почива на неименуван извор,

Рецензија: Не работи, земај плата и оди на одмор – принципите на СДСМ

на 25. 08. 2014 | |
Ова е текст кој не се базира на вистина, туку на извртување на вистината и спинување. Притоа, нема ниту еден извор или податок кој ќе ги поткрепи неговите тези. Ниту една од тезите не е издржана, почнувајќи од тоа дека пратениците од СДСМ без работа се богатат на државна сметка, до тоа дека летуваат во Грција што за текстот претставува најголемо зло. Овој текст сака да ја омаловажи опозициската партија и преку тоа дека пратениците од стариот состав земаат апанажа, а скриено, на крајот од текстот, во една полуреченица, всушност се демантираат самите себеси: Сепак, власта ја донесе одлуката да им се додели апанажа на пратениците од претходниот состав без исклучок на сите бидејќи се работи за право кое е

Рецензија: КУРИР го допре Милчин во сржта со едноставно прашање – Каде бил на одмор?

на 25. 08. 2014 | |
  „Чудо“ од текст кој претставува продолжение на сагата „Подобните медиуми против неподобните НВО-а и новинари“. Не ми е докрај јасен мотивот да се прави „истражување“ за тоа каде летуваат, како што се вели, опозициските новинари и нивните „спонзори“, бидејќи во основа не ми е јасно што се сака со тоа да се каже. Дали, дека се „предавници“ бидејќи одмораат, на пример, во Грција, се „платеници“ бидејќи медиумите преку кои преживуваат делумно се финансираат од една невладина организација….?! Конечно, зборуваме за луѓе кои заработуваат, работејќи во приватниот сектор, односно не се на државни јасли за оттука да се извлекува клучно прашање „Како се трошат моите пари“. Добро, ако веќе се прави анализа зошто тогаш нема новинарски порив, исто така, „храбро“