Рецензии

Рецензија: СДСМ и ДУИ „на линија“

на 9. 01. 2014 | |
Написот заслужува рецензија, бидејќи е пласиран во рубриката ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, а всушност не содржи ниту една информација, туку само шпекулација дека најголемата опозициона партија и ДУИ,  како партија на Албнците која партиципира во власта, имаат некаква тајна врска, односно дека „се на линија“, а доказ е отсуството на изјави во врска со актуелни дневно-политички теми. Текстот е интониран на таков начин да сугерира постоење некаква заткулисна, валкана врска помеѓу СДСМ и ДУИ, претставувајќи ги речиси како учесници во некаква завера против јавноста и намерно занемарувајќи го фактот дека политички партии имаат слобода да го изразуваат или да не го изразуваат својот став за некои општествени прашања, дека не е неприфатливо две партии од различна провениенција да имаат исти ставови

Рецензија: „Факом“ ќе го креира изгледот на плоштадот ВМРО

на 8. 01. 2014 | |
Вест која ја рецезираме изгледа сосема коректно и ги задоволува стандардите за овој вид новинарски производ.  Во десетина реда авторот објаснува дека на територија на Општина Центар ќе се уредува просторот пред седиштето на владеачката партија, при што ќе биде изграден новиот плоштад. Како таква, привлекува внимание на читателот од повеќе причини, но има само една мана со која ги нарушува стандардите на професионалното новинарство. Не знаеме дали е точна. Авторот никаде не го спомнува изворот на информацијата и поради тоа неговиот производ има негативна рецензија. Линк до оригиналниот напис: „Факом“ ќе го креира изгледот на плоштадот ВМРО
Датум и време на објавување: 04.01.2014,  12:15 Датум на рецензирање: 07.01.2014 Рецензент:Александар Писарев Вистинитост: Информацијата е сериозна, се спомнуват големи цифри

Рецензија: Македонците, сепак, најмногу ја сакаат живејачката во Македонија!

на 8. 01. 2014 | |
Резултатите од истражувањата на јавното мислење, особено кога станува збор за политички резултати, во земјава речиси секогаш имаат најмалку две толкувања: едното би кажале дека го застапува гледањето на тоа дека „чашата е полупразна“, а другото дека е поборник на тоа дека „чашата е до половина полна“. Во суштина, станува збор за играње со добиените податоци и „терање на водата на сопствената воденица“. Но, ако ваквиот тип на „анализи“ е донекаде разбирлив за политичките потреби на власта и на опозицијата за да докажат колку, според едните се намалила, а според другите се зголемила меѓусебната разлика, тогаш слично „прочепкување“ и интерпретирање на бројките, кои, сепак, се зададена вредност, не треба да има свое место во еден новинарски текст. Во конкретниот пример

Рецензија: Естрадата се обедини со Тони Михајловски – погледнете ја оваа „гужва” на неговиот профил на Facebook

на 8. 01. 2014 | |
Неодамна во новинарската лекција под наслов „Тролови насекаде – коментарите на интернет“ го цитиравме заклучокот во истражувањето Еarly comments on stories affect what later readers believe, and what they say, за навиките на интернет корисниците кога се коментарите во прашање, Џеф Сондерман за Институтот Поинтер, кој вели дека „корисниците на интернет сѐ почесто прво ’ѕиркаат’ во коментарите, па дури потоа да го читаат текстот”. Напишавме дека тоа крие една сериозна опасност оние што практикуваат такво читање на изворниот текст да му пристапат веќе инфицирани – без разлика дали инфекцијата е позитивна или негативна. Но, изненадувањата во македонското новинарство, особено она онлајн, продолжуваат непријатно да изненадуваат. Сега коментарите се сервираат како новинарска содржина на која „авторот” додава само наслов кој, обично,

Рецензија: Црвенковски промотор на Пендаровски

на 8. 01. 2014 | |
„Според познавачите, но и на очиглед на јавноста, Бранко Црвенковски повторно активно се вклучува во политиката, овој пат со цел  да го протурка Стево Пендаровски за кандидат на СДСМ на Претседател на Република Македнија. Ова не  е ништо невообичаено, ако се земе предвид дека Стево Пендаровски важи за близок соработник и човек од доверба на Бранко Црвенковски.“ Порталот излегува со тенденциозен  напис дека екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, го

Рецензија: Фото: Кога премиерот Груевски ќе се опушти на свадба

на 8. 01. 2014 | | sq
Основниот проблем на овој медиумски производ е тоа што е паушален и пропаганден. Потребна е и сериозна ревизија за тоа дали настанот што се обработува е вест-вреден. Како извор на текстот се користи фотографија од која авторот изнесува низа заклучоци за карактерот на функционерот. Од ваквиот пристап се добива впечаток дека единствената причина поради која написот е објавен е да се претстави личноста на премиерот како позитивна, што се темели на слаб аргумент дека тој се фотографирал со музичари. Линк до оригиналниот напис: Фото: Кога премиерот Груевски ќе се опушти на свадба Датум и време на објавување: 05.01.2014, 11:14 Датум на рецензирање: 06.01.2014 Рецензент: Мирослава Бурнс  Вистинитост: Дилемата е дали е воопшто вест-вредно што функционерот се фотографирал со музичари на

Рецензија: Библиотеката во Бабино – татковина на книгите и спомените

на 8. 01. 2014 | |
Пред нас се наоѓа текст кој отстапува од секојдневната набиена „дневна агенда“ на новинарството и кој жанровски се доближува до репортажниот дискурс, но нуди и голем број информации и фактографски, едукативен пристап. Преку овој текст е очигледен напорот за осврт на подзаборавените општествено-културни теми.  Сепак, послаба страна е недоволната поврзаност со линкови до изворите или нивна анонимност и воопштеност. Проблематично за текстот е и што тој не дава уверливи докази дека е авторско дело, ниту, пак, дека новинарот самиот вложил труд да го посети местото за кое известува. Во прилог на ова оди и фактот што истиот текст од збор до збор е пренесен и на други медиуми, односно станува збор или за класично препишување или за соопштение од институција

Рецензија: Жерновски остана без вработените

на 8. 01. 2014 | |
Рецензираме вест која е тенденциозна и која прикрива битни информации. Авторот не ѝ дава можност на вторта страна автентично да ја соопшти и својата вистина. Не е никаква тајна дека скопската општина „Центар“ е „трн во окото“ на владеjачката партија и дека медиумите блиски до власта користат секоја прилика да ја омаловажат, сатанизираат и понижат оваа општина зедно со нејзиниот градоначалник. Општината има реален проблем со бројни инспекции меѓу кои последната донела решение да ѝ се одземе лиценцата на Агенцијата преку која привремено се вработуваат лица со договор. Така, 32 лица се нашле на улица, со што е блокирана работата на локалната самоуправа. Медиумот за тоа пишува еднострано.
Иако градоначалникот на Центар детално ја објасни новонастаната ситуација, без притоа да

Рецензија: Ерсте Груп вложува во македонски државни записи

на 7. 01. 2014 | |
Станува збор за вест од областа на меѓународните финансии, која говори за една обична зделка од што, пак, се извлечени констатации за кои нема никаква потврда и за кои е тешко да се каже дека се вистинити. Уште повеќе, искажани се вредносни судови на кои во една вест не им е местото. Линк до оригиналниот напис: Ерсте Груп вложува во македонски државни записи Датум и време на објавување: 04.01.2014, 13.50 Датум на рецензирање: 07.01.2014 Рецензент: Владимир Петрески Вистинитост: Проблемот со вистинитоста доаѓа во два наводи. Оној во кој се вели дека зделката на купување на македонски државни записи „…јасно укажува на зголемената доверба и угледот кој Република Македонија го ужива во меѓународното опкружување и помеѓу странските инвеститори.“ и оној во

Рецензија: Се пролеа крв на паркингот кај „Холидеј Ин“

на 6. 01. 2014 | | sq
Непотребен обид за драматизација и правење сензација со нагласување на делови од веста за кои ниту има поткрепа преку факти, ниту обид дополнително да се провери информацијата преземена од полицискиот билтен. Во насловот и во првата реченица новинарот констатира дека се пролеала крв во центарот на Скопје, за во веста да ни презентира дека некој некого нападнал со остар предмет во главата, а полицијата работи на расчистување на случајот. Јасно е дека веста е преземена од полицискиот билтен, а новинарот само ја зачинил со детали дека се пролеала крв во центарот на Скопје, што е слободно новинарско интерпретирање без било каква поткрепа со дополнителни податоци. Доколку се пролеала крв како што е констатирано во насловот и во првата реченица, главата