verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Kога наместо новинарски написи се пишуваат партиски соопштенија

on 16 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Кадрите-на-СДСМ-без-кредибилитет-полни-со-афери-и-скандали-crop-resize

 

[Рецензија: Кадрите на СДСМ без кредибилитет, полни со афери и скандали ]

 

Без разлика дали партиите препишуваат изрази од дел од медиумите или новинари пишуваат партиски соопштенија, па истите ги објавуваат како новинарски текст, коментирањето е недозволиво, едностраноста станува сè помалку убедлива, а изворот на финансирање на кој било медиум не е оправдание за непрофесионално известување.

Кадрите на СДСМ без кредибилитет  полни со афери и скандалиНаслов на рецензираниот напис: Кадрите на СДСМ без кредибилитет, полни со афери и скандали 

Датум и време на објавување: 8-4-2015

Датум на рецензирање: 14-4-2015

Рецензент: Александар Пешев

Вклучувањето на изјави и на извадоци од текстови објавени по други медиуми не помагаат ова писание да се класифицира како новинарски текст. Напротив, имаме форма на израз карактеристична за партиско соопштение. Коментирањето почнува во првиот дел на текстот.

„Компромитирани и без кредибилитет се главните кадри на СДСМ“

Имаме коментирање кое непознатиот автор се обидува да го оправда со изјави за да изгради случај, не почитувајќи неколку основни правила на новинарскиот израз. Пред сè, имаме отсуство на атрибуција, поточно, не е наведено кој ги дал тврдењеата наведени во објавата. Доколку нема консултирани соговорници, авторот е должен да ја повика прозваната страна и да ѝ даде можност да одговори, бидејќи новинарството нема функција да означува. Сè на сè, имаме еднострана објава со коментари насочени кон дискредитација на опозициската партија, но приказната не завршува тука.

„Низата скандали и афери се надополнува и со изјавите на медиумските перјаници на СДСМ кои се финансираат од фондацијата СОРОС.“

Непотврденото тврдење за опозициски медиуми финансирани од Фондацијата „Отворено општество Македноија“ (ФООМ) веќе подолго време протекува низ дел од медиумите. Симптоматично е што ваквите „прозиванки“ се чест елемент во партиските соопштенија на владејачката партија.

Додека нема формални критериуми за изработка на партиско соопштение, новинарскиот израз треба да се води по јасно зацртаните стандарди. Без разлика дали партиите препишуваат изрази од дел од медиумите или новинари пишуваат партиски соопштенија, па истите ги објавуваат како новинарски текст, коментирањето е недозволиво, едностраноста станува сè помалку убедлива, а изворот на финансирање на кој било медиум не е оправдание за непрофесионално известување.

Кон крајот на оваа објава има оддалечување од примарно наведената цел на текстот:

„Героски исто така го има навредено и македонскиот народ.“

Да резимираме: објавата во насловот најавува дека текстот се однесува на опозициската партија. Потоа, по логички тек, јасен само за непотпишаниот автор, со симптоматично сличен израз на партиските соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ, текстот се шири кон медиуми и фондации, за, на крај, да се фокусира на лична дикредитација. Кон крајот на ваквата турли-тава имаме завршен коментар, повторно насочен кон дискредитирање на опозицискиот СДСМ, повторно без атрибуција и без докази. Можеби би било подобро ако вакви објави се продуцираат само во центар за комуникации на политичка партија, бидејќи ваков текст, по ниту еден стандард, не претставува новинарска објава.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

и солидни и неквалитетни

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови