Рецензии

Рецензија: Прилепско добива две современи фабрики – „Дупонт“ и „Етанол Јуроп рињуаблс лимитед“

на 24. 10. 2014 | |
Оваа вест би била коректна доколку не би бил ваков насловот и првиот пасус. Текстот е прилично библиографски, со податоци за новите инвеститори, но насловот е невистинит. Можеби се сакало со него да се засили веста, но тоа не е ниту коректно, ниту дозволиво во новинарството. Линк до оригиналниот напис: Прилепско добива две современи фабрики – „Дупонт“ и „Етанол Јуроп рињуаблс лимитед“ Датум и време на објавување: 17.10.2014, 16:31 Датум на рецензирање: 23.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДВАЈЦА ИНВЕСТИТОРИ – ЕДНА ФАБРИКА

Насловот и првиот пасус се невистинити. Имено, нема да се градат две фабрики во Прилепско, туку ќе се гради една фабрика. Две корпорации, всушност, соработуваат за да изградат еден капацитет. Дури авторот во првиот пасус од текстот се

Рецензија: Владата го фалсификува европскиот извештај за Македонија?

на 24. 10. 2014 | | sq, en
Написот што го рецензираме е убав пример за тоа како е сѐ кажано во само неколку реда. А, преку линкување на клучните зборови, на читателската публика ѝ е оставено самата да се увери во вистинитоста на објавената содржина. Линк до оригиналниот напис: Владата го фалсификува европскиот извештај за Македонија? Датум и време на објавување: 20.10.2014, 14:06 Датум на рецензирање: 23.10.2014 Рецензент: Оливера Војновска   КЛУЧОТ ВО ДВАТА ЛИНКА Извори на информации во овој материјал се Извештајот за процесот на асоцијација на Република Македонија кон ЕУ и преведениот текст на овој документ објавен на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања. Всушност, станува збор за куса вест која информира дека: „Во официјалниот превод на годишниот извештај за напредокот на Македонија, објавен на официјалната

Рецензија: Екстрадиција: Испорачан партнерот на мадам Пепи

на 24. 10. 2014 | | sq
Станува збор за вообичаена информација за екстрадиција на осудено лице, но невнимателно се открива целосното име и презиме на осудениот, кој, во исто време, е и осомничен. Авторот се двоумел дали да го пренесе идентитетот на осудениот или, пак, да го сочува. Имено, на почетокот на веста, се известува дека е екстрадиран Војислав Б., кој во вториот параграф е откриен со целосното име и презиме, Војислав Будисављевиќ. Линк до оригиналниот напис: Екстрадиција: Испорачан партнерот на мадам Пепи Датум и време на објавување: 02.10.2014 11:06 Датум на рецензирање: 18.10.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Како што е наведено во текстот што го рецензираме, лицето во моментот е осомничено за шверц на кокаин, а во првиот пасус се наведува дека „Мадам Пепи и

Рецензија: Во август 42,3 отсто од потребите за струја обезбедени од домашни извори

на 24. 10. 2014 | |
  Оваа вест има шест важни бројки на пет реда. И покрај тоа, таа не кажува ништо. Станува збор за бројки кои се однесуваат на мерни единици во големи количества, за кои ретко кој има претстава што тие значат: стотици илјади мегават-часови електрична енергија, милијарди нормални метри кубни природен гас (какви се тие „нормални“ метри кубни, има ли ненормални или што ли е веќе ова), стотици илјади тони јаглен и десетици илјади нафтени продукти (кои, патем речено, ги има осум видови). Едноставно, многу бројки и проценти на мал простор, за кои претстава имаат многу мал број енергетски експерти и никакви компарации или споредби, кои би дале слика за тоа каква е енергетската состојба во земјава и во кој правец се

Рецензија: Европа дефинитивно не може без “Јужен тек”

на 24. 10. 2014 | |
Оваа вест е комплетно изгубена во преводот, изгубена во изработката, изгубена во уредувањето и изгубена во насловувањето. И, како таква, таа не функционира никако, освен по принципот „да се збуни непријателот“ – ако читателот се смета за непријател. Линк до оригиналниот напис: Европа дефинитивно не може без “Јужен тек” Датум и време на објавување: 24.10.2014 09:40 Датум на рецензирање: 24.10.2014 Рецензент: Владимир Петрески Многу е тешко да се зборува за вистинитост или за невистинитост на една вест кога во неа има наводи кои се спротивни еден на друг, која е контрадикторна и која е збунувачка. Еве го почетокот на веста: „Поддршката на Брисел за „Јужен тек” ќе беше јасен сигнал дека ЕУ не е подготвена да ги поддржи украинските европски

Рецензија: Се врти ли владата кон мајка Русија?

на 23. 10. 2014 | | sq
Што е поголема експонираноста на некој политичар во јавниот живот, тоа е поголема и заинтересираноста на медиумите за тоа што тој го кажал. Нема сомнеж дека дискусијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, била испровоцирана од актуелните настани во земјата и во регионот и дека тоа што тој го мислел го кажал и предочил и пред евроамбасадорот Аиво Орав. Но, новинарската должност, како и Кодексот на новинарите на Македонија, налагаат коректно да се пренесат неговите зборови, без од тоа да се прават конструкции и без да се извртуваат фактите. Линк до оригиналниот напис: Се врти ли владата кон мајката Русија ? Датум и време на објавување: 16.10.2014, 12:41 Датум на рецензирање: 21.10.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ

Со

Рецензија: 40 милиони евра од казни ќе легнат на државна сметка?!

на 22. 10. 2014 | |
Овој напис има проблеми со вистинитоста на некои места што се важни за севкупната веродостојност на написот, а, покрај тоа, и насловот едноставно не држи. Точно е дека Законот за буџет е збунувачки и комплексен документ и на места се чини (а можеби и навистина) дека дава контроверзни и различни податоци, но не е упатно во таква ситуација медиумите да се фаќаат за оној податок кој ним најмногу им одговара. Сепак, и покрај сите збунувачки елементи во буџетот, написот има наводи кои се едноставно неточни или, кои, пак, сами по себе се нејасни, со што е поткопана точноста и на целиот текст. Линк до оригиналниот напис: 40 милиони евра од казни ќе легнат на државна сметка?! Датум и време на

Рецензија: : ФОТО: Стајлингот на оваа мајка ги собра сите погледи во скопската Зоолошка

на 22. 10. 2014 | |
Фото-веста што ја рецензираме морализира  и грубо се исмејува со една млада жена, затоа што се „дрзнала“ да ги прошета своите деца во скопската Зоолошка градина без соодветен дрес-код! Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Стајлингот на оваа мајка ги собра сите погледи во скопската Зоолошка Датум и време на објавување: 18.10.2014, 13:46 Датум на рецензирање: 20.10.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

СОСЕМА НЕПОТРЕБНА ВЕСТ

Беспредметно е да се анализира вистинитоста, изворите на информации и содржајноста на овој материјал, за кој е нејасно зошто заслужува да биде објавен како вест? Основната функција на веста е да информира. Во оваа новинарска лекција на „Сервис за проверка на факти од медиумите“ (СПФМ) е наведено дека за да може информацијата да се „квалификува“ да стане

Рецензија: Путин донесе сонце во Белград

на 21. 10. 2014 | |
Веста за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија и за присуството на воената парада, предизвика големо внимание и во Македонија. На моменти, пренесувањето на вестите од Србија беше комично. Како и оваа вест што денеска ја рецензираме. Линк до оригиналниот напис: Путин донесе сонце во Белград Датум и време на објавување: 16.10.2014, 13:54 Датум на рецензирање: 20.10.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КОГА КОЗЕРИЈАТА ЌЕ СТАНЕ ВЕСТ

Од насловот, па сè до крајот на текстот, оваа вест нема никаква врска со вистината. Веднаш се забележува дека најверојанто се работи за козерија, но таа е пренесена во рубрика „Актуелно“, а медиумот каде што е објавена веста не важи за портал кој објавува шега-вести или измислени вести. Оваа вест е пренесена

Рецензија: УСТАВЕН КАКО ВЛАДАТА: АБОРТУСОТ ЗАБРАНЕТ, ВАКЦИНАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНА

на 21. 10. 2014 | |
Предмет на оваа рецензија е текст за кој е нејасно што треба да претставува – извештај од актуелен настан или новинарски коментар-колумна, бидејќи содржи елементи и од двата новинарски жанра, а истовремено не ги исполнува критериумите на ниту еден од нив целосно. Темата со која тој се занимава е одлуката на Уставниот суд да не поведе постапка за оценување на уставноста и на законитоста на некои одредби на Законот за прекинување на бременоста, чиешто преоценување беше побарано од група подносители, како и идентичната одлука на судот во врска со барањето на група граѓани за оспорување на одредби од неколку закони кои се однесуваат на задолжителното вакцинирање на децата. Текстот кој го рецензираме е објавен непосредно по завршетокот на седницата на