verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо аналитички коментар, врвен спин

on 20 - 02 - 2015       

002-Mediamk-final-crop-resize

 

(Рецензија: Пендаровски: или ние на власт, или граѓанска војна!!!)

 

Анализата како потформа на коментарот, дава извесна слобода за изнесување сопствени мислење врз основа на расчленетите факти. Тоа мислење, базирано врз логичките техники, е доста полезно во новинарството, особено кога сакате да одите во „длабочина“ и на тој начин на јавноста да ѝ ги направите нештата – појави, процеси, изјави… – појасни.

Но, кога наместо врз факти, се анализира врз извртени факти, тогаш нема друго име за тој тип аналитички коментар освен спин и манипулација со јавното мислење. Токму таков е „аналитичкиот коментар“ што е предмет на оваа рецензија. 

001-Mediamk-final-fullЛинк до оригиналниот напис: Пендаровски: или ние на власт, или граѓанска војна!!!

 

Датум и време на објавување:18.02.2015, 23:53

Датум на рецензирање: 19.02.2015

Рецензент: Теофил Блажевски

Овој текст се однесува на толкување на изјавите на Стево Пендаровски (поранешен претседателски кандидат на СДСМ) дадени во интервјуто со колегата Васко Попетревски за телевизијата „Алсат – М“. Тој по својата форма  спаѓа во т.н. аналитички коментари. Но, наместо тоа, текстот на некаков начин станал спин и може да се земе како репер или школски пример за манипулација со јавното мислење.

Како се стигнало дотука? Едноставно, со извртување на фактите што се предмет на аналитичкиот коментар, по што се вадат произволни заклучоци, кои немаат врска со кажаното (со фактите) и на тој начин практично се дезинформира или се манипулира јавноста. Целта е позната на непотпишаниот автор на текстот.

Спинот почнува уште со изнасилениот наслов. Иако не е ставен во наводници, значи не е цитат, тој е целосна невистина:

„Пендаровски: или ние на власт или граѓанска војна!“

Веднаш по насловот е пласиран првиот вредносен суд кој би требало да го „објасни насловот“ и во кој се наведува дека „Акцијата на СДСМ со објавување …телефонски разговори, сепак за крајна цел има тежок етнички и граѓански конфликт на македонските граѓани“… и дека сето ова се заклучува од изјавите на Пендаровски:

„Ова не е теза на некој од власта туку експлицитно изнесена проекција на СДСМ, преку изјава изјави на нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски…“

Да претпоставиме дека ова е заклучок на авторот на текстот, на што има право ако станува збор за оваа новинарска форма – коментар (аналитички). Доколку макар и бегло се прегледа интервјуто со Пендаровски , веднаш ќе ја отфрлите оваа можност зашто едноставно, со ниедна реченица, во ниту еден контекст или потконтекст, Пендаровски не го вели тоа. Но, тоа не било важно за неименуваниот автор, па тој продолжува да „анализира“ преку парафрази од изјавите на Пендаровски кои очигледно се извртени. Притоа во еден момент, погрешно се вмешува и порталот на „Фокус“, бидејќи новинарот што го водеше интервјуто, прашањето го извади, цитирајќи поранешно интервју на Пендаровски за печатеното издание на неделникот.

Клучното спинување се прави подолу во текстот и тоа трипати. Прво, преку неточна парафраза на интервјуто со Пендаровски за неопходноста да се вмеша странскиот фактор во решавање на оваа криза, потоа со извртувањето на неговите зборови за причините за евентуален судир на граѓаните на религиска основа и, конечно, со целосно неетичкото објавување на фотографии со имињата на загинатите војници и полицајци на македонските безбедносни сили кај село Вејце во 2001 година. За потсетување, станува збор за масакр од заседа на Шар Планина, по што измасакрираните припадници на безбедносните сили беа и запалени. Оттука, воопшто не е јасно во кој контекст или со која цел е употребена оваа фотографија во текстот како илустрација, со што се добива впечаток дека Пендаровски или СДСМ на некој начин се поврзани директно со настанот, кој патем никогаш не беше расчистен правосудно и остана на ниво на индиции и на шпекулации околу сторителите и околностите.

Целосното извртување на изјавите на Пендаровски што се објавени во овој напис можете да го согледате ако го погледнете оригиналното интервју, некаде од 27. до 33. минута, и ги споредите со парафразите објавени тука.

Несомнено дека текстот што го рецензиравме е надвор од професионалните стандарди и етичките норми. Тој е невистинит, има извртување на факти, има пристрасност, а, покрај тоа, има повреда и на приватноста, преку вметнување на фотографиите на убиените, за што подетално е наведено во членот 7 од Кодексот на новинарите на Македонија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистинит

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

може да поттикне

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови