verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во здраво тело, нездраво величање

on 8 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ: Премиерот на мала релаксација на партија фудбал по исцрпните разговори]

 

Наместо обична фото-вест за спортските активности на дел од министерската постава, се разбира, со премиерот на чело, пласиран е материјал што ги преминува границите на „обично“ информирање и сериозно навлегува на територијата на политички маркетинг, би дополнил многу лош маркетинг. Изобилува со непотребни формулации и со „упадици“ чија цел не е ништо друго освен да се величи „шефот“.

Firefox_Screenshot_2015-06-07T21-42-44.086ZЛинк до оригиналниот напис: ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ: Премиерот на мала релаксација на партија фудбал по исцрпните разговори

Датум и време на објавување: 03.06.2015

Датум на рецензирање: 07.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

АПЧЕ ПРОТИВ МЕДИУМСКО ИДОЛОПОКЛОНСТВО

Премиерот игра фудбал во слободно време, како и што, нели, вози велосипед. Во ред, не е некоја информација, ама можеби некого би го интересирало да ги види луѓето што „пресекуваат“ во државава во дресови и во спортски гаќички. Се можело, без каква било мака, да помине само со објавување на серијата фотографии како класична фото-вест, ама не! Решено е од премиерското и министерско „потење“ да се направи текст, кој наликува на некаков производ од времето на „Застава филм“. Агитпроповскиот пристап е неодминлив:

„По вчерашната исцрпувачка рунда разговори со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, премиерот на Република Македонија Никола Груевски најде време и за малку релаксација. После партијата разговори добредојдена беше партија мал фудбал.“

А, по читањето на написов добредојдено е апче за релаксација на стомачни тегоби. „Премиерот нашол време за малку релаксација“ – впечатокот е како на публиката да ѝ се наметнува чувството дека треба да го жали конкретниот политичар, кој, инаку, е платен од граѓаните за функцијата што ја извршува. Во ред, човекот си се релаксира, зошто од тоа треба да се прави некакво медиумско идолопоклонство. Елементот фалење без причина е „забетониран“ со последниот пасус:

„Чија екипа ја доби оваа рунда, не успевме да дознаеме, ама затоа нашиот објектив успеа  да ги улови премиерот Груевски и дел од министрите како ја градат играта, како вистински професионалци… на фудбалскиот терен!“

Ајде уште едно апче против мачнина. Новинарски гледано, не е докрај јасно што се сакало да се каже со тоа дека Груевски и дел од министрите ја градат играта, како вистински професионалци… на фудбалскиот терен!Дали тоа значи дека се толку добри што играат како професионалци или, пак, се одлични професионалци – политичари што за нив фудбалот е „мало дете“? Насловот е приказна за себе, фразерски и пристрасен, пример како не треба да изгледа насловна конструкција, знаете нешто од типот „Другарот Тито…“

Навистина, држи тоа „Здраво тело, здрав дух“, ама авторите на оваа поговорка сигурно не ги имале предвид ваквите текстови кога ја создавале позната изрека.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови