verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Нема Македонци во Европа! Вели мапата на Карл Билт

on 13 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

03102015-MediaMK-Bilt-crop-resize

 

Во право, сосема во право, е читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ кога, предлагајќи ја оваа медиумска содржина за рецензија, вели: „…мапата не ја нацртал Карл Билт, туку некој друг …, само ја споделил. Сигурно не ја проверувал колку е точна.

Тоа е сосема точно зашто мапата изворно е објавена на социјалната мрежа „Редит“ (Reddit), а потоа и на „Брилиант мапс“ (Brilliant Maps), од каде што пристигнала преку ретвит на твитер-профилот на Карл Билт. „Редит“ е социјална мрежа на која корисниците споделуваат содржини во различни категории, а потоа членовите на таа заедница гласаат и дебатираат за таа содржина. Веб-страницата нема никакви научни, ниту, пак, политички претензии за некаква точност и само така треба да се гледаат тие содржини, иако се прилично читани. Интересно, слично како и коментарот на Билт.

А, твитот на Карл Билт не вели ништо друго освен:

European nations according to second largest nationality within them. Interesting.(Европските држави според втората најголема националност. Интересно.)

Но, на медиумот, чија содржина ја рецензираме, тоа му е најмалку битно. Она што е очигледно е дека авторот на оваа содржина реагира на клучни зборови. Во овој случај, налетале на активациската мотивација „Карл Билт“ и ја стартувале својата „вистина“ за профилот на шведскиот политичар.

03102015-MediaMK-BiltЛинк до оригиналниот напис: Нема Македонци во Европа! Вели мапата на Карл Билт

Датум и време на објавување: 11.03.2015 23:57

Датум на рецензирање: 11.03.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

За да ја оправдаат својата постапка, авторите на овој текст, прво ни нудат еден мини-портрет за Билт, се разбира сосема едностран, а со тоа и прилично проблематичен од професионален етички аспект: Бил познат застапник на растурањето на Југославија… Подржувач на акциите на муџахедините и на албанските паравојски во Косово и во Македонија… Како резултат на политиките на Билт и неговите истомисленици, ние во регионот сме во примирје кое ќе трае додека трае…

Во една таква рамка потоа е ставена целата содржина во која ниту еден елемент поврзан со мапата и со Билт – не е точен.

Констатиравме дека мапата не е на овој политичар, па така паѓаат во вода сите реченици што почнуваат со „Според Билт…“, „Мапата на Билт“, „Според него“. А, речиси цел текст, во прв план го става Билт како автор и виновник за оваа мапа.

Настрана сите останати „гревови“ што му се припишуваат на шведскиот дипломат, во однос на коментарите за Македонија, мапата и за Билт, ќе се послужиме со коментарот на нашиот читател кој ни предложи да ја рецензираме оваа содржина. Тој вели:

„Карл Билт бил (ли е, м.з.) тој што рекол дека нема Македонци во Европа затоа што не биле признати Македонците во Бугарија и во Грција!? Политиката на тие земји кон Македонците е апсолутно за осуда, ама Карл Билт не е вмешан во неа.“

Завршуваме со насловот на овој текст кој е, исто така, сосема несоодветно и без аргументи изведен. Имено, уште еднаш: Ниту мапата е на Билт, ниту, пак, каде било тој вели дека во Европа нема Македонци.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови