Рецензии

Рецензија: Спорот за наследство траел 43 години и не е во Македонија

на 4. 09. 2014 | | sq
Дали можете да погодите која била мотивацијата за да се напише овој новинарски текст? Медиумски малку поеманципираниот читател веднаш ќе ви каже дека прашањето е беспредметно зашто мотивот за овој текст се гледа уште во неговиот наслов „Спорот за наследство траел 43 години и не е во Македонија“. Овој наслов, кој навидум иронизира, всушност гласно порачува од насловната страница на весникот дека нашата земја не е најтапа во однос на должината на судските спорови. Имало и бетер. И целиот текст е во тој дух. Една реченица во него вели: „До правда и првостепена пресуда тешко се доаѓа и во државите на Европската Унија, од каде што доаѓаат и најголемите критики за бавното и неефикасно македонско судство.“ Значи, овој

Рецензија: Си беше еднаш една Ана… (фото)

на 4. 09. 2014 | | sq
Основната дилема е зошто ова заслужува да се најде во медиум и каква порака треба да пренесе? И членот 15 од Кодексот на новинари налага дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.  Линк до оригиналниот напис:  Си беше еднаш една Ана… (фото) Датум и време на објавување: 18.08.2014 Датум на рецензирање: 20.08.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Иако во случајов, се пренесува вулгарна порака без никаква поента, сепак, мора да се стави до знаење дека пренесувањето на информацијата од старт значи позиционирање на медиумот кон некоја појава во општеството. Во спротивно, не би постоела разлика меѓу она што го

Рецензија: Ужас: рачна бомба во основно училиште

на 3. 09. 2014 | | sq
На првиот училишен ден, веројатно кога сите родители кои имаат школски деца се преокупирани со новата учебна година, поставена е оваа вест која треба да ги „расони“, односно да им го привлече вниманието токму со шокот кој е исклучиво врзан за денот на објавувањето. Кога таа вест би била објавена подоцна или порано, не би предизвикала толкаво внимание, а дури и во самата Србија, од чии медиуми е преземена, по проверката се гледа дека таа ни одблизу немала таков третман како кај нас?! Линк до оригиналниот напис: Ужас: рачна бомба во основно училиште Датум и време на објавување: 01.09.2014 12:15 Датум на рецензирање: 02.09.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „На првиот училишен ден во селото Брезна, Горно Милановце во Србија е пронајдена

Рецензија: “Де жа ву“ во Капитол ги затвори маалските кафулиња

на 3. 09. 2014 | | sq
Се случува ли некоја вест да биде толку рекламно настроена, што дури може и да му засмета на оној што се глорификува? Можеби ова е тој случај: новиот кафе-ресторан станал многу популарен, што изгледа дека е небитно што и неговиот назив е погрешно транскрибиран. Францускиот термин „déjà vu“ се транскрибира како „дежа ву“ (веќе видено). Освен ако не се работи за намерна грешка, односно игра на зборови. Но, во текстот нема фотографија од логото на ресторанот, за да се утврди евентуалната разлика. Линк до оригиналниот напис: „Де жа ву“ во Капитол ги затвори маалските кафулиња Датум и време на објавување: 30.08.2014 Датум на рецензирање: 02.09.2014 Рецензент: Стојан Синадинов Не може да се утврди дали фактите во овој текст се точни,

Рецензија: Убиец-мочко: Убиецот на Лука се помочал во гаќи пред полицијата

на 3. 09. 2014 | |
Случајот со убиството на младиот Лука Јовановиќ од Белград, кого непознат возач го прегазил, а потоа избегал, веќе извесно време се следи како од српските, така и од останатите балкански медиуми, а за него се пишува и во македонските. Со оглед дека се работи за настан кој во континуитет генерира случувања, нови моменти од истрагата, потера по осомничениот и слично, следењето од страна на медиумите продуцира вести во низа. Логично е да се очекува дека медиумите ги познаваат правилата за пишување на вести во низа, но веста која е предмет на оваа рецензија тие правила слабо ги почитува, а тоа ни од далеку не е единствениот проблем. При пишувањето на веста во низа, правило е дека најновиот момент секогаш е

Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Сите иматели на бугарски пасоши од Македонија ќе треба или да служат војска или дебело да платат!

на 3. 09. 2014 | | sq
Последните денови од август, од засега непознати причини, одреден број медиуми во Македонија објавија информација која, наводно, ја презеле од бугарките медиуми, или пренесуваат ненаведени извори, дека имателите на бугарски пасоши како основ за второ државјнаство ќе треба да служат војска или да платат надомест за ослободување од оваа обврска ви висина од 2.000 лева, односно, 1.000 евра. Оваа информација не ја потврди ниту една државна институција на соседна Бугарија, а дел од бугарските медиуми известија дека оваа информација е лага и искористија да додадат дека ова е дел од пропагандата на Република Македонија против оваа членка на ЕУ. Оваа рецензија, во исто време, е резултат и на предлог на наш читател кој на местото за предлози за рецензија на

Рецензија: Домашни и странски туристи го наполнија Смилевскиот музеј

на 3. 09. 2014 | |
Во Кодексот на новинари се вели: Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со членот 16 од Уставот на Република Македонија. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни. И во член 1 стои: Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.
Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што

Како Денот на трудот стана „ден на породувањето“

на 2. 09. 2014 | |

[Рецензија: Познати дами кои се во блажена состојба!]

Оваа вест е веројатно еден од најдобрите примери зошто новинарите треба да имаат широки општи познавања од најразлични области. Овде добро ќе дошле токму такви познавања од историјата на работничките движења и трудот, синдикалната и политичката историја на преминот од 19-иот во 20-оит век, англискиот јазик, лингвистиката и граматиката и слично. Без широки познавања, кога некој е сигурен дека нешто знае, а тоа е, сепак, погрешно, не помага ни Гугл, оти инстинктот за проверка е помал од самоуверноста дека нешто „сигурно се знае“. Забуната доаѓа од фактот што имаме еден збор со две сосема различни значења (хомоними: хомофони и хомографи). Поконкретно, станува збор за англискиот збор labor, кој може да има

Рецензија: ИГЕНЕА тврди според ДНК анализите Македонците слични со Србите и Грците

на 1. 09. 2014 | |
Истражувањето на швајцарскиот институт ИГЕНЕА за генетското потекло на народите малку-малку па ќе изнедри серија на прилози и текстови по македонските медиуми. За тоа е пишувано и порано (како пример да наведеме еден текст од 2009 година). Ваквите написи будат, пред сѐ, скепса во однос на веродостојноста и воопшто можноста да се утврдат корените на било која нација, но, се чини дека поплавата на текстови од истражување, кое е старо речиси десет години, е како еден вид на вирусна инфекција која нѐ зафаќа барем неколку пати годишно. Линк до оригиналниот напис: ИГЕНЕА тврди според ДНК анализите Македонците слични со Србите и Грците Датум и време на објавување: 26.08.2014 Датум на рецензирање: 30.08.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „Швајцарскиот институт ИГЕНЕА над десет

Текст од спротивната страна на вистината

на 1. 09. 2014 | |

[Рецензија: Студен туш за СДСМ од Берлин]

Материјалот со спинерски наслов: „Студен туш за СДСМ од Берлин“ манипулира со пораките од завршниот документ на Конференцијата за Западен Балкан што се одржа во Берлин. Поточно,  прилогот се фокусира на една од 18-те точки, или, попрецизно кажано, само на фрагмент од 11–от заклучок каде се споменува опозицијата. Но, ова парче погрешно се преведува. Сепак, видливо е дека не станува збор за