Рецензии

Рецензија: Министерот Спасов открил дека книги може да се читаат и со слушање

на 30. 09. 2014 | | sq
Ова е текст кој е изваден од соопштение од  Министерството за труд и социјална политика, со кое се сакало да се пошегува на сметка на министерот Диме Спасов. Aко се прочита изјавата од соопштението од Министерството за труд и социјална политика и насловот на овој текст, веднаш се заклучува дека тој е ставен несмасно. Причината е поради тоа што насловот не соодветствува со вистината. Најмногу и поради тоа овој текст е денеска тука за рецензија. Линк до оригиналниот напис: Министерот Спасов открил дека книги може да се читаат и со слушање Датум и време на објавување: 25.09.2014, 13:19 Датум на рецензирање: 28.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ЕДНО ВО ТЕКСТОТ, ДРУГО ВО НАСЛОВОТ

Во текстот стои: „Спасов на почетокот нагласи дека

Рецензија: УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на…

на 29. 09. 2014 | | sq
Насловната конструкција напишана во сензационалистички манир: „УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на…“,  е основниот проблем на оваа куса вест. Линк до оригиналниот напис: УТРОВО ДРАМА: Се запали викендицата на… Датум и време на објавување: 27.09.2014, 12:48 Датум на рецензирање: 27.09.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

НИТУ „Д“ ОД ДРАМАТА

Во веста нема ниту „Д“ од драмата што се најавува во насловот. Материјалот се темели на дневниот полициски извештај и податоците од него се точно пренесени. Фактички, тој е целосно препишан и тоа заедно со словната грешка „повреденни“. Петте реченици, од колку што се состои написот, немаат никаква доработка. И, иако не e спорно дека е користен билтенот од веб – страницата на Министерството за внатрешни работи, сепак, не морало буквално

Рецензија: Приказни од бурниот холивудски живот на Хеди Рамковски, синот на медиумскиот магнат Велија

на 29. 09. 2014 | |
На текстот може да му позавиди и сценарист за порно филмови. На несериозен, површен начин, недокументиран и, се разбира, без никаков извор, се опишува живот на еден човек кој се бара со меѓународна потерница. Поголемо внимание во текстот е обрнато на деталните, сочни описи, одошто на фактот како ќе се постигне степенот на веродостојност на изнесените информации. Дури и дискурсот е отворено несериозен, почнувајќи од зборот „приказни“ во насловот. Целиот текст е напишан по принципот на кафеанско озборување. Линк до оригиналниот напис: Приказни од бурниот холивудски живот на Хеди Рамковски, синот на медиумскиот магнат Велија Датум и време на објавување: 19.09.2014, 11:14 Датум на рецензирање:23.09.2014 Рецензент:Мирослава Бурнс Како би можело да се каже дека било што во овој текст е

Рецензија: Кампањата за безбедност во сообраќајот ја намали бројката на прекршоци

на 29. 09. 2014 | |
Во време кога оној кој ги води официјалните политики е опкружен со многу советници и извршители од областа на пропагандата, не е чудно некои од нив да се судираат во своите содржини и да се спротивставуваат во „сознанијата“ и наводните факти до кои се држат. Оваа телевизијата неодамна објави пофалба за кампањата за безбедност која подолго време, барем три-четири месеци наназад ја спроведува министерката Јанкуловска, главно преку ноќно делење на летоци со своевидни „опомени“ на возачите или укажувања како треба да се управува со моторно возило. И овој прилог треба да докаже дека токму нејзиниот приод кон сообраќајната култура дава резултат и директно влијаел на намалување на бројот на прекршоците. Од друга страна, сведоци сме на написи кои говорат дека

Рецензија: Што сакаше да каже Денко Малески?!?

на 29. 09. 2014 | |
Интересен е текстот што во својот наслов поставува прашање „Што сакаше да каже Денко Малески?!?“, а не дава одговор. Текстот ниту демантира, ниту докажува дека е нешто спорно во изјавата на Малески. Напротив, не сакајки ја потврдува тезата на Малески, кој истакнува дека Американците укажуваат на суштината на проблемот: тој не е во името, туку во идентитетот. Му се допаѓало тое некому или не. Уште повеќе, што, како што наведува Малески, Американците, вклучувајќи го и новоименуваниот амабасадор во Република Македонија, Џес Бејли, мнозинското население во нашата држава го препознаваат како етникум со словенски корени. Така учат во САД. Тоа што деканот на универзитетот Јејл, господин Стерлинг, за време на посетата на нашиот претседател на оваа восокообразовна институција рекол

Рецензија: Македонија лидер во е-здравство

на 29. 09. 2014 | |
Станува збор за еден од оние текстови кои Македонија ја претставуваат како лидер во регионот (по индексот на економски слободи, во инвстиции во инфрстаструктурата, во водење бизнис, во производство на алтернативна енергија, во ИТ индустријата, во иновативност, во борбата против трговија со луѓе, во здравствените реформи, економски лидер…) Овој пат сме регионани лидери во е-здравството и тоа на јавноста ѝ се соопштува уште во насловот. Што, сепак, делува претенциозно,  дотолку повеќе, што во телото на веста не може да се прочита кој ја дава ваквата оценка и врз основа на кои критериуми. Па, се добива впечаток дека таа е инспирирана од поривот да бидеме лидери во сѐ . Линк до оригиналниот напис: Македонија лидер во е-здравство Датум и време на

Рецензија: Хит на фејсбук: Новата фонтана во скопско Влае

на 26. 09. 2014 | |
Фоторепортерите секогаш се обидуваат да да „уловат“ моменти кои се визуелно привлечни за читателите. Рецензираме една таква фото вест, на чија фотографија се гледа вол во градска фонтана и тројца мажи како се обидуваат да го извлечат од водата. Навистина интересна фото-вест. Па, зошто тогаш ѝ даваме негативна рецензија. Линк до оригиналниот напис: Хит на фејсбук: Новата фонтана во скопско Влае Датум и време на објавување: 24.09.2014 15:41 Датум на рецензирање: 25.09.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ФОТОГРАФИЈА МОРА ДА БИДЕ ТОЧНА

Иасто како и секоја вест, или информација, и фотографијата или фотовеста мора да ја прикажува и долови вистината. Луѓето сакаат фотографии, ги паметат, тие им се разбирливи, тие се „една слика-илјада зборови“. Затоа, фотографијата мора да биде точна. Таа

Рецензија: Дали 92-те милиони евра од СОРОС завршиле во приватни џебови?!

на 26. 09. 2014 | |
Текстот кој е предмет на рецензијата има два големи проблеми – тој поставува прашање на кое не дава одговор, а како аргументација ја користи имотната состојба на одредени опозициски ориентирани личности, кои иако биле „најголеми критичари и постојано обвинуваат за недемократија и диктатура сосема солидно заработуваат и живеат натрпосечен живот во споредба со сите останати граѓани“. Во најмала рака зачудува загриженоста, која е лајт-мотив на целиот напис, каде и како се трошеле парите на фондацијата, чијшто основач и донатор е странско приватно лице – Џорџ Сорос, а тоа значи дека не се работи за државни, јавни, туку приватни парични средства. Посебно кога ниту основачот, ниту, пак, државата досега не нашле какви и да се неправилности во финансиското работење на фондацијата,

Рецензија: СРАМОТА: СОНК во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството тргна да ги манипулира децата

на 26. 09. 2014 | |
Штрајкбрехерски текст со силна доза на спин. Написот претставува камче во медиумскиот мозаик чија цел, најверојатно e, да се поткопа најавениот штрајк на СОНК. Пример за неразбирливо инволвирање и зафаќање страна за материја која е уредена со Уставот на Република Македонија. Попрецизно, овој производ се занимава со сѐ, само не со она што би требало да биде негова главна задача – да ја информира јавноста. Линк до оригиналниот напис: СРАМОТА: СОНК во немоќ да се справи со незадоволните професори од раководството тргна да ги манипулира децата Датум и време на објавување: 24.09.2014, 15:49 Датум на рецензирање: 25.09.2014 Рецензент: Владимир Мирчески  

СО СВЕЌА ДА СЕ БАРА ВИСТИНИТОСТ

Извртувањето на вистината е на високо ниво. Се искористува, или ако сакате, злоупотребува

Рецензија: Се пролеа крв на скопските улици – 14 сообраќајки за еден ден

на 26. 09. 2014 | | sq
Ова е текст за тоа како не треба да се пласира наслов. Најнапред поради тоа што е неточен. Желбата за повеќе кликови и читања навистина е голема кај повеќете портали, посебно последните години, што се должи на големата конкуренција, но мора да се запазат новинарските стандарди, а тоа е да се известува објективно и вистинито, што во овој текст не е сторено, затоа е и денеска на рецензија. Линк до оригиналниот напис: Се пролеа крв на скопските улици – 14 сообраќајки за еден ден Датум и време на објавување: 24.09.2014, 09:21 Датум на рецензирање: 25.09.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СКАРАН СО ВИСТИНАТА

Овој текст е скаран со вистината. Се работи за билтен на МВР, кој по правило е неинтересен за