Рецензии

Рецензија: Високи штикли и црни чорапи, голи рамења, сукњи над колена…

на 12. 12. 2014 | |
  Според повеќемина теоретичари на медиумите, таблоидизацијата е процес на префрлање на интересот на медиумите од јавниот интерес, кој влече теми од политиката, економијата и од социјалните прашања, на теми од естрадата, шоу-бизнисот, стилот на однесување и навиките на познатите и на скандалите од која било природа и од криминалот. Следната карактеристика на таблоидизацијата на вестите е што тие сега во центарот ги имаат луѓето од споменатите сфери, а не настаните. („Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?“) Пред нас имаме еден таков текст за рецензија. Освен тоа, јазикот на кој говори овој текст е јазик на коментирање. Тој не е анализа, тој не е објективна новинарска приказна која својата градба ќе ја потпира врз изјави и врз мислења на засегнати, инволвирани

Рецензија: Каролина на суд поради гласен секс – Ја пријавиле комшиите

на 12. 12. 2014 | |
  Сигурно многумина што го виделе насловот на овој текст, помислиле дека ова се случило во Македонија и дека има некаква врска со поп-пејачката Каролина Гочева. Сензационалистичкиот наслов на овој текст, како и фактот што истиот е сместен во рубриката „Џет-сет“ има цел да го доведе во заблуда читателот дека се работи за некоја друга личност. Кога ќе се прочита текстот, станува јасно дека личноста именувана во насловот нема никаква врска со личноста спомената во текстот. Наслов на анализираниот напис: Каролина на суд поради гласен секс – Ја пријавиле комшиите Датум и време на објавување:9.12.2014, 14.18 Датум на рецензирање: 12.11.2014 Рецензент: Ана Анастасовска Не е наведен изворот од каде е преземен текстот ниту, пак, е ставен линк до оригиналната верзија.

Рецензија: СДСМ и СОРОС ставија раце и врз студентите

на 11. 12. 2014 | |
  За идните аналитичари можеби ќе биде интересно да проучуваат како на јавната сцена во Македонија во одреден период на нејзиниот развој најважно било да се промовира и форсира идејата дека е чесно и патриотски да не се учествува во она што ни се случува, да не се учествува во подигнување на гласот против неправдата, глупоста, притисоците. Да се молчи и да се почитува мислењето на спин–докторите, резонот на една партија, на еден клан, на еден човек… кои вршат постојана евтаназија на секој никулец на демократија во оваа држава. Најмалку што може да се каже за овој производ е дека се работи за невидена манипулација, безобразлук и за елементарен недостиг од вкус и од мера. Линк до оригиналниот напис: СДСМ

Рецензија: СДСМ пак се посрамоти: Со цела партиска логистика и сите пари на СОРОС собра едвај 3000 луѓе

на 10. 12. 2014 | |
  Ова е  текст, кој како што вели народот, „при очи те прави слеп“. Во обид да спинува, написот има само една цел: да се дискредитира студентскиот марш. Притоа се дискредитираат и СДСМ и Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ (ФООМ). Во ниту еден дел од текстот нема факти, а целиот „вреска“ од спинови, притоа, иако е голем, не е содржаен, пристрасен е, не е вистинит, нема извори… Значи, ова е текст кој е надвор од сите новинарски стандарди, просто текст кој во средини со развиено новинарство би предизвикал негодување. Наслов на анализираниот напис: СДСМ пак се посрамоти: Со цела партиска логистика и сите пари на СОРОС собра едвај 3000 луѓе Датум и време на објавување: 10.12.2014, 13:26 Датум на рецензирање:

Рецензија: Сорос отворено против лавот и сонцето од Кутлеш- симболите на Македонија

на 10. 12. 2014 | |
  Напис кој без конкретен повод користи изјава стара 21 година, од која извлекува непотврден сегашен став на странски државјанин. Со која цел? Прашање кое останува отворено за авторот. Насловот создава впечаток дека станува збор за актуелен став на претставник на организација, чии активности се начекуваат на нож во дел од медиумите. Наслов на анализираниот напис: Сорос отворено против лавот и сонцето од Кутлеш- симболите на Македонија Датум и време на објавување: 09.12.2014 Датум на рецензирање: 09.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Терминот туршија е жаргон кој во новинарството се користи за опишување информација која од икс причини била чувана во архива и се објавува како свеж податок. Оваа објава е „скиселена“ веќе 21 година. Насловот ветува информација за актуелен став на

Рецензија: СДСМ со загубена доверба, што и да направи народот не им верува

на 10. 12. 2014 | |
    Едностран текст, пишуван во манирите на „најдоброто“ агитпропство, материјал кој има многу малку допирни точки со новинарството, а многу повеќе со политичко-партиското „беседење“. Недозволив обид за подметнување обоен памфлет како легитимно информативно четиво. Класичен пример за замајување на публиката. Линк до оригиналниот напис: СДСМ со загубена доверба, што и да направи народот не им верува Датум и време на објавување: 05.12.2014 11:36 Датум на рецензирање: 08.12.2104 Рецензент: Владимир Мирчески  

ФЕНОМЕНОТ „НАРОД“ КАКО ПАРАВАН ЗА ПАРТИСКА АГЕНДА

Не е дека нема елементи, секако во многу мали траги, на вистинитост, туку прашањето е како се тие срочени. Поточно, ако преку написов се сакало да се удри по опозицијата зашто работите што ги најавила, а за еден дел е така,

Рецензија: Елена Ристеска ја доби најубавата улога во животот

на 9. 12. 2014 | |
  Не се знае што е идејата на овој текст. Дали да ѝ се честита на Елена Ристеска или да се објави нешто ексклузивно? Патем, не се знае на која Елена Ристеска се однесува. Дали на пејачката или на некоја друга жена. Никаде во написот не е спомнато дали е пејачка, или оваа личност, која е главна вест, работи нешто друго. Башка што имињата во текстот се наведени без презиме, како да мора сите да ги знаат. Вака текстот изгледа како честитка за домашна употреба, за навистина вест која е радосна – раѓањето на нечија внука. Но, зошто тоа би било вест? Единствената олеснителна околност за текстот е тоа што е објавен во рубриката „Мегафон“, што најверојатно значи нешто чуено-недочуено

Рецензии: Нови примери кои раководството на СДСМ го прават фашистичко

на 9. 12. 2014 | | sq
  Текстот што е предмет на оваа рецензија, на денот на објавувањето беше предмет на масовно преземање од други медиуми, вклучително и агенции, па секако предизвикува внимание. Истиот, по формат, содржината и по структура може, евентуално, да одговара на нешто што би го нарекле новинарски или уреднички коментар, со оглед дека е и непотпишан и покрај сериозната должина, но никако не одговара во однос на неговото поставување среде текстовите кои се однесуваат на класични вести. Тоа е, секако, само првична забелешка за присуството на една текстуална појава на веб-страницата, а која поставува амбициозни задачи пред пишувачот за да се оправда најпрвин памфлетистичкиот наслов, кој нема во себе само статистички претпоставки („нови примери“), туку и идеолошко-теоретски (фашизмот на левицата!). Линк до

Рецензија: Цело СДСМ и СОРОС вклучени во протестите на студентите

на 9. 12. 2014 | |
  Пред нас се наоѓа текст, кој е еден од повеќето во кои се прави обид без фактичка аргументација и со спин протестите на студентите да се дискредитирааат, да ѝ се припишат на опозицијата и да се обезвреднат. Иако повикот за протест е на студентското движење „Студентски пленум“ и во него се повикуваат да учествуваат сите граѓани независно од нивните политички погледи, сепак, во овој медиумски производ се прави врамување, односно обид со истакнување на фактите само делумно, а не целосно, да се создаде слика дека протестот е партиски мотивиран. Во повикот на „Студентски пленум“ стои дека протестот е натпартиски, иако во него се повикуваат да учествуваат и тие граѓани што се дел од партија (што е, впрочем, и нивно

Рецензија: Студентите против политички протести: Конечно ќе се види кој ја заслужил, а кој ја купил дипломата

на 9. 12. 2014 | |
  Кога човек го чита овој текст, уште од самиот наслов, му станува јасно дека тој нема цел да информира, туку да дезинформира и дека е политички пристрасен. Во текстот се прави обид да се формира јавно мислење базирано на анкета, во која се земени изјави од само четворица студенти. Анкетираните, кои очигледно се застанати пред камера како нарачани, а не случајни соговорници, даваат идентични изјави, кои, пак, се исти со ставовите на владејачката партија. Во контекст на сето ова е извадена и злоупотребена изјава на реномиран професор и светски научник, без притоа да се наведе изворот од каде е земен неговиот став. Сето ова има цел да создаде погрешна слика во јавноста дека студентите и професорите, општо, не ги