verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: СДСМ самата си ја сруши веродостојноста – призна дека креираните разговори се сечени и полувистини

on 18 - 03 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-084-СДСМ-си-ја-сруши-веродостојноста-призна-дека-www_ku1-crop-resize

 

Текстот е конструкција направена од сецкани новинарски написи. За да се скрие манипулацијата со читателите, дадени се и линкови на споменатите написи. Веројатно се претпоставувало дека никој нема да ги отвори и да направи споредба со она што е објавено. А, ако се направи таква споредба, тогаш паѓа во вода тезата која е пласирана и во предолгиот наслов, кој е, всушност, и главната и, за жал, неточна вест, дека „СДСМ самата ја срушила веродостојноста на приказната со објавување на снимените разговори“

FireShot Screen Capture #084 - 'СДСМ си ја сруши веродостојноста- призна дека - www_ku

Линк до оригиналниот напис: СДСМ си ја сруши веродостојноста – призна дека креираните разговори се сечени и полувистини

Датум и време на објавување: 14.03.2015 14:15

Датум на рецензирање: 16.03.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

АМОРТИЗЕР ЗА КРИМИНАЛИТЕ НА ВЛАСТА

Преку, наводно, уловените грешки во текстовите на опозициските медиуми, се прави обид за амортизација на криминалите што се објавени со снимените разговори и се пласира веќе извергланата теза дека тие разговори се монтирани за да ѝ се наштети на владејачката партија. Но, се отишло уште подалку, па како „кукавачко јајце“ се подметнува тезата дека опозициската партија и самата тоа го признава. Сè тоа, меѓутоа, изгледа крајно неуверливо ако се прочита малку повнимателно колумната на која се повикува во текстот и написот во неделникот „Фокус“.

Тогаш може да се добие јасна слика дали е нешто монтирано, скратено од разговорот и, ако е, дали имало причина да се направи тоа. Но, во никој случај, со ништо не може да се докаже тезата дека се работи за објавување невистини, полувистини или монтажа на разговорот.
Целта е само што повеќе да дискредитираат претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и неговата партија и да се обвинат за политичката криза и за обид нелегално да дојдат на власт. Се повикува на „аналитичари“, кои редовно остануваат безимени.

Ако аналитичарите сакале да останат анонимни, тоа можело да се објасни и да се даде некаква нивна верификација. Во овој случај, можеме да се сомневаме дека се воопшто контактирани.

„Според аналитичарите, токму ова е и суштината на Зоран Заев, преку полувистини, сечени материјали извадени работи од контекст, чија релевантност ќе се утврдува низ институционална постапка, да создаде политичка криза и на тој начин да се отвори прилика да се дојде на власт. СДСМ си ја сруши веродостојноста. Призна дека разговорите кои ги објавува се сечени и дека се работи за невистини и полувистини. Тоа јасно се гледа од колумната на ударната медиумска тупаница на СДСМ Бранко Геровски, како и од брифинг- изјавата на портпаролот на партијата Петре Шилегов.“

 

ИЗНУДЕНО „ПРИЗНАНИЕ“

Во текстот, кој е строго наменски, апсолутно со ништо не се докажува и поткрепува тврдењето дека СДСМ признава оти разговорите што ги обајвува се неверодостојни, невистини и полувистини. Повикување покрај на „аналитичарите“ и на „изворот“ дека тоа „јасно се гледа од колумната на ударна медиумска тупаница на СДСМ“, не држи. Прво, не може колумна да се смета за валиден извор дека „партијата нешто признала“, затоа што колумна не е партиско соопштеие. Во неа нема ни повикување на валиден извор од самата партија.

Второ, направен е обид читателите да се убедат дека Геровски самиот „признава“ оти разговорите се креирани од СДСМ, па со тоа, според медиумот, е изнудено признание и од партијата дека тоа се случило. Геровски не е портпарол на СДСМ и не може да признава ништо во име на таа партија.

Меѓутоа, ножиците интензивно работеле кај непотпишаниот автрор на текстот, кој од споменатата колумна ја исекол најглавната реченица, која објаснува сè и јасно укажува на кого и за што се однесува неговиот став дека има невистини и полувистини.

Еве го тој дел од колумната.

„Двете алапачи причината за сообраќајката на Никола Младенов ја објаснуваат со некаква претходна негова кавга со неговата сопруга. Морам отворено да кажам дека таа теорија е чиста глупост! Проблемот со објавувањето на целосниот разговор е во тоа што тој содржи елементи од лична, интимна природа, кои се ирелевантни за политичките процеси, а содржи и невистини и полувистини, што морало на некој начин да се верификуваат и да се протолкуваат пред да се објават.“

 

ЅИРКАЊЕ НИЗ КЛУЧАЛКА

За да бидеме јасни до крај, употребените зборови – невистината и полувистината во колумната – се однесуваат на оцената од разговорот на „двете алапачи“ кои раскажуваат за семејниот живиот на сопружниците Младенови. Дали тие ѕиркале низ клучалната во нивната спална соба? Затоа, ако веќе се цитираат деловите од спомената колумна, тоа треба да се направи коректно и од неа да не се исфрлаат важните делови како овој:

„Ете зошто тврдам дека делот од разговорот меѓу Латас и Мијалков за Младенови е манипулативен. Кој од нив двајцата повеќе лаже, не можам да кажам. Како што не можам да кажам дали воопшто има вистина во делот од разговорот во кој Мијалков зборува за неговите (нивните) наводни планови со Бранко Црвенковски за Стевчо Јакимовски и за Андреј Жерновски. Ако се водиме од анализата за кажаното за Младенови, треба и овој дел од разговорот да го прифатиме со сериозна доза на сомнеж. Како и многу други делови од ова долго, 36-минутно „шапутање на јастуку“ меѓу двете другарчиња.“

 

НЕСЕОПФАТНА ИНФОРМАЦИЈА

За на читателот да му биде јасно за што се работи, информацијата мора да биде сеопфатна и не смее да прикрива податоци. Во овој случај, тоа не е направено и прекршен е првиот член на Кодексот на новинарите на Македонија. Се манипулира со цитати за да се потврди првобитната теза за признавање на „вината“ од СДСМ, дека правеле монтажа на разговорите и пласирале невистини. Со тоа на виделина излегуваат политичка пристрасност кон владејачката партија и обидот да се дисквалификуваат опозицијата и медиумите кои се критички настроени. Член 14 од Кодексот тоа го забранува и вели дека новинарот мора да обезбеди дистанца од политичките субјекти.

Да не правдаме никого, без сомневање мора да се посвети внимание на содржината на разговорите. Но, за објавувањето на деловите од овие разговори во кои се изнесуваат политички ирелевантни детали, понекогаш и такви од интимна природа, навистина нема никакво оправдување. Тоа го вели и членот 7 на Кодексот кој укажува дека новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

квалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови