verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Информативност слаба, содржајност слаба, пристрасност силна!

on 22 - 06 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

[Рецензија: Премиерот сподели видео на Фејсбук: погледнете какво моќно видео сподели премиерот на Фејсбук!]

 

Зошто рецензија? Зашто е чиста и евтина пропагнада чие место е во партиските, а не во јавните гласила.

Firefox_Screenshot_2015-06-20T21-45-21.793Z

 

Рецензија: Премиерот сподели видео на Фејсбук: погледнете какво моќно видео сподели премиерот на Фејсбук!

Датум и време на објавување: 19.06.2015

Датум на рецензирање: 20.06.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ 

Без многу размислување. Ова е чиста политичка пропаганда, а не новинарски материјал. Земена е објава од фесјбук-профилот на премиерот и едноставно е залепена на портал што претендира да биде или, пак, се продава како информативен. Од новинарство овде нема ниту најмали траги. Нема каква било авторска интеревенција, туку само „копи-пејстирање“ на политичка порака во оригиналната видеоформа.

Пропаганда: идеи или изјави што често се лажни или преувеличени и што се шират за да се помогне одредена кауза, политички лидер, влада…

Оттука се гледа дека приложеното ги исполува условите за да се нарече пропаганда. Без срам и перде промотивниот видеозапис по повод 25-годишнината од формирањето на владејачката партија е претставен како вест во рубриката „Актуелно“. Притоа, нема ниту еден ред некаков текст што би дал до знаење дека, сепак, можеби имаме работа со некаков новинарски труд.

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот на новинари.

Минималниот, поточно никаквиот ангажман е заокружен со наслов што стомакот тешко го вари:

„ПРЕМИЕРОТ СПОДЕЛИ ВИДЕО НА ФЕЈСБУК: ПОГЛЕДНЕТЕ КАКВО МОЌНО ВИДЕО СПОДЕЛИ ПРЕМИЕРОТ НА ФЕЈСБУК!“

А „моќното“, всушност, е монтирано, за политички цели, „видео“ од „постигнувањата“ на актуелната власт со, секако и разбирливо, премиерот и лидерот на партијата во главната улога. Величење кое веќе преминува во идолопоклонство.

Информативност слаба, содржајност слаба, пристрасност силна! А што да се очекува од материјал инспириран само од партиската огласна табла на интернет?


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

нема ниту „а“ од авторство

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

квалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови