verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Деструкцијата на вистината преку претворање на црното во бело

on 28 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

stejt-department-09876-0980-crop-resize

 

[Рецензија: Стејт Департментот ги посочи слабостите, Владата најави решавање со планот реформи потребни за интеграцијата во ЕУ]

 

Еден од поновите феномени на македонското новинарство е споменувањето на настан или документ, ама со негова брза транзиција во друга сфера, со што комплетно ќе се спречи суштинското осветлување на настанот (објавување документ или акт), а, по можност, дури ќе се впрегне во одредена пропагандна шема. При тоа, не е битно што таквата работа изгледа неостварливо или, да речеме, е целосно спротивна на основни принципи на информирањето.
Еден таков настан е објавувањето на извештајот на Стејт департментот во областа на човековите прва во светот. Прилогот кој го рецензираме, убаво видливо и од видеосеквенцата, од тој документ го има само насловот, содржината на истиот, пред сè, во однос на Македонија (која е исклучително негативна) ја нема, ама затоа постојат неколку форми на релативизирање на тој документ, па на крајот може да се сфати дека документот е во прилог на владините политики! Што е, пак, сосема спротивнo на содржината на iзвештајот?!

stejt-department-09876-0980Линк до оригиналниот напис: Стејт Департментот ги посочи слабостите, Владата најави решавање со планот реформи потребни за интеграцијата во ЕУ

Датум на објавување: 26.06.2015 17:35

Датум на рецензирање: 28.06.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Од Владата на Република Македонија велат дека го прифаќаат овој извештај кој доаѓа од нашиот стратешки партнер. Додаваат дека препораките од него ќе ги вклопат во реформите за Европска интеграција на Македонија.

И покрај тоа што дел од опозициските медиуми прикажаа дека овој извештеј има негативен наратив за Македонија, анализата на извештаите за другите европски и балкански држави, покажува дека и тие се соочуваат со слични проблеми како и нас.“

Негативните аспекти на заштитата на човековите права во ТВ-извештајот се сведени на забелешки на опозицијата (!), а ставот на Владата е кооперативен, како што гледаме, па од него не излегува никаков проблем.

Прилогот трае три минути. Што прави авторот? Во првата минута се занимава со говорот на промоторот на извештајот, државниот секретар Кери, каде го зема исечокот од говорот каде тој е самокритичен (!). Така, се цитираат зборовите „Пристапуваме кон ова со голема самосвест. Исто така разбираме дека човековите права се проблем во секоја земја, вклучувајќи ја и САД, и кај нас има простор за подобрувања. Патот до глобалното почитување, секогаш почнува од дома….“. Во втората минута оди изјава на потпаролот на Владата на РМ, Александар Ѓорѓиев, кој мирно соопштува дека извештајот „ги погодил“ токму кога го готват документот за нашето забрзување на приемот во ЕУ, т.н. Реформи за европска интеграција, па ќе им дал додатна инспирација. Се разбира, одново без никакво набројување на слабостите во земјава, со исклучок на полуреченицата за опозиционите медиуми „кодошлии“. И, конечно, во третата минута, нашироко се говори за слабостите што се забележани во извештајот за европските земји. Па, се споменуваат Германија, Полска, Чешка… земјите од регионот, со што нашата позиција станува неважна, та дури ние, во свеста на гледачот, „котираме“ и повисоко од наброените земји или сме барабар со нив во заштита на човековите права.

Така, провладините медиуми најдоа начин да не влегуваат во спорење со одредени неповолни извештаи или да ги игнорираат – тие влегоа во наредна фаза на деструкцијата на вистината, а тоа е претворање на црното во бело.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Написот оди по маргините и не ја прикажува вистината во глобала

извртување на вистина (спин)

Има замена на суштинските со периферни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

Се работи за ТВ прилог

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови