verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Информација има, новинарство нема

on 20 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Вработена-во-позната-скопска-слаткарница-претепа-дете-пред-сите-гости-crop-resize

 

[Рецензија: Вработена во позната скопска слаткарница претепа дете пред сите гости]

 

Во написов, кој е предмет на рецензија, информација има, но нема новинарство. Изворот на информацијата е статус објавен на фејсбук, но работата на новинарот сопрела тука.

Вработена во позната скопска слаткарница претепа дете пред сите гостиЛинкуван наслов на анализираниот напис: Вработена во позната скопска слаткарница претепа дете пред сите гости

Датум и време на објавување: 18.06.2015

Датум на рецензирање: 19.06.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Написот имa бомбастичен наслов и исто таков влез.

„Вработена во позната скопска слаткарница претепа 6 годишно дете пред сите гости.“

И толку е веста. Подолу е пренесена слика од фејсбук-статус на некоја мајка објавен во групата „Женски домаќински муабети“. Од напишаното се разбира дека мајката била сведок на немил настан, во кој вработена во скопската слаткарница „Шехерезада“ во Градскиот трговски центар, претепала шестгодишно детенце, бидејќи просело. Сведоци на настанот, според напишаното, биле и другите гости кои седеле во слаткарницата, како и луѓе од обезбедувањето на трговскиот, кои биле повикани да интервенираат, но се повлекле.

И приказната завршува тука. Наместо целосна вест, читателот добива половична вест гледана низ очите на извесна мајка која го напишала тоа на „Фејсбук“. Нејзиниот идентитет е непознат. Добро е тоа што новинарот ги следи социјалните мрежи бидејќи тие, во голема мера, се извор на информации, но лошо е кога таквите информации се пренесуваат без да се проверат.

Авторот на оваа вест не ги контактирал вработените во „Шехерезада“, не контактирал никого од обезбедувањето, ниту, пак, се обратил во МВР. Потврда на информацијата нема од никаде. Самото тоа ја доведува во прашање вистинитоста на веста. Задача на новинарот е кога ќе дојде до одредена информација, истата да ја провери од колку што е можно повеќе страни, а не само мрзливо да ја пренесе и тука да застане.

Поради таквата мрзеливост на дел од новинарите, во декември минатата година дел од порталите и другите медиуми направија огромна грешка кога од фејсбук-статус за киднапирано дете во „Рамстор“ напаравија драма, а истата информација не ја проверија. Подоцна се докажа дека веста била лажна, а демант имаше и од дирекцијата на „Рамстор“.

Очигледно ова не ги научило некои од колегите дека секоја информација не е вест и дека не може да се верува на сè што ќе се прочита на социјалните мрежи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови