Рецензии

Рецензија: Зад истражувањето на „Еврометар“ стои опозиционерката Лидија Димова

на 9. 12. 2014 | |
  Неуспешен обид за издвојување на новинарските елементи од партиските ставови. Напис полн со коментаторски елементи, од кои само дел се припишани на конкретен извор, имено на владејачката партија. Во текстот се наведени елементи од приватниот живот на поединци кои наликуваат на чаршиски муабети. Ако ова било обид за истражувачко новинарство, штета што целото дело не наликува на новинарски текст, туку на партиско соопштение. Наслов на анализираниот напис: Зад истражувањето на „Еврометар“ стои опозиционерката Лидија Димова Датум и време на објавување: 02.12.2014 Датум на рецензирање: 07.12. 2014 Рецензент: Александар Пешев Тврдења без ниту една бројка ниту изјава. Делови од текстот се атрибуирани како ставови на владејачката партија или како објави од друг медиум. Станува збор за околу три реченици во

Рецензија: Потезите на СДСМ се знак на очај – народот не верува во манипулации

на 8. 12. 2014 | |
  Овој текст нема цел да информира, туку да дезинформира. Тој нема допирни точки со новинарството, туку повеќе робува на партиски цели. Текстот, од анкета со неколку граѓани, прави дефиниција за јавното мислење. Притоа, со петмина граѓани сака да ја покрие манипулацијата која се крие зад споменувањето на еден цел народ. Ова е едностран новинарски производ, кој има претенциозен наслов. Текстот е зачинет со коментари и од авион се гледа дека е политички пристрасен. Тој е крајно непрофесионален, со мотив да ја дискредитира опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Потезите на СДСМ се знак на очај – народот не верува во манипулации Датум и време на објавување: 04.12. 2014, 13:47 Датум на рецензирање: 04.12. 2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕШКО ДА

Рецензија: Македонски политички вестерн – „Добриот, грдиот и лошиот“

на 8. 12. 2014 | |
  Апологија, според лексиконот на странски зборови, значи одбрана, а апологетичен е одбранбен говор или текст кој во политичка теорија се базира на фаворизирање на еден политички субјект и одбрана на неговата политика, при што до крајно невидени граници се сатанизира, дискредитира, омаловажува и става во негативна рамка неговиот политички опонент. И домашни и меѓународни кодекси на однесување на новинарите укажуваат дека новинарите треба да избегнуваат ваков начин на известување за политичките процеси. Линк до оригиналниот напис: Македонски политички вестерн- „Добриот, грдиот и лошиот“ Датум и време на објавување: 05.12.2014 11:56 Датум на рецензирање: 06.12.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ТЕКСТ – „КАУБОЈШТИНА“

Воведот, како и самиот наслов, се крајно невкусни и цинични и македонската политичка сцена ја прикажуваат како „Див 

Рецензија: Еве каде и како се прават пасошите во МВР

на 8. 12. 2014 | |
  Материјалот насловен: „Еве каде и како се прават пасошите во МВР“, само навидум информира, а фактички е целосно ставен  во функција на одбрана на Министерството за внатрешни работи, откако беа објавени фотографии и видеоматеријали за наводна фабрика за фалсификување пасоши „кои можат да бидат употребени во изборни цели“. Прилогот е правен во Центарот  за персонализација на пасоши во МВР и нагласено се труди да ги убеди гледачите дека македоскиот пасош се изработува и се издава во строга процедура и е невозможно да се фалсификува. Линк до оригиналниот напис: Еве каде и како се прават пасошите во МВР Датум и време на објавување: 01.12.2014, 17:13 Датум на рецензирање: 02.12.2014 Рецензент: Оливера Војновска   НА „БРАНИКОТ НА МВР“ Во „репортажата“

Рецензија: ФОТО: Се шокирал кога му го донеле сендвичот – во него нашол…

на 8. 12. 2014 | |
  Ова е текст кој од сите аспекти на професионалното новинарство е непрофесионален. Текстот е ставен во рубрика „Свет“, која, по правило, е серозна во секој медиум. И, замислете, под овој текст одат вести за „Јужен тек“ за односите Русија – САД, за кризата во Украина, за ИСИС… Овој текст, пак, веќе кога е објавен, се очекува да се најде во некоја рубрика за забава или „верувајте ако сакате“, или нешто слично. Како и да е, текстот воопшто не е за објавување, па затоа и е денеска на рецензија. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Се шокирал кога му го донеле сендвичот – во него нашол… Датум и време на објавување: 02.12.2014, 14:54 Датум на рецензирање: 03.12.2014 Рецензент: Владо Ѓорчев  

Рецензија: СДММ го измисли екстерното тестирање за студентите

на 8. 12. 2014 | |
  Веќе насловот на написот што го рецензираме зборува за тоа кои се вистинските мотиви за пишувањето на ова новинарско четиво, а тоа е обид на студенското движење наречено „Студентски пленум“, кое застана зад протестите против екстерното тестирање во високото образование, да му се залепи политичка етикета и да се девалвираат ставовите и легитимното право на оваа групација на граѓани јавно да го искажат своето мислење за едно општествено важно прашање кое нив конкретно, и нивните соученици, ги тангира. За да нема никакви дилеми во вистинските намери зад написов, првата негова реченица гласи: „Младината на СДСМ е главниот организатор на протестите за наводното екстерно тестирање.“ Сепак, за ваквото тврдење потоа не се дава никаква солидна аргументација освен неколку фејсбук-статуси и

Рецензија: ЗНМ за медиумите на Сорос мајка, за сите други маќеа

на 5. 12. 2014 | |
  Веќе подолго време политичката пресметка од традиционалните политички арени е префрлена на медиумската сцена. Веднаш да појасниме: далеку од тоа дека медиумите не се политичка арена – напротив. Проблем е што е изместена перспективата и што наместо здрава политичка битка и дебата на различни концепти и на нивните аргументи, ние сме сведоци на политизација на медиумскиот простор во која „дебатата“ е ад хоминем, на лично рамниште, на ниво на страсти и на ниво на категорична исклучивост – или вие или ние. Последица на тие состојби е текстот што го рецензираме. Оваа медиумска содржина е објавена во рубриката за вести насловена „Македонија“, потпишана е со името на медиумот и, соодветно на тоа, подложна е на рецензија за нејзините професионални вредности,

Рецензиja: Ја критикува државата ама имотот не го одбива

на 5. 12. 2014 | | sq
  Дали враќањето на имотот преку денационализација е дел од процес што треба да се заслужи со нешто посебно или е тоа само надомест за нешто што е одземено многу порано, еден вид „порамнување на сметките“? Ова прашање се поставува откако ќе се прочита написот во весникот со карактеристичен наслов – „Ја критикува државата ама имотот не го одбива“. Повод е завршувањето на процесот на денационализација за имот на ИВЗ – вратени се дуќани и 20.000 квадратни метри градежно земјиште. Линк до оригиналниот напис: Ја критикува државата ама имотот не го одбива Датум и време на објавување: 25.11.2014 Датум на рецензирање: 02.12.2014 Рецензент: Љубомир Костовски „На почетокот на годината Валентина Божиновска (директорка на Комисијата за односи со верските

Рецензија: Студентскиот пленум прочитан, студентите не сакаат да протестираат за СОРОС

на 5. 12. 2014 | |
Веќе познатите непроверени ставови овојпат се повторуваат во пресрет на најавите за можен нов собир на студентите против иницијативата за државен испит. Едностраните информации се ставени во функција на обесхрабрување нов собир на академските граѓани, коj беше најавен како можност деновиве. Со овој напис се повторуваат истите грешки како и во претходните денови: коментирање, недостиг на изјави или анонимни изјави, пласирање на непроверени и непотврдени тврдења кои на читателот му се презентираат како факти кои мора да се прифатат. Наслов на анализираниот напис: Студентскиот пленум прочитан, студентите не сакаат да протестираат за СОРОС Датум и време на објавување: 02.12.2014 Датум на рецензирање: 02.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Првите три реченици се базирани на информации кои се презентираат како вистина без никакви

Рецензија: Анализа: Жерновски од 183 настапи, 148 пати обвинувал и политички се пресметувал, а само 25 пати говорел за проекти

на 3. 12. 2014 | |
  Овој текст се темели на наводи за кои тешко може да утврди дали се вистинити. Повеќето информации во него се со сомнителна веродостојност, а се гледа дека се пласирани само со една цел – да се оцрни градоначалникот на општина Центар. Овој текст, инаку, е некој вид досие за видот на говорите на градоначалникот Андреј Жерновски, што се користи како „аргумент“ за дисквалификација на неговото политичко и уставно загарантирано право на слобода на изразување. Сето тоа се прави на начин што на сметка на негативните зборови за градоначалникот Жерновски и со негово оцрнување, се фали неговиот скопски колега Коце Трајановски. И, секако, тука се мешаат баби и жаби. Двајцата градоначалници уште од почетокот се ставаат во нерамноправна битка. Настрана