Рецензии

Рецензија: Како ја трошат пензијата познатите политичари?

на 12. 09. 2014 | | sq
Понекогаш македонските медиуми наликуваат на оние автомати за безбол топчиња, кои еден ист „производ“ го исфрлаат на сите страни. Празничните изданија, оние од 8 Септември, на порталите и телевизиите со многу мали исклучоци и со дребни измени кај насловот и должината на текстот, пренесоа содржина преземена од исто место, а која се однесува на тоа што прават политичарите кај нас кога се во пензија и се прави некаков обид тие да се споредуваат со големите имиња од светската политика. Нејасна цел, лоши споредби, преполни со незнаења (или едноставно спин) за функциите и начините на кои се наплатуваат услугите во современата политика, а, згора на тоа, пак, се прави споредба само со еден вистински политичар-пензионер! Малку за множина и сосема недоволно

Рецензија: WANTED

на 12. 09. 2014 | |
Ова „новинарство“ како од Дивиот Запад, кога за правото и правдата одлучувал како кој ќе му текне, ни се случи деновиве. Иако ова што е објавено нема никакви допирни точки со еден вообичаен новинарски текст, стана предмет на нашата рецензија зашто е објавен во стандардната рубрика МАКЕДОНИЈА, а не во платени огласи, и како таков прекрши повеќе членови на Кодексот на новинарите и други етички и професионални новинарски стандарди. Од

Рецензија: Продолжува агонијата во СДСМ

на 12. 09. 2014 | |
Овој текст претставува едно од продолженијата на хајката против СДСМ и нејзиното раководство, а кои како мотив го имаат судскиот процес против Зоран Заев. Притоа, главниот напад е насочен кон лидерот на СДСМ, наметнувајќи тези дека тој е скаран со сите околу него. Текстот нуди анонимни „партиски извори“, кои не се знае ниту од каде се, ниту зошто се. Понатаму, тој се „зајакнува“ со познавачите за на крајот епохално да заклучи дека СДСМ сам себе се убил. Линк до оригиналниот напис: Продолжува агонијата во СДСМ Датум и време на објавување: 06.09.12:28 Датум на рецензирање: 08.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ГОЛЕМИ ПРОПУСТИ

Овој текст не нуди никакви аргументи и сериозни информации. Располага со партиски извори кои тврдат дека во СДСМ секој

И Пјонгјанг поцрвене од фалбите искажани во негово име

на 9. 09. 2014 | |
[Рецензија: ВИДЕО: Нецензуриранa снимка од Северна Кореја- ќе останете без зборови] Веќе, се стаписавме од што останавме без зборови. Толку многу занемевме и толку многу сме вчудовидени што, еве, мене ми се здрвија прстите и едвај пишувам на тастатурава, да ви кажам „најискрено“. Станува збор за текст на кој не може да му се најде „ни глава ни опашка“, што би се рекло. Од една страна се кажува дека станува збор за „земја каде што сексуалното злоупотребување на децата од страна на луѓе вработени во државни институции било секојдневно“, а од друга страна се вели дека „со ова нецензурирано видео се прикажува една сосема поинаква слика за Северна Кореја“, зашто облакодерите го имале

Рецензија: Во Велес пронајдени јагленосани 150 мигранти

на 9. 09. 2014 | | sq
Основна функција на новинарството е да информира, точно, прецизно, навремено. Рецензираме информација која покажува како изгледа пропуштена шанса сопствената читателска публика да биде информирана точно, навремено, што е можно подетално и квалитетно. Веста за 150 сириски емигранти, скриени во железнички вагон со јаглен, пронајдени од полицијата во Велес, беше една од вестите на денот. Медиумите побрзаа да испратат свои екипи и да ја покријат сторијата за измачените бегалци од сириската војна, кои на ваков начин тргнале на пат кон подобар живот некаде во Европа. Во текот на тој ден, а посебно наредниот, пристигнуваа дополнети верзии на првичните информации за настанот, во кои имаше искази на дел од емигрантите, став на Министерството за внатрешни работи, детали за тоа колку Сиријците ги

Рецензија: ХРВ: „Златна зора“ одработува за Русија, сака да го спречи проширувањето на НАТО (ДПЛ)

на 9. 09. 2014 | | sq
Ова не може и не треба да помине. Агенцијата што себе си се смета за државна новинска агенција, не смее да си дозволи вакво нешто – да го погреши името на организацијата чиј документ им послужил за вест. Тоа е само една, но тешка материјална грешка. Линк до оригиналниот напис:  ХРВ: „Златна зора“ одработува за Русија, сака да го спречи проширувањето на НАТО (ДПЛ) Датум и време на објавување: 18.08.2014, 13.44 Датум на рецензирање: 05.09.2014 Рецензент: Зоран Бојаровски Државната новинска агенција напишала вест, а потоа десетина медиуми ја пренесоа, а со тоа и материјалната грешка дека извештајот „Ние не сме нацисти, но… Подемот на партиите на омраза во Унгарија и Грција и зошто Америка треба да биде загрижена“ го направила

Рецензија: Заев сам се матираше, сега бара виновници

на 9. 09. 2014 | |
Ова е текст кој сака да инструира приказна за наводна кавга во СДСМ или помеѓу адвокатскиот тим и лидерот на партијата за „лошо водена одбрана“. Притоа, посочени се „според нашите извори“ без никаква поблиско определување дали се од структурата на партијата или, пак, од адвокатскиот тим. Затоа, тешко може да му се верува на „збор“ на овој текст. Згора на сѐ, подоцна текстот шири невистини, затскривајќи се зад „познавачите“. Поради тоа е и неиздржан и недокажлив, па затоа и денеска е на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Заев сам се матираше, сега бара виновници Датум и време на објавување: 03.09.2014, 10:47 Датум на рецензирање: 05.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДЕМАНТИРАНИ ГЛАСИНИ

По сѐ поизвесниoт епилог од судкиот процес каде Заев

Рецензија: Заев се премисли за Македонска банка

на 9. 09. 2014 | | sq
Текстот „Заев се премисли за Македонска банка“, не ја пренесува објективно атмосферата од судницата во Основниот суд Скопје 2 за случајот за навреда и клевета што го поведе премиерот против лидерот на опозицијата. Насловот и првата реченица од написот: „За време на денешното судење лидерот на СДСМ, Зоран Заев целосно се повлече од тврдењата дека премиерот Никола Груевски бил дел од корупција во купување на акции од Македонска банка“, прозвучуваат како претседателот на социјалдемократите да го сменил мислењето за тоа дека своевремено е направен наводен криминал со продажбата на „Македонска банка“. Се добива впечаток како Заев да отстапил од обвинувањата дека премиерот во почетокот на 2004 година, наводно,  бил инволвиран во „коруптувна афера од 1,5 милиони евра во кеш“.

Рецензија: Газда Нини ги попари социјалдемократите за Македонска Банка – Не го познавам Груевски

на 9. 09. 2014 | |
  Велат дека во правото се читаат дури и точките и запирките. Тоа значи дека станува збор за материја на која мора да ѝ се пристапи многу претпазливо и да се внимава и на најситните детали. Истото треба да важи и за новинарството, барем она вистинското, кое се занимава со оваа тема, бидејќи не може на нешто што е многу прецизно да му се пристапи несмасно. Токму таков невешт облик на „известување“ од едно судење се забележува во овој текст. Како поинаку да се разбере отсуството на клучни елементи од судската приказна во процесот Груевески vs. Заев. Би било добро објаснувањето да беше дека тоа е само поради неукост!!! Линк до оригиналниот напис: Газда Нини ги попари социјалдемократите за Македонска

Рецензија: Хрватска најзадолжена земја во регионот

на 4. 09. 2014 | | sq
Сервисот за проверка на факти во медиумите (СПФМ) во своите рецензии по правило не прави споредби меѓу различни вести и не анализира групи на вести. Ваквите споредби и следења на појави и трендови во вестите и новинарската професија пошироко се прави во рубриката Анализи. Но, овде мораме да се оддалечиме од ова методолошко правило и да потенцираме дека се работи за наменска вест, објавена со цел да потисне една друга, далеку поважна вест и истовремено да ја стави на втор план. Настрана фактот, пак, што овде се соочуваме со добро познатата појава на собирање „баби и жаби“ и тоа и во оригиналната вест на Слободна Босна и во оваа која ја рецензираме овде. Линк до оригиналниот напис: Хрватска најзадолжена земја