verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Строго контролиран и дисциплиниран пристрасен новинарски производ

on 7 - 06 - 2015       

 

 

[Рецензија: Избори во април, техничка влада нема- постигнат е договор за излез од кризата]

 

Текстот отвора дилема дали е ова извештај од истиот настан во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ на кој присуствувале и другите медиуми и дали и тие ја слушнале истата изјава на еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, по средбата со партиските лидери, или, непотпишаниот автор, кога требало да го напише текстот, ставил розови очила, па „видел и слушнал“ сосема нешто друго. Тоа што би им се допаднало на оние чии интереси ги штити, а не на јавниот интерес. Тоа го покажува уште во насловот, тврдејќи дека „Техничка влада нема да има-постигнат е договор за излез од кризата“ – кој тоа го кажал ?

FireShot Screen Capture #102 - 'Избори во април, техничка влада нема- постигнат е договор за излез од кризата I Република Online' -Линк до оригиналниот напис: Избори во април, техничка влада нема- постигнат е договор за излез од кризата
Датум и време на објавување: 02.06.2015, 21:28

Датум на рецензирање: 03.06.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

КРИВО ОГЛЕДАЛО

Ова е новинарски производ кој не го отсликува објективно настанот. Содржината е нејасна и контрадикторна од прва до последна реченица. Во обид од изјавата на Јоханес Хан да ја „истера водата на своја воденица“, авторот измислува потпишување на некаков договор меѓу власта и опозицијата за излез од политичката криза. Не водејќи грижа за почитување на новинарските стандарди, измислува факти, спомнува датуми и поентира нешто што не се случило.

Се добива впечаток дека ни новинарот, ни уредникот не го прочитале текстот уште еднаш пред да биде објавен, па не забележале дека во истиот пасус еднаш велат дека „на состанокот со Јоханес Хан власта и опозиција потпишале договор“, а подолу во истиот пасус дека „договорот ќе биде потпишан на 10 јуни“? Читателите остануват збунети што, всушност, се случило на настанот и кој е изворот на ваква информација, бидејки Хан во својата изјава не спомнал потпишување никаков договор.

„Политичките партии постигнаа договор со кој кризата во државата влегува во завршна фаза. Денешната лидерска средба со еврокомесарот Јоханес Хан меѓу власта и опозицијата резултираше со потпишан договор за парламентарни избори во април, како и временска рамка до кога треба да се договорат модалитети кои ќе допринесат за враќање на довербата на дел од политичките партии во изборниот процес. Потпис на тој договор ќе биде ставен во Брисел на 10 јуни.“

 

ПРИСПИВНА ЗА ПРЕМИЕРОТ

За да ги доубеди читателите во губитничката позиција на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, медиумот прави конструкција и измислува приказна дека на маса бил ставен некаков документ кој лидерот на опозицијата морал да го потпише и на тој начин да ретерира од своите ставови и барања за техничка или преодна влада, со што на премиерот му е зацврстена позицијата дека нема да има промени во извршната власт. Формулациите што се употребени во текстот не одговараат на вистината, бидејќи Хан во својата изјава никаде не спомнува потпишување на каков било документ со кој се дефинира позицијата на актуелната влада.

„Во документот на кој стои и потписот на Зоран Заев не се наведени термините преодна, техничка или било каква измена во извршната власт.“

Се работи за строго контролиран и дисциплиниран пристрасен новинарски производ во кој има вистини, полувистини и невистини склопени во мозаик за партиското членство на владејачката партија да добије доза оптимизам, што не е ни етички, ни од јавен нтерес. Со тоа не само што го руши угледот и интегритетот на медиумот, туку ја губи и доверба на читателите.

Прекршени се основните одредби на Кодексот на новнарите на Македонија, во кои пишува дека треба да се почитува правото на јавноста да биде информирана виситинито.

Прекршен е и членот 1, кој вели дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Точноста на информација треба да се провери колку што е тоа можно.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови