Рецензија: Владата го фалсификува европскиот извештај за Македонија?
Објавено во Рецензии
on 24 - 10 - 2014 Автор: Оливера ВојновскаНаписот што го рецензираме е убав пример за тоа како е сѐ кажано во само неколку реда. А, преку линкување на клучните зборови, на читателската публика ѝ е оставено самата да се увери во вистинитоста на објавената содржина.
Линк до оригиналниот напис: Владата го фалсификува европскиот извештај за Македонија?
Датум и време на објавување: 20.10.2014, 14:06
Датум на рецензирање: 23.10.2014
Рецензент: Оливера Војновска
КЛУЧОТ ВО ДВАТА ЛИНКА
Извори на информации во овој материјал се Извештајот за процесот на асоцијација на Република Македонија кон ЕУ и преведениот текст на овој документ објавен на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања.
Всушност, станува збор за куса вест која информира дека:
„Во официјалниот превод на годишниот извештај за напредокот на Македонија, објавен на официјалната страница на владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), ги нема првите страници од оригиналот, кои се всушност заклучоците на Брисел.
Во тие заклучоци се спомнуваат термините backsliding (опаѓање на интензитетот на реформите) и backward (назадување во сферата на медиумите, судството и во други области).“
За одбележување е тоа што во написот се ставени директни врски (линкови) до посочените документи (официјалниот превод и оригиналот), за да можат читателите самите да прочитаат и да донесат заклучок дали тоа што се тврди е точно или не.
Според објавите на официјалната веб-страница на Секретаријатот за европски прашања (апликацијата „документи“ што се наоѓа на средниот дел на главната страница каде може да се отвори Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2014 година), се гледа дека во македонската верзија навистина недостигаат три страници, кои ги има во оригиналот, што укажува на тоа дека преводот и оригиналот се разликуваат.
Па, ваквата „дупка во преводот“, кај авторот на веста буди сомнеж дека „СЕП практично го фалсификува европскиот извештај“. Истата поента тој ја истакнува и во провокативниот наслов:
„Владата го фалсификува европскиот извештај за Македонија?“
Сепак, јавноста самата ќе процени дали во верзијата што ја прикажува СЕП има премолчување на важни оценки изнесени во оригиналниот Извештај на Европската комисија. И, дали се работи за бениген или суштински пропуст ставен во функција на креирање на една позитивна слика за правецот во кој се движи државата на патот кон ЕУ. А, клучот за тоа е токму во двата линка – техника која, некако, тешко го пробива „мразот“ во македонските медиуми. Така што, приодот и начинот на кој е спакуван и пласиран овој новинарски производ заслужува позитивна рецензија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови