verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кој сака да профитира од манипулативни статистики? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели

on 29 - 09 - 2015       

111-09876090909080808-crop-resize

 

[Рецензија: Кој сака да профитира од човечки трагедии? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели]

 

Ова е четиво-алиби, наменски создадено како некаква си медиумска одбрана на власта по серијата сообраќајни несреќи со трагичен епилог. Покрај ова, текстот има и друга „вродена маана“ – се расфрла со бројки и со статистика без да се наведе кој е изворот, а по проверката лесно се утврдува дека имаме невиден микс од документи и од извештаи од различни години!!!

111Линк до оригиналниот напис: Кој сака да профитира од човечки трагедии? Жртви од сообраќајки се злоупотребуваат за политички цели

Датум и време на објавување: 27.09.2015, 17:26

Датум на рецензирање: 29.09.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ОРКЕСТРИРАНО, ДИРИГИРАНО, СИНХРОНИЗИРАНО „НОВИНАРСТВО“

Имаме проблем и тоа сериозен. Мотивите за објавување на написов се крајно дискутабилни. Овој и неколку нему слични, безмалку исти текстови, се појавуваат баш кога се покренува граѓанска иницијатива за поголема безбедност на градските, пред сè, скопските улици по неколкуте сообраќајки во кои загинаа велосипедисти. Никој не може да ме разубеди дека имало само новинарска инспирација зад материјалот. Аргументите се следниве:

– СДСМ со некрофилска политика сака да оствари бенефит од сообраќајките;

– Курир: Со некрофилска политика нема да се намали бројот на жртви во сообраќајот;

– СДСМ со некрофилска политика сака да оствари бенефит од сообраќајните несреќи.

Сите овие текстови, со се конкретниот што го рецензираме, се објавени во еден ист ден. Ако ова не е оркестрирано, диригирано, синхронизирано „новинарство“, тогаш не знам што е.

 

БАЈАТА И ИЗМЕШАНА СТАТИСТИКА

Ајде малку за вистинитоста. Кратко кажано, таа е еродирана. Поткопаноста на темелите врз кои се базира написот прво почнува од фактот дека има бројки, кои покажуваат дека земјава е подобра во црниот сообраќаен биланс од другите во регионот, но не е јасно наведено чија е таа статистика, односно кој е изворот. Малку поупорно истражување-гуглање нè носи до изворот, а тоа е популарната „Википедиа“. Во ред, но проблемот е во фактот што на „Википедиа“ е јасно наведено дека одредени бројки за одредени земји се од различна година. Значи, да, во Бугарија индексот на загинати во сообраќајки на 100.000 жители изнесува 10,4, но тој податок е од 2010! Наведените податоци за Грција се од 2012, а за Македонија од 2010 година. Каков спин, нели? Дополнително, дека има простор за сомневање и во податоците објавени на „Википедиа“, која, пак, се повикува на СЗО, покажува и споредбата дека според светската интернет-енциклопедија во земјава во 2010 година во сообраќајни незгоди загинале 162 лица, додека официјалните податоци на МВР за 2010 година, последни кои ги има ажурирано полицијата на својата официјална интернет-страница, се 134 жртви. Зошто, на пример, не е наведено дека во 2001 година, пред цели 14 години, во Македонија, според официјалната полициска статистика, сообраќајките зеле 87 животи што е безмалку двојно помалку од сегашниот црн биланс. Значи, вистинитоста во овој напис не е баш за пофалба, бидејќи има нови и каде-каде порелевантни истражувања кои покажуваат сосема поинакви бројки.

Настрана фактот што ваквите споредби меѓу различни држави, каде се споредува само бројот на сообраќајни жртви на одреден број популација во различни држави не значи ништо. Тоа што во една земја на 100.000 жители имало 10 жртви во сообраќајот, а во друга исто на 100.000 жители 12 жртви кажува многу малку ако не знаеме колкав е и бројот на автомобили и на други превозни средства. Што правиме ако во онаа земја која има 12 жртви бројот на автомобили е 20.000 на 100.000 жители, а во онаа со 10 жртви бројот е само 2.000 автомобили на 100.000 жители. Плус, па, што и понудената статистика во написот се однесува на цели земји, а овде протестот за кој станува збор се однесуваше само на Скопје. Едноставно, состојбите во сообраќајот и бројот на сообраќајни жртви во главен град на една земја и во целата земја се две сосема различни работи и статистики.

 

„ЗА КОЦЕВАТА ОДБРАНА“

Друг фелеричен аспект, секако, е пристрасноста. Обидот е јасен – да се одбрани „ликот и делото“ на скопскиот градоначалник наведувајќи:

„… повеќе медиуми известуваат за политичка димензија на протестите кои беа организирани периодов, меѓу кои и последниот протест со велосипеди. Во ваквите делувања се препознава тенденција секоја идна жртва во сообраќајот да се поврзува со работата на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.“

Точно е дека „Супер-Коце“ не е сообраќаен полицаец, ама, исто така, точно е дека во неговите два мандати Скопје доби т.н. „московски булевари“ кои по автоматизам значат и поголем сообраќај и често побрзо возење. Значи, градоначалникот апсолутно не може да биде амнестиран за хоророт по скопските улици. И што аспект е тврдењето дека од „2007 до денес за 50 проценти е зголемен бројот на возила во Скопје“ и затоа, а за сметка на зеленилото, се правеле булевариштаАко ова е точно, па тогаш станува збор за пешачки егзодус во главниот град. Додека сите светски метрополи се борат да го намалат загадувањето и бројот на автомобили по улиците, овде власта се фали за тоа. Невидено!

Пред фактите, нели, и боговите молчат, а во овој случај тие се извртени, измешани, сечени и лепени.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

диригиран текст

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови