Рецензии

Рецензија: Секоја изјава на Венизелос препеана од политичари, аналитичари и новинари во Македонија

на 26. 11. 2014 | |
  Дежурната теза за новинари и за опозиционери-предавници во текстот кој го рецензираме изгледа како да е истретирана „во ракавици“. „Некои политичари“, „одредени новинари, аналитичари“ – ова е адресата на која се упатени сериозните обвинувања дека тие работат во корелација со грчките власти и на тој начин ѝ наштетуваат на Македонија. Сè во овој текст и ТВ-прилог е проблематично: нема извори, но има произволни квалификации, отворена пристрасност, коментирање маскирано во информативна обланда и очигледен мотив за дискредитација на неистомисленици на власта. За „вината“ – предавство, како докази се „нудат“ изјавите на овие лица, кои зборуваат за недостигот од демократија во Македонија, неслободни медиуми, потребата од ограничување и контрола на политичката власт, споредени со изјавата на грчкиот министер за внатрешни работи

Рецензија: ФОТО: Ново фијаско на СДСМ, едвај шеесетина луѓе на протестот во Штип

на 26. 11. 2014 | |
  Овој текст од почеток до крај манипулира со јавноста. Имено, тој за протестите на студентите во Штип тврди дека голем дел од нив биле подружувачи на најголемата опозициска партија СДСМ. Со тоа, всушност, се изместува главната поента на настанот, а тоа е дека студентите протестираа против воведувањето есктерно оценување, кое како проект го најави Владата на Република Македонија. Притоа, во текстот воопшто не е споменато дека ова е втор протест на студентите по оној од 17 ноември во Скопје. Вака само се изместува приказната и се дава погрешна слика за тоа која е вистинската намера и што е веста. Секако дека веста е оти имало протест на студенти кои се против екстерно оценување. А сè ова што е напишано

Рецензија: ПАПАРАЦО: Мастерот е во топ позиција и кога е во опозиција

на 26. 11. 2014 | |
  Авторот на оваа рецензија трие очи од чудење. Пред нас се наоѓа текст во кој се одумрени професионалните стандарди, почнувајќи со тоа што е „вест-вредно“, па завршувајќи со неговата цел да дискредитира, да омаловажи, да навреди и да направи сензација. Политиката го затрула ова четиво со малициозност, но и со користење сомнителни „новинарски“ техники на прибирање „информации“ – седење во кафуле, шпиунирање кој што пие, кој плаќа и преточување на ова во дваесет реда неаргументирани коментари. Линк до оригиналниот напис: ПАПАРАЦО: Мастерот е во топ позиција и кога е во опозиција Датум и време на објавување: 7.11.2014 12:43 Датум на рецензирање:  25.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Од почетокот до крајот на ова четиво, едноставно е неапликативно да се разгледува дали

Рецензија: Студентите се чувствуваат изманипулирано, државниот испит е концепт кој го поддржуваат

на 26. 11. 2014 | |
  Преку изјави на тројца анонимни студенти, непотпишаниот автор се труди да создаде слика дека тие се претставници на повеќето стотици кои се противат на навдорешната евалуација на државата на квалитетот на високото образование. Сосема се игнорира фактот што треба да се претстават различните мислења на темата, односно не се внесени ставовите на „Студентски пленум“. Линк до оригиналниот напис: Студентите се чувствуваат изманипулирано, државниот испит е концепт кој го поддржуваат Датум и време на објавување: 23.11.2014, 16:24 Датум на рецензирање: 24.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Во изнесениот текст се користат и анонимни извори, но и констатации кои се коментаторски и за кои не се дава аргументација. На пример: „Студентите се чувствуваат изманипулирано од изјавите на СДСМ и медиумите блиски до нив.Тие

„Mршојадско“ новинарство

на 25. 11. 2014 | |
 

[Рецензија: Откриен идентитетот: Мекиќ го прегази момчето пред Католичка]

Трката по „кликови“ и „лајкови“ меѓу медиумите, особено порталите во земјава, веќе сериозно наликува на гладијаторска борба во која, за жал, честопати жртва е публиката. Јавноста е оставена на милост и на немилост на креаторите на текстовите, како овој, во кои на највулгарен начин се прекршуваат новинарските, но и етичките правила, за одредена вест да забележи што е можно поголема

Рецензија: Врие во СДСМ, “солирањето“ на Заев и Шеќеринска внесува нервоза во партиската база

на 25. 11. 2014 | |
Во нормалните и демокртаски држави, Владата треба да владее во полза на граѓаните, а на опозицијата, без оглед дали таа е парламентарна или вонпарламентарна, да ѝ дозволи да ја контролира. Во прилогот кој го рецензираме, јасно се гледа намерата да се наметне контрола над опозицијата и преку рекла-кажала, без аргументи, да се прикаже кошмар кој таму владее, со една единствена цел – да се покаже дека во македонското општество, всушност, опозицијата е штетна и вишок. „Не ја отфрлаат можноста Заев да ги темпира бомбите со тајмингот на одржување на Советот на министритте на ЕУ кога највероватно уште еднаш ќе биде одбиена препораката на ЕК за преговорите со Македонија.“ Линк до оригиналниот напис: Врие во СДСМ, „солирање“ на Заев и Шекеринска

Рецензија: Придонесот за хонорарците ќе ја елиминира нелојалната конкуренција

на 25. 11. 2014 | |
  Насловот на текстот што е пред нас, „Придонесот за хонорарците ќе ја елиминира нелојалната конкуренција“,  прозвучува дека законските измени со кои се воведува обврската да се плаќаат придонеси за здравствено и социјално осигурување за ангажман по договор за дело, ќе предизвикаат некакво големо намалување на сивата економија и поттикнување на вработувањето. Но, дали е тоа така? Или, можеби, во насловната конструкција намерно е извадена поента за да се пофали оваа владина мерка која треба да почне да се применува од јануари нареднта година? Линк до оригиналниот напис: Придонесот за хонорарците ќе ја елиминира нелојалната конкуренција Датум и време на објавување: 20.11.2014, 13:50 Датум на рецензирање: 23.11.2014 Рецензент: Оливера Војновска  

НАГЛАСУВАЊЕ САМО НА ПОЗИТИВНИТЕ АСПЕКТИ

Всушност, станува збор за

Рецензија: Студентите се изманипулирани: Детали за државниот испит на факултетите

на 25. 11. 2014 | |
Пред нас се наоѓа манипулативен текст, кој на моменти потсетува на соопштение од власта, а не на новинарски производ. Дел од речениците искористени во текстот, премиерот Никола Груевски ги кажа во интервју на „Сител“, неколку часа по неговото објавувањe. Линк до оригиналниот напис: Студентите се изманипулирани: Детали за државниот испит на факултетите Датум и време на објавување: 22.11.2014 15:17 Датум на рецензирање: 23.11.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс Се пропушта да се наведат многу важни информации кога се тврди дека студентите се изманипулирани за државниот испит, а тоа е дека Министерството за образование во моментот на протестот не изнесе никакви детали за надворешната проверка. Дали е екстерно тестирање или државен испит, сосема е ирелевантно ако се земе предвид ставот на „Студентски пленум“,

Рецензија: Уапсен студент кој силувал овца

на 24. 11. 2014 | | sq
  Вакви вести сè почесто се појавуваат во македонските медиуми. Таму, пак, ниту им е место, ниту заслужуваат да бидат. Сепак, ете, реалноста е таква – ги има иако е за неверување. Најголемиот проблем (а ги има многу, речиси во секоја реченица) на овој текст е тоа што е објавен на 17 ноември 2014 година. Датум како и секој друг. Но, не обичен. Тој ден се случија масовните студентски протести. И додека немаше ниту збор за протестите, кои се први во Македонија по 10 години, во време кога сите независни медиуми објавуваа извештаи за масовноста за тоа како поминал маршот и кои се барањата на студентите, тука се појави вест со наслов: „Уапсен студент кој силувал овца“. Просто

Рецензии: Стефановски ја демантира информација дека и театарот паднал на спорот со името

на 24. 11. 2014 | |
  Деновиве, на речиси сите културни страници во македонските медиуми беше „закачена“ веста на МИА дека грчки претставници ја спречиле Новата европска театaрска акција – НЕТА да стане членка на Унијата на театри од Европа (УТЕ). МИА се повикува на „јавија денеска грчките медиуми“. Изворот не е посочен, барем еден од тие медиуми! Само овде има обид да се провери веста таму каде што треба – кај најпосочуваната цел, кај некогашниот министер за култура, а сега „само“ режисер и продуцент Благоја Стефановски. И се доби класичен демант по сите основи! Линк до оригиналниот напис: Стефановски ја демантира информација дека и театарот паднал на спорот со името Датум и време на објавување: 19.11.2014 13:16 Датум на рецензирање: 21.11.2014 Рецензент: Љубомир Костовски