verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Катица немала докази, а каде се доказите во текстот?

on 24 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

janeva

 

 [Рецензија: Катица Јанева призна дека нема докази]

 

Овој текст е класичен пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски напис. Имено, содржината изобилува со коментари и со ништо непоткрепени квалификации. Написот е политички мотивиран и повеќе наликува на партиско соопштение.

Катица Јанева призна дека нема докази Kurir.mkЛинк на оригиналниот напис: Катица Јанева призна дека нема докази

Датум и време на објавување: 23.03.2016, 11:37

Датум на рецензирање: 24.03.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕВИДЛИВА СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА

Уште на самиот почеток од текстот, напишаното не држи вода.

„Скандалозната изјава со непризнавањето на Собранието, што практично значи и непризнавање на народот бидејќи тоа е претставничко тело на граѓаните, не беше единствен испад на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера одговарајќи на новинарски прашања при учеството на конференцијата „Ефикасна борба против високата корупција: прашање на личност или на систем“.“

Она што е најасно во овој дел од написот е која е таа скандалозна изјава на Јанева со која таа не го признала Собранието. Изјавата ја нема пренесено интегрално за да може читателот да се увери во тоа што се тврди во текстот. И кој тоа вели дека изјавата е скандалозна? Задача на новинарот не е да суди и да оценува, туку да пренесува информации.

 

ПРИЗНАНИЕ ИЛИ МАНИПУЛАЦИЈА?

Подолу во текстот се посочува дека специјалната обвинителка се фатила самата себе во лага, односно признала дека нема докази за изборен криминал.

„На новинарско прашање како ја коментира одлуката на Уставниот суд оклу Законот за помилување, Јанева рече дека доказите со кои располагало СЈО во 8о отсто го докажувале обвинението со кое во иднина имале намера да настапат. Со ова Јанева практично призна дека докази нема.“

На кој начин Јанева признала дека нема докази, во оваа медиумска содржина е објаснето на следниот начин:

„Ваквата изјава на Јанева е скандалозна сама по себе, бидејќи специјалната обвинителка со тоа што лицитира со бројки сама признава дека нема доакзи, бидејќи за да се покрене обвинение потребни се докази 100%, односно се друго е надвор од правниот систем.“  

Повторно имаме пример за убедување и за наведување на читателот кон нешто за што нема издржани факти. Каде пишува, односно во кој закон стои дека „за да се покрене обвинение потребни се докази 100 отсто“? Кој го кажува тоа, дали некој правник или друг познавач на материјата. Тоа не е посочено во текстот. Постојат обвинувања, но без никаква основа, што фрла сомнеж врз вистинитоста на напишаното.

Видливо е дека написот е политички мотивиран, во него нема никакви аргументи, туку само убедувања и манипулации. Така како што е скроен и пласиран, повеќе наликува на партиски инструирана објава, отколку на новинарски производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови