Kога наместо новинарски написи се пишуваат партиски соопштенија
Објавено во Рецензии
on 16 - 04 - 2015 Автор: Александар Пешев
[Рецензија: Кадрите на СДСМ без кредибилитет, полни со афери и скандали ]
Без разлика дали партиите препишуваат изрази од дел од медиумите или новинари пишуваат партиски соопштенија, па истите ги објавуваат како новинарски текст, коментирањето е недозволиво, едностраноста станува сè помалку убедлива, а изворот на финансирање на кој било медиум не е оправдание за непрофесионално известување.
Наслов на рецензираниот напис: Кадрите на СДСМ без кредибилитет, полни со афери и скандали
Датум и време на објавување: 8-4-2015
Датум на рецензирање: 14-4-2015
Рецензент: Александар Пешев
Вклучувањето на изјави и на извадоци од текстови објавени по други медиуми не помагаат ова писание да се класифицира како новинарски текст. Напротив, имаме форма на израз карактеристична за партиско соопштение. Коментирањето почнува во првиот дел на текстот.
„Компромитирани и без кредибилитет се главните кадри на СДСМ“
Имаме коментирање кое непознатиот автор се обидува да го оправда со изјави за да изгради случај, не почитувајќи неколку основни правила на новинарскиот израз. Пред сè, имаме отсуство на атрибуција, поточно, не е наведено кој ги дал тврдењеата наведени во објавата. Доколку нема консултирани соговорници, авторот е должен да ја повика прозваната страна и да ѝ даде можност да одговори, бидејќи новинарството нема функција да означува. Сè на сè, имаме еднострана објава со коментари насочени кон дискредитација на опозициската партија, но приказната не завршува тука.
„Низата скандали и афери се надополнува и со изјавите на медиумските перјаници на СДСМ кои се финансираат од фондацијата СОРОС.“
Непотврденото тврдење за опозициски медиуми финансирани од Фондацијата „Отворено општество Македноија“ (ФООМ) веќе подолго време протекува низ дел од медиумите. Симптоматично е што ваквите „прозиванки“ се чест елемент во партиските соопштенија на владејачката партија.
Додека нема формални критериуми за изработка на партиско соопштение, новинарскиот израз треба да се води по јасно зацртаните стандарди. Без разлика дали партиите препишуваат изрази од дел од медиумите или новинари пишуваат партиски соопштенија, па истите ги објавуваат како новинарски текст, коментирањето е недозволиво, едностраноста станува сè помалку убедлива, а изворот на финансирање на кој било медиум не е оправдание за непрофесионално известување.
Кон крајот на оваа објава има оддалечување од примарно наведената цел на текстот:
„Героски исто така го има навредено и македонскиот народ.“
Да резимираме: објавата во насловот најавува дека текстот се однесува на опозициската партија. Потоа, по логички тек, јасен само за непотпишаниот автор, со симптоматично сличен израз на партиските соопштенија од ВМРО-ДПМНЕ, текстот се шири кон медиуми и фондации, за, на крај, да се фокусира на лична дикредитација. Кон крајот на ваквата турли-тава имаме завршен коментар, повторно насочен кон дискредитирање на опозицискиот СДСМ, повторно без атрибуција и без докази. Можеби би било подобро ако вакви објави се продуцираат само во центар за комуникации на политичка партија, бидејќи ваков текст, по ниту еден стандард, не претставува новинарска објава.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
и солидни и неквалитетни
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови