verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Подметната наменска конструкција во стилот: Обвинителството ни е „топ“!

on 7 - 04 - 2015       

http___vistina.mk_2015_04_02_derala-crop-resize

 

[Рецензија: Дерала призна: ЕК посочи дека државата и обвинителството имаат капацитет да се справат со случајот „Пуч“]

 

Пред нас имаме куса информација, но исклучително манипулативна. Во неа со еден селективен пристап, извртување на тезите и со спинување на вистината, уште со насловот се ипраќа пораката дека Јавното обвинителство е независно, има интегритет и ужива доверба. За таа цел е искористен настапот на претседателот на невладината организација „Цивил“, Џабир Дерала,  во „Дневник плус“ на телевизија „Канал 5“ (1 април 2015 година). И, притоа, земен е фрагмент од 15 секунди, изваден од контекст и употребен како крунски доказ дека Дерала, наводно, признал: Македонија има обвинителство во чии капацитети верува Европската комисија“.

http___vistina.mk_2015_04_02_derala-Линк до оригиналниот напис: Дерала призна: ЕК посочи дека државата и обвинителството имаат капацитет да се справат со случајот „Пуч“

Датум и време на објавување: 02.04.2015, 13:21

Датум на рецензирање:  04.04.2015

Рецензент:  Оливера Војновска

 

СПИН

 За какво „признание“ станува збор и што, всушност, кажа Дерала во дебатата на „Канал 5“?

Фактите говорат дека Дерала, зборувајќи за тоа дека по избивањето на аферата со масовно прислушување на илјадници граѓани е нарушена и демократијата и безбедноста на државата, рече:

„Слушањето на 26.000 граѓани, меѓу кои, политичари и странски дипломати кои се наши пријатели, е безбедносен атак. Вие ако правите таква ситуација, клима, ако носите таква политика и ја практикувате на тој начин власта и моќта која ја имате, во која  доаѓа до експлозивни размери односот меѓу граѓаните и граѓанките, имате нарушување на безбедноста. Значи имаме ситуација, во која институциите, односно оние кои ги киднапирале инстутуциите, ја нарушуваат безбедноста  на Македонија“ (5.20 до 6.07 минута од видеозаписот)

Тука, водителката на емисијата го прекина со коментар дека „институциите имаат интегритет“, посочувајќи на одговорот (30 март 2015 година) од Европската комисија до Јавното обвинителство (6.08 до 6.48 минута од видеозаписот).

И на нејзината забелешка: „Нели е тоа доволно признание од Европската комисија дека Обвинистелството може да се справи (со актуелните афери – н.з.)?“, Дерала одговара:

„Европската комисија ѝ даде комплимент на Македонија дека може да се справи со ова. Исто така, тоа беше комплимент дека Јавносто обвинителство има  капацитет самото да се справи со предизвикот. Тоа е комплимент, навистина.“ (од 6.50 до 7.05 минута од видеозаписот)

 

„Но, исто така, имајте предвид дека зборуваме за висока дипломатија, во која, ако ме прашате мене, јас би го додал прaшањето „за кое Јавно обвинителство зборува Европската комисија?“. Значи, кое Јавно обвинителство ќе се справи со предизвикот пред кој е исправена целата македонска јавност, па и државата.“,  а потоа додаде: овој состав“. (7.05 до 7.39 минута од видеозаписот)

Но, материјалот што го рецензирараме се фокусира само на едно „парче“ од неговото излагање (од 6.50 до 7.05 минута од видеозапист) и намерно го игнорира вториот дел од одговорот (од 7.05 до 7.39 минута од видеозаписот). Тој дел, пак, дава сосема поинаква конотација на ставот на Дерала, кој е во правец на тоа дека Европската комисија со дипломатски речник соопштила дека не сака да се инволвира во работата на „ова Обвинителство“. Фактички, спинот станува видлив дури кога ќе се слушне целиот одговор на Дерала, како и прашањето – констатација на водителката.

 

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НИ Е „ТОП“!

Ваквата селектирана и „осакатена“ изјава на Дерала  се комбинира со „голем број“ виртуелни експерти, за кои, наводно, одговорот од ЕК е потврда дека „Обвинителството добило европско признание за својата работа“. Тоа, исто така, е прилично дискутабилно. Во медиумите можеа да се прочитаат конкретни (со име и со презиме) експертски мислења, според кои е „евидентно дека ЕУ не сака да си става трн во здрава нога“.

Па, во ситуација кога од опозицијата, но и од критички настроената јавност има сè погласни повици за оставка на јавниот обвинител, на читателите им се подметнува наменска конструкција во стилот: Обвинителството ни е „топ“! Таа, според времето на објавување, најверојатно е преземена од овој портал, каде е пласирана половина час претходно во иста форма и со идентична фотографија.

Инаку, во врска со оваа пристрасна медиумска содржина, во која се изгубиле стандардите на етички исправното новинарство, реагираше и Дерала. Тој на неговиот профил на „Фејсбук“ напиша: „Многу ми е интересен насловот „Дерала призна“. Еве, уште еднаш признавам. Нека се знае дека признав дека Европската комисија нема намера да испрати експерт во ОВА Јавно обвинителство и додадов, за да им стане појасно на двајцата во студиото на „Канал 5“: ОВОЈ СОСТАВ на Јавното обвинителство…“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови