verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: Блокирани сметките на Актор, Европската комисија ги повика властите на истрага

on 7 - 04 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

21-098009988-0987654-crop-resize

Навистина ми се прави голем мерак кога по подолг период имам можност да прочитам квалитетно новинарско четиво како што е ова. Школски пример за добро одработен текст кој се занимава со исклучително важна тема – сериозни индиции за корупција на високо ниво. Написот добива на тежина и со самиот факт зашто открива нови, многу важни моменти од целиот случај инаку првично обелоденет од опозицијата. Значи, имаме голема вест, кредибилни извори, теренско истражување, што значи сите елементи за одлична новинарска сторија.

2Линк до оригиналниот напис: Блокирани сметките на Актор, Европската комисија ги повика властите на истрага

Датум и време на објавување:  02.04.2014, 14:59

Датум на рецензирање:  03.04.2014

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„БОМБА-ИНФОРМАЦИЈА“ НОВИНАРСКИ ПОКРИЕНА ОД СИТЕ СТРАНИ

Темата која се обработува е премногу сериозна, особено за оние кои се директно засегнати, за туку-така да се пласира ваква бомба – вест. Затоа, новинарот максимално се потрудил изнесените информации да бидат „покриени“ од сите страни за да нема каква било дилема во вистинитоста на изнесените наводи. За тоа потребни се, пред сѐ, кредибилни извори, а нив во овој текст ги има. Првичната, начуена информација од внатрешни извори во компанијата–изведувач е потврдена и од градоначалникот на градот близу кој се прави автопатот. Дека има нешто сомнително, на што укажа опозицијата, во написот индиректно е потврдено и од Брисел, чии пари, исто така, се во игра, кој „дипломатски“ ја упатува македонската Влада дека случајот мора темелно да биде истражен. Но, авторот не останал само на тоа, туку отишол и на терен каде непосредно од работниците, чиј идентитет го заштитил, добил изјави дека навистина има отпуштања, бидејќи градежните работи во голем дел се стопирани поради блокираната сметка на фирмата. Што повеќе? Сѐ си е заокружено.

„Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“ – член 1 од Кодексот на новинарите;

„Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити“ – член 4 од од Кодексот на новинарите.

 

ДОБРИ КОМПОНЕНТИ, ОДЛИЧНА ПРИКАЗНА

Кога коцките се убаво наредени и конечната целина добива добар лик. Така е и во овој случај – извонредна содржина чија нитка-носилка е токму експлозивната вест дека работите на автопатот, инаку бомбастично најавуван проект на актуелната владејачка гарнитура, повеќе тапкаат во место, отколку што се движат напред. Многу солидна е и т.н. „background“ – компонента. Не предолго, но сосема доволно е објаснета позадината на целиот случај – како е отворен, кој е инвловиран, како се однесувала компанијата – изведувач, која е позицијата на надлежните институции – обвинителството, итн…

Оттука, нема дилема за оригиналноста на текстот, чиј автор, за разлика од многу досега рецензирани написи, јасно е наведен.

Насловната конструкција е апсолутно коректна, бидејќи накусо и ефектно, но без непотребен сензационализам и тенденциозност, го сумира основното во текстот. Ако насловот го поистоветиме со една реклама, тогаш може да речеме „добра реклама за добра роба“.

Сѐ на сѐ БРАВО.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

коректен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови