verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ доби четврто дете

on 22 - 05 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

b-09876556677-0987-crop-resize

 

Кусо текстче. Требало да нѐ информира за среќната вест – принова во семејството на еден пратеник. Но, откако ќе се прочита написот лесно се воочува дека новороденчето било поводот, а причините за објавувањето на текстот биле други – и тоа политички. Пример за пребројување и истакнување на т.н. семејните вредности исклучиво во владејачкиот табор.

bЛинк до оригиналниот напис:  Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ доби четврто дете

Датум и време на објавување:  12.05.2014,  21:31

Датум на рецензирање:  16.05.2014  

Рецензент: Владимир Мирчески

 

МЕДИУМСКО „ВЕЛИЧАЊЕ“ НА ПАРТИСКИТЕ ПРОГРАМИ

Да бидам искрен, според мене, информација дека пратеник, независно кој и да е и на која политичка опција ѝ припаѓа, добил дете, новинарски гледано и не е некоја особена вест. Прво, сметам дека нова принова е чисто лична работа која не треба на „барабан“ да се разгласува. Второ, тазе таткото не извршува некоја од неколкуте врвни позиции во државава, па јавноста да е нешто ептен заинтересирана да дознае, туку пратеничка функција, а такви ги има 123 во парламентот. Па замислете ако се објавуваат информации за семејното проширување на повеќето пратеници. Тогаш ќе имаме собраниски „детски билтен“. Секако, имам разбирање дека новинарската побуда за пишување на текстот треба да се бара во фактот дека посочениот политичар добил четврто дете, но токму тука се крие „финтата“. А, таа е дека пратеникот е од редовите на мнозинството и тоа сознание е искористено за некакво си срамежливо „величање“ на владејачката партија и нејзиниот „пристап“ кон семејството и децата. Едноставно кажано, дел од скапите владини кампањи по медиумите за многудетни семејства како да се пресликани и во овој текст, ама строго селективно.

„Четириесетгодишниот Крсто Муковски и неговата сопруга веќе имаат две ќерки и еден син.

Покрај него, со многудетни семејства во ВМРО-ДПМНЕ се и Ромео Тренов, кој минатата година доби принова, како и Влатко Ѓорчев и Владимир Пешевски“.

Внимавајте, се споменуваат само луѓето од владејачката партија кои имаат повеќе деца. Зошто не се наведени и родители-политичари од опозицијата кои се во иста или слична позиција?

 

„ДАЛИ ВМРО-ОВСКИ ТРИЛИНГ Е ПОЈАК ОД СДСМ-ОВСКИ ПАР“?!

Навистина, не знам, а ниту ме интересира кој колку деца има, но претпоставувам дека сугурно некој опозиционер може да се пофали со две или три или пак повеќе. Или работава со покерски речник кажана е „ВМРО-овски трилинг е појак од СДСМ-овски пар“?!

Нејсе, крајно вулгарно е кога и на породот му се дава партиска конотација – „Еве видете и овие политичари, нели од ВМРО-ДПМНЕ, имаат голема рожба“. Конечно, зборуваме за чисто лична и интимна работа дали некој сака или може да има повеќе деца. Да не заборавиме дека економската ситуација, наспроти розовите реклами на владата, многу млади парови ги обесхрабрува за едно, а камоли за повеќе деца. Но, тоа е друго прашање и не е предмет на оваа рецензија.

Ако се задржиме чисто на содржината на написот јасно е дека нема многу нешта за фалење. Во ред, пратеник, секако од ВМРО-ДПМНЕ да не заборавиме, добил четврто дете и ништо повеќе. Таткото да беше музичар или актер веста ќе требаше да оди во рубриката забава, а не да ни се пласира како политичка новост. Фактот дека се зборува само за многудетни семејства кај владејачката партија доволно зборува за пристрасноста и неизбалансираноста на овој текст. Тоа е дополнително засилено и во самиот наслов каде се вели Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ доби четврто дете “. А зошто да не пишува дека „По четврт пат пратеник стана татко“? Оттука, како да произлегува дека поголема важноста има партиската припадност на таткото, отколку фактот дека по четврт пат ќе „думка“ бебе.

За крај, честитики до ново-стариот татко, и критики за текстот – селективен, пропагандистички и партиски обоен материјал.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

најверојатно е оригинал

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

„партиски“ информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови