verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Смислено пласирање невистини

on 1 - 06 - 2015       

zaev-lider1-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: Додека Заев бара власт без избори, во СДСМ почнаа комбинаторики за нов лидер]

 

Овој текст со денови ја турка истата манипулативна теза. И истото се прави во сите провладини медиуми. Инаку, тука имаме случај на спин со целосно извртување на вистината. Се прави обид да се протурка некоја теза, која во ниту еден момент не може да се потврди. Тука не станува збор за „ненамерно“, туку за смислено пласирање невистини.

zaev lider1Линк до оригиналниот напис: Додека Заев бара власт без избори, во СДСМ почнаа комбинаторики за нов лидер

Датум и време на објавување: 30.05.2015, 15:00

Датум на рецензирање: 31.05.2015

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СПИН И НЕВИСТИНА

„Истите извори потврдуваат дека во СДСМ владее став дека покрај Заев треба да биде заменета и Радмила Шекеринска, особено заради аферата со плаќањето веројатно фиктивни кирии во висина од над 320. 000 евра од Дајнерс, за закупот на сопствените станови на семејството Јанковски-Шекеринска. Компанијата Дајнерс неколку недели молчи за овој скандал иако медиумите бараа одговор од компанијата.“

Текстов има цел да ја замагли реалноста, а врз неа се додава спинот со испревртени факти и така се добива текст кој има намера да ви го испере мозокот. Тоа, барем, се мислело дека ќе се постигне со овој напис.

Сепак, кога во еден текст има отсуство на вистина и на извори на информации (кои секако треба да имаат некаков белег, а не постојано да бидат анонимни и дури ни без приближнo нивно лоцирање), тогаш зборуваме за содржина која повеќе наликува на жолт печат, отколку на сериозно четиво.

„Секој од нив има свои предности но и недостатоци помеѓу членовите на СДСМ. Пендаровски си нанесе тешка политичка штета со навредливите изјави во кои граѓаните ги споредуваше со овци и животни, Гордан Георгиев пак бил повеќе заинтересиран за невладиниот сектор и неговото име се шпекулира за нов лидер на Сорос, а Ивановски го носи бремето на неговиот ментор Бранко Црвенковски. Но нивните имиња се вртеле на „Павел Шатев“.“

Во овој пасус не може да се тврди дека има вистина. Има шпекулации, кои не се поткрепени. Згора на сè, се продолжува и со спинот за Пендаровски кој, наводно, ги навредил граѓаните, а, всушност, се работи за извртување на неговата изјава. Никаде во провладините медиуми не беше пуштена таа фамозна изјава, а се зема дел од неа и се користи за манипулација со читателите.

Текстот е пишуван во стилот „ако не е овој, може да биде некој друг“ или „може да биде вака, ама може да биде и онака“. Тука имаме паушални претпоставки за тоа што ќе се случува во опозицискиот СДСМ. Докрај не се разработува оваа теза, а нема ниту изјава од „засегнатите“ страни. Да ги почестеле со прашање, барем текстот би бил колку-толку содржаен и објективен. Вака излегува дека како му се сонило на авторот, таков текст утрината напишал.

За овој пасус да биде барем малку веродостоен, морало да се контактира со луѓето што се спомнати, но тоа не е сторено.

 

ФАКТИ И КОМЕНТАРИ

„Во меѓувреме Заев и Шекеринска, велат извори од СДСМ применуваат една друга тактика, во која повторно во обид да ги задржат симпатиите помеѓу членството и да ја вратат нарушената доверба во партијата, преку нивни блиски медиуми и внатре во партијата пласираат теза дека СДСМ без власт ќе дојдела на избори преку некаква преодна или техничка влада, и продолжуваат да го лажат членството дека тоа е возможно.“

Текстот и понатаму продолжува со шпекулации за кои нема ниту една поткрепа. Така и оваа дека е нарушена довербата на Заев во партијата. За да се докаже вакво нешто, мора да се има некоја анкета како потврда или изјави од членови на одборите на партијата, кои ќе одат во прилог на ова. Но, во текстот нема ниту анкета, ниту изјави, туку само нафрлени моменти кои треба да се прикажат како точни.

Исто така, не може да се поткрепи ниту тезата дека е падната мотивацијата кај членството во партијата. Тоа не се гледа ниту на терен, зашто не можат да се забележат промени во „Камп на слободата“, на пример. Затоа се поставува прашањето: Каде се гледа дека е падната мотивацијата?

Целосно непрофесионално е да се мешаат фактите со коментарите на редакцијата (се претпоставува дека текстот е редакциски затоа што не е потпишан од автор). Веста мора да биде одвоена од коментарот. Тоа е алфа и омега во новинарството.

Овој текст, инаку, е строго наменски и апсолутно ништо не потврдува. На крајот може да се заклучи дека е креиран според однапред зададени насоки, во кои главен лик треба да биде лошата и неорганизирана опозиција.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови