Рецензии

Рецензија: Галерија – двојно убиство во Охрид во Хотел Император

на 1. 09. 2014 | |
Предмет на оваа рецензија е кратка вест, која, вклучувајќи го и насловот, е објавена во 10 реда. Но, на толку мал простор има толку грешки кои неопходно е да бидат потенцирани. Првенствено правописни грешки, кои толку паѓаат во очи што секој читател би бил во дилема дали чита вест објавена на медиум, од новинар или станува збор за нечиј статус преземен од Фејсбук во кој не се внимавало на јазичните и технички грешки. Факт е дека лекторите за најголем дел од медиумите се мислена именка, иако се задолжителни, но вакви грешки не би можело да му се простат на било кого, кој пишува или објавува содржини во јавност. Употребата на наводници, на сврзници во реченицата, употреба на мали и големи

Рецензија: ФОТО: Морска сирена пронајдена во Турција

на 1. 09. 2014 | | sq

Сѐ почесто домашните медиуми објавуваат информации преземени од социјалните мрежи кои се целосно непроверени и најчесто невистинити. Таков е случајот и со овој текст за наводна сирена која се „насукала“ на турскиот брег. Написот не само што нема грам точност, туку покажува и целосна новинарска инертност и отсуство на каков било ангажман барем да се направи обид за да се дојде до тоа што е вистина. Не може да се каже „одлучете сами“, бидејќи задача е на новинарот да ги провери информациите кои и ги пласира на јавноста.  Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Морска сирена пронајдена во Турција  Датум и време на објавување: 26.08.2014, 11:18  Датум на рецензирање: 28.08.2014  Рецензент: Владимир Мирчески  

ДАЛИ ИМА НОВИНАРСТВО, ОДЛУЧЕТЕ САМИ!  

„Точноста на

Рецензија: Павлевски: Кинеските компании кои сакаат да инвестираат во Европа, треба тоа да го направат преку Македонија

на 29. 08. 2014 | |
Станува збор за целосно преземена агенциска вест. Целосно, освен насловот, кој е ставен од медиумот чија вест ја рецензираме и е проблематичен. Исто така, иако веста е преземена од агенција, тоа не значи дека таа може некритички да се преобјави и тоа особено во ситуација кога во извештај од меѓународен форум има само една страна и кога соговорникот е донекаде нејасен и се потребни дообјаснувања на неговите изјави. Линк до оригиналниот напис: Павлевски: Кинеските компании кои сакаат да инвестираат во Европа, треба тоа да го направат преку Македонија Датум и време на објавување: 29.08.2014 Датум на рецензирање: 29.08.2014 Рецензент: Владимир Петрески Точно е дека веста задоволува минимум содржајност, но тоа не значи дека голиот минимум е во ред. Станува збор

Медиум спонзорира владина институција со квазиновинарски текст

на 29. 08. 2014 | | sq

[Рецензија: Барате работа? – вработете се во македонското МВР]

Еден од основните, темелни принципи на слободното, неутрално новинарство, е дека ќе биде „куче чувар“, контролор на власта, зашто било која власт да го има мандатот, да управува во одреден период, го добила од народот и дека новинарите се тие кои во името на народот ќе бараат отчет и одговорност за политиките за кои некој добил одобрување да „владее“. Тоа е толку важна улога на новинарите и медиумите, што дури е наведено во преамбулата на новинарскиот „устав“ – Кодексот на новинарите: „… новинарите … ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.“ Но, како да му верувате на некој

Рецензија: Со овој статус на Фејсбук Сергеј Варошлија ја шокираше јавноста

на 29. 08. 2014 | | sq
Кусата вест што ја рецензираме делува  збунувачки.  Се состои  само од две реченици, озаглавена е со наслов: „Со овој статус на Фејсбук Сергеј Варошлија ја шокираше јавноста“, а како илустрација е употребен скриншот од постот на актерот Тони Михајловски! Така што, читателите не може да разберат каква „шокантна“ објава имал на Фејсбук познатиот стилист. Линк до оригиналниот напис: Со овој статус на Фејсбук Сергеј Варошлија ја шокираше јавноста Датум и време на објавување: 24.08.2014, 14:07 Датум на рецензирање: 27.08.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

ЛОШО ПРЕПИШАНА ВЕСТ

Како единствен извор на информации е посочен  статус на Фејсбук. Намерата на медиумот веројатно била да информира дека стилистот преку својот ФБ профил им испратил порака на оние кои, наводно, пуштаат гласини дека

Рецензија: ОКТА: Значително подобрување на резултатите од вториот квартал на годината

на 28. 08. 2014 | |
Оваа вест е жив хаос. Таа бездруго функционира по принципот да се збуни непријателот (или читателот – што во оваа вест е едно те исто) да не знае што го снашло за полесно да се изманипулира. Веста, инаку, претставува соопштение на компанијата за нејзините финансиски резултати и тоа многу повеќе внесува забуна, отколку што разјаснува било што. Еве само извадок од кластерот на вести за финансиските резултати на ОКТА од еден од агрегаторите. Кога човек ќе ги види овие комплетно спротивставени наслови останува збунет: има ли загуби ОКТА или нема, има ли подобри резултати или нема, зошто се спомнуваат на едно место шест месеци, а на друго место квартали. Комплетен хаос! Линк до оригиналниот напис: ОКТА: Значително подобрување на резултатите

Рецензија: Ова се тројца најдобри стилисти во Македонија

на 28. 08. 2014 | | sq
Во поплава на информации од политика и црна хроника, новинарскиот производ кој го рецензираме претставува право освежување, посебно што станува збор за фотосесија на тројца најпознати стилисти и фризери во Македонија. Тематски ова може да се сврсти во мода, естрада, модни трендови. Проблемот во текстот е што медиумот не ги претставил како најпознати, што е општо прифатено мислење, туку како најдобрите, а тоа со ништо него поткрепил. „Александар Билјановски-Дадар, Сретен Костиќ од студио „Арт“ и Љупчо Петрушевски-Бубе од студио „Ин“ се најдобрите стилисти кај нас кои со години ја разубавуваат македонската естрада. Линк до оригиналниот напис: Ова се тројцата најдобри стилисти во Македонија Датум и време на објавување: 26.08.2014 11:31 Датум на рецензирање: 27.08.2014 Рецензент: Александар Писарев  

КАДЕ Е

Рецензија: Маскирани разбојници го однесоа дневниот промет од обложувалница „Спорт Лајф“, во Ѓ. Петров

на 28. 08. 2014 | | sq
Кој брза – тој и греши. Но, кој не си ги поправа грешките од брзањето, ја дезинформира публиката. Оваа „равенка“ некогаш доведува до комични ситуации, па, така, насловот и поднасловот тврдат едно, а подолу во текстот стојат други информации. А, се работи за текст од „цели“ две реченици. Линк до оригиналниот напис: Маскирани разбојници го однесоа дневниот промет од обложувалница „Спорт Лајф“, во Ѓ. Петров Датум и време на објавување: 26.08.2014 Датум на рецензирање: 27.08.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Навистина, што е вистината во овој текст? Најпрвин во насловот и поднасловот текстот категорично тврди дека е ограбен дневниот промет од една обложуалница: „Две маскирани и вооружени лица од вработениот во спортската обложувалница Спорт Лајф на ул. Ѓорче Петров го одзеле целиот

Рецензија: Србија ѝ рече не на ЕУ, Македонија нема став

на 27. 08. 2014 | |
На навистина ударно место е сместен овој напис за односот кон ембарго-војната меѓу ЕУ и Русија. Со насловот и со пристапот се подвлекува дека нашиот северен сосед имал „машки став“ кон Брисел и одлучил да се омасти, ако може, од ембаргото кое Москва го вовела кон увозот на храна од земјите на Унијата. Таквиот став, пред сѐ, не е точен, бидејќи Унијата е задоволна од одговорот на Белград кон нејзините барања, потоа не го зема предвид нашиот никаков извоз и досега во Русија и скромните ресурси кои од наша страна кој знае и дали воопшто бараат „став“ по ова прашање. Линк до оригиналниот напис: Србија ѝ рече не на ЕУ, Македонија нема став Датум и време на објавување: 23.08.2014, 06:56

Рецензија: Убиецот на Лука “брка“ девојки во Будва?!

на 27. 08. 2014 | | sq
Читателите на Сервисот за проверка на фактите од медиумите се сѐ поактивни. Она што е посебно за истакнување е дека тие реагираат на разнолични грешки и непрофесионални постапки на новинарите, а не само на најатрактивните содржини. Овој пат еден наш читател реагира на една вест од оние од регионот или од светот, кои нашите портали ги обработуваат на несоодветен начин и во насловницата создаваат илузија дека се работи за настани и личности од „наше маало“. Затоа, нашиот читател предлогот за рецензија го образложува на овој начин: “….како сите ние со тој Лука да сме другари од маало, па мора да го знаеме по име. Толку се шашардисани во имитирањето на српските таблоиди што имаат изгубено осет дека на луѓето во