Рецензии

Рецензија: Фото: Владимир Вангелов, „дете“ за сите протести на СДСМ

на 25. 12. 2014 | | sq
  Основното прашање што се наметнува во рецензијата на овој текст е – дали граѓанинот кој ги препознава погрешните политики на власта или лошите одлуки и решенија има право за секое од нив да каже „не“. Или, треба да се појави на протест само тогаш кога е лично засегнат, не изразувајќи никаква солидарност и поддршка на оние што се погодени од неправдата. Граѓански активизам подразбира учество ако не во сите, барем во дел на граѓанските активности за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и борба против неправдата. Линк до оригиналниот напис: Фото: Владимир Вангелов, „дете“ за сите протести на СДСМ Датум и време на објавување: 22.12.2014, 15:55 Датум на рецензирање: 23.12.2014 Рецензент: Александар Писарев  

УСКРАТЕНО ПРАВО НА СОЛИДАРНОСТ

Рецензија: Лекот за рак пронајден пред 65 години!

на 25. 12. 2014 | | sq
  Не е етички медиумите да шират информации за „медицински откритија“ што создаваат лажна надеж. Тоа може да има далекусежни последици врз пациентите, па дури и да ги натера да престанат со својата од лекар препишана терапија. Одговорното новинарство се базира на факти кои се докажани. За жал, формулациите користени во ова четиво не му даваат на читателот основана причина да поверува во нивната веродостојност. „Сe погласно се зборува помеѓу пациентите заболени од рак дека со зголемено внесување на витаминот Б17 во организмот, канцерот се намалува и шансите за целосно исцелување се огромни.“ Во овој текст нема извори и, наспроти тоа се користат, формулации кои се неверодостојни а, кои треба да глумат извор. Таква формулација е „се зборува меѓу пациентите“.

„Ова“ не е новинарство

на 24. 12. 2014 | | sq

[Рецензија на новинарскиот текст „МНР под итно да реагира: Аиво Орав да се прогласи за персона нон-грата во најкраток можен рок“]

Оваа медиумска содржина не заслужува апсолутно никакво внимание. Таа е далеку под сите новинарски професионални стандарди, етички правила, под сите прагови и на најдолниот вкус… Тогаш зошто го рецензираме „ова“? За да ја регистрираме разликата меѓу новинарството и „новинарството“. За да укажеме на мимикријата зад која се кријат медиуми кои се прикажуваат како новинарски. За да остане запишано за историјата дека во еден период во оваа земја едни медиуми создаваа псевдослика која треба да се прифати како реална. За да се илустрира како се злоупотребува слободата на говорот… Линк до оригиналниот напис: МНР под итно да реагира: Аиво Орав

Рецензија: ЛДП го обвинува Жерновски дека се однесува снобовски и арогантно

на 24. 12. 2014 | |
  Прилогот насловен: „ЛДП го обвинува Жерновски дека се однесува снобовски и арогантно“,  e уште еден од серијалот написи објавени во изминатиот период во кои жестоко се напаѓа претседателот на ЛДП и градоначалник на Општина Центар. Тој не наведува прецизни извори, нема факти и аргументација, туку натежнува од паушални обвинувања, a на моменти дури прозвучува со нетрпеливост кон шефот на либералдемократите. Прилогот (кој е објавен еден ден откако Жерновски изјави дека нема да се кандидира за лидер на ЛДП) сака да ја убеди публиката дека тој, наводно,  добил јасна порака од членството дека е непосакувана личност за врвот на ЛДП, па затоа, всушност, се откажал од намерите да ја води партијата и во наредните четири години. Линк до оригиналниот

Рецензиja: Протест против плаќањето на придонеси за хонорарците

на 24. 12. 2014 | | sq
  По утрото, денот, нели, се познава. Така е и со одгласот на секако најзначајниот настан во Македонија во понеделникот, на 22 декември, во најголем дел од нашите медиуми, електронски и печатени. Ако нешто се премолчува, секако го оддава и односот кон тој настан пост фестум. Значи, протестот на хонорарците, настан за кој станува збор, не мина „славно“ и во известувањето од него потоа! Во некои медиуми не осамна најава за она што значеше трето масовно излeгување во последните 40-тина денови на народот на улица и што, без сомнеж, беше своевиден „политички земјотрес“. Одгласот од протестот следниот ден, барем според овој текст, беше, како што очекувавме, под дозволените стандарди. Линк до оригиналниот напис: Протест против плаќањето на придонеси за хонорарците

Рецензија: Додека Заев се заканува со „бомба“ Груевски носи инвеститории

на 24. 12. 2014 | |
  Рецензираме текст кој е очигледно направен само со една цел: да се направи уште една ЕПП-епизода во полза на актуелниот премиер и лидер на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, без притоа да се спомне барем еден извор кој би ги поткрепил тврдењата дека тоа што им се сервира на граѓаните е точно и баш така. Сè наликува на комерцијална аудиовизуелна комуникација со граѓаните, завиена во новинарска форма со потпис на авторот, за да го „купат“ понудениот производ на владејачката партија и да ја елиминираат конкуренцијата на опозицискиот лидер. Линк до оригиналниот напис: Додека Заев се заканува со „бомбата“ Груевски носи инвеститори Датум и време на објавување: 20.12.2014 19:34 Датум на рецензирање: 21.12.2014 Рецензент: Александар Писарев  

ЏИРЛО-РЕКЛАМА

Комплетно пристрасен текст кој

Рецензија: Девојка едвај спаси жива глава од кучиња

на 24. 12. 2014 | | sq
  Читајќи го овој напис, читателот лесно може да се доведе во заблуда дали текстот е резултат на гледање некој игран филм, сон или, пак, случката пренесена во него навистина се случила. Текстот не го задоволува минималното ниво на сеопфатност, во него нема никакви извори, што го прави неверодостоен и може да се оцени како класична детска приказна. Наслов на анализираниот напис: Девојка едвај спаси жива глава од кучиња Датум и време на објавување: 21.12.2014, 08:27 Датум на рецензирање: 23.12.2014 Рецензент: Ана Анастасовска „Рано утринава окoлу 06 часот и 15 минути на булеварот „Трета Македонска Бригада“ била нападната девојка на возраст од 21 година од три кучиња скитници.“ Ова се единствените факти наведени во текстот, што не е доволно за

Рецензија: Жена ја предизвикала верижната сообраќајка кај Волково

на 24. 12. 2014 | |
  Во нашето општество постојат стереотипи од типот дека жените се лоши возачи и дека ним не треба да им се дава да возат автомобили, а токму тие стереотипи се отсликуваат во насловот на овој текст и подолу во него. Акцентот е ставен на тоа дека жена ја предизвикала минатонеделната верижна сообраќајка кај Волково, што воопшто не е важно како информација. Насловот сам по себе ги дискриминира жените како возачи. Оттука се наметнува прашањето, каков наслов би ставил авторот на овој текст, доколку сообраќајката ја предизвикал маж? Дали во тој случај насловот би гласел: „Маж ја предизвикал верижната сообраќајка кај Волково“? Наслов на анализираниот напис: Жена ја предизвикала верижната сообраќајка кај Волково Датум и време на објавување:16.12.2014, 01:22

Рецензија: ФОТО Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протест

на 23. 12. 2014 | |
  Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и на вонредна состојба. Ова е член број 21 од Уставот на Република Македонија, кој на граѓанинот му го гарантира правото на јавен протест без ничија дозвола. Линк до оригиналниот напис: ФОТО Функционери на СДСМ и луѓето на СОРОС дел и од денешниот протест Датум и време на објавување: 22.12.2014 Датум на рецензирање: 23.12.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс „Лицата кои протестираа со земјоделците, тутунарите, средношколците, стечајците и студентите денес повторно излегоа да ги бараат своите права во функција на “хонорарци“.“ Формулацијата „во функција на хонорарци“ може да остави

Рецензија: Катастрофален крај: Сите компјутери ќе „умрат“ на 19 јануари 2038 година?!

на 23. 12. 2014 | |
  Фрлајте ги комјутерите луѓе затоа што за 23 години нема да ви работат. Како на друг начин да ја сфатиме пораката што треба да се испрати со овој напис, кој наликува на предвидувањата за крај на светот поради Y2K пред почетокот на новиот милениум. Да потсетиме, наспроти тогашната медиумска паника и холивудските сензационални филмови, предвидувањата не се остварија. Ако компјутерската индустрија комплетно пропадне во блиска иднина и ако останеме со машините што денес ги користиме, богами и би требало да се плашиме од овој „катастрофален крај“ кој се предвидува. Линк до анализираниот напис: Катастрофален крај: Сите компјутери ќе „умрат“ на 19 јануари 2038 година?! Датум и време на објавување: 19.12.2014 Датум на рецензирање: 21.12.2014 Рецензент: Александар Пешев Нема евидентирано