verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наменски текст во кој жртвите на пешачките премини на скопските улици се маргинализирани, речиси невидливи

on 29 - 09 - 2015       

http_sitelcom_mk_brojot-na-nesre-crop-resize

 

[Рецензија: Бројот на несреќи со жртви опаѓа, протестите против Трајановски се манипулација]

 

Овој прилог е правен без никаква новинарска диоптрија. Тој, наместо да го штити јавниот интерес и да пренесе чиста, политички необременета и точна информација, целосно се става во одбрана на градоначалникот на Скопје.

http___sitel.com.mk_brojot-na-nesreЛинк до оригиналниот напис: Бројот на несреќи со жртви опаѓа, протестите против Трајановски се манипулација

Датум и време на објавување: 27.09.2015, 16:47

Датум на рецензирање: 28.09.2015

Рецензент: Оливера Војновска

 

ФАЛБИ БЕЗ СРАМ!

Медиумската содржина што ја рецензираме не се потпира на факти, туку во неа наменски се нафрлани паушални податоци, без да се посочи конкретен извор и без да се поткрепат изнесените тврдења. Нејзиниот автор, дури, има амбиции да ја претстави како анализа, што изгледа смешно.

Имено, овој исклучително необјективен напис се повикува на некакви „статистички  податоци“, но, не кажува прецизно за какви податоци се работи и од каде се добиени. Ама затоа,  уште на самиот почеток од текстот прави спинерска конструкција и тврди дека:

„…вчерашниот протест организиран од опозициските структури не е ништо повеќе туку обид од семејните трагедии на луѓето кои загинале во сообраќајќи, СДСМ да си обезбеди предност во предизборната трка“,

иако беше соопштено дека мирниот протест беше организиран од Граѓанската иницијативаКоце, врати ни ги улиците“, во знак на револт за големиот број жртви на скопските улици. На булеварот Илинденска, на местото каде пред десетина дена загина 13-годишно момче, граѓаните протестираа со легнати велосипеди, а градоначалникот Коце Трајановски го посочија како „најодговорен за тоа што пешаците и велосипедистите сè почесто страдаат во сообраќајни незгоди“.

Меѓутоа, во овој наменски текст, жртвите на пешачките премини на скопските улици се маргинализирани, речиси невидливи. Во него без трошка срам нагласено се фали градоначалникот за „проширување на клучните сообраќајници и  изградба на катни гаражи“, додека одговорноста за трагедиите на пешачките премини се колективизира. И, во таа спасувачка мисија, на помош се повикуваат „виртуелни“ сообраќајни експерти, кои треба да ги убедат гледачите дека поради „подобрената сообраќајна инфраструктура“:

„Бројот на несреќи со жртви опаѓа…!“

 

ОПАЃАЛЕ ЖРТВИТЕ“!

Наспроти имагинарната слика што ја креира овој материјал, последните анализи на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) покажуваат  дека е зголемен е бројот на загинати пешаци во Скопје во однос на минатата година.  Повикувајќи се на податоци од РСБСП, агенцијата „Мета“ деновиве објави дека:

„Во апсолутни бројки, за првите шест месеци во 2015 година имаше 20 загинати, за разлика од лани, кога имало 15. Најголемиот дел од загинатите се пешаци. Во првите осум месеци, пак, земајќи ги и јули и август, од вкупно 27 загинати во Скопје, дури 15 се пешаци.“

Потегот, пак, на еден сервилен начин да се брани нешто што едноставно не може да се одбрани, па уште на крајот да се заклучи дека:

„Во Македонија бројот на жртви во сообраќајни несреќи од минатата година и во текот на оваа бележи тренд на опаѓање што се поклопува со владината кампања за подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот.“

е целосно непрофесионален, неетички и изгледа невкусно, недостоинствено, очајно лошо!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

ја извитоперува вистината

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови