verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Есеј-турлитава“ полн со сарказми, навреди и со омраза

on 17 - 09 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-113-Заевото-ново-руво-I-Република-Online-republika_mk__p479665-crop-resize

 

[Рецензија: Заевото ново руво]

 

Политичките мотиви кои се лансирани во овој текст се доволно очигледни. Тековната кампања за демонизација на политичкиот противник во овој случај, СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев, заокружена е во вид на пропагандна стереотипна „теревенка“ преточена во овој, како новинарска форма недефиниран текст. Се случува во сенка на завршницата на изборот на специјалниот обвинител што во корен ќе ја промени политичката клима во државата.

FireShot Screen Capture #113 - 'Заевото ново руво I Република Online' - republika_mk__p=479665Линк до оригиналниот напис: Заевото ново руво

Датум и време на објавување:
12.09.2015, 09:37

Датум на рецензирање: 15.09.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

ПАРАКНИЖЕВНОСТ

Текстот има амбиции да биде паракнижевност што се гледа и од овој цитат:

„Про­ѕир­на­та фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја на са­мо­прог­ла­се­ни­от мур­тин­ски спа­си­тел го из­да­ва се­кој не­гов обид за ла­га, не­што што тој по­сто­ја­но го пра­кти­ку­ва, а, спо­ред кон­стант­но­ста, е чин за кој ве­ру­ва де­ка е ро­ден. Нај­ве­ро­јат­но, еки­па­та око­лу не­го има ед­на и единс­тве­на це­ла – да го ку­ра­жи се­кој пат ко­га пси­хич­ки ќе пад­не и ќе ја по­чув­ству­ва ви­сти­на­та де­ка е „сто­ка“ за ед­на упо­тре­ба“

Во овој „есеј-турлитава“ полн со сарказми, навреди и со омраза, авторот кој се потпишал со полно име и презиме, не се потпира на факти и не ја пренесува објективно сликата која му е лајт-мотив во приказна, туку прави конструкции, одредува „дијагнози“ и дели лекции.

 

КОЈ НЕ Е СО НАС – ТОЈ Е ПРОТИВ НАС

Лајт-мотивот е „раскинување на коалцијата“ помеѓу СДСМ и „Граѓаните за Македонија“. Во текстот нема ни обид објективно да се прикажат мотивите за ова „раскинување“. Свесно се прави селекција на информации и преку сопственото толкување полно со сатанизација, дискредитација и со омраза кон политичкиот противник, се обидува директно да влијае на формирање на јавното мислење и на ставот на секој поединец. Притоа, не само што го навредува лично него, граѓаните на Македонија и цела категорија на невладиниот сектор кој не е приклонет кон владеачката партија, туку се пресметува и со довчерашниот коалициски партнер, политичката партија ДОМ, упатувајќи ѝ навреди.

Со тоа оди и збирштина на пораки и на препораки до граѓаните кои неговото мислење треба да го прифатат „здраво за готово“.

„Се­пак, кол­ку потс­меш­ли­во и да гле­да­те на „рас­ки­ну­ва­ње­то“ на За­ев со т.н. НВО, кои ко­га, не­ко­гаш во ид­ни­на, СДСМ ќе по­бе­ди ќе мо­ра­ат да се пре­кр­стат во ВО или во НЛО, факт е де­ка од овој по­тег на ли­де­рот на­ро­дот не­што и на­у­чи… Ве­ру­ва­ле или не, но СДСМ рас­ки­на со не­ве­ро­јат­ни 82 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции?! има­ло и це­ли 15 пар­тии во ко­а­ли­ци­ја­та?! Ви оди ли умот на­кај ДОМ? Не, не, тие се „не­за­вис­ни“. На­стра­на, лес­но пре­врт­ли­ви и мно­гу зе­ле­ни…“

Убеден дека својата аргуменатција ја презентира во „климатизиран“ простор, смета дека општеството веќе се наоѓа во формиран контекст на толкување и на рефлексија на новиот политички миг што е произлезен од значењето и од интерпретацијата на настаните. Тој е убеден и тоа убедување го пренесува на читателите дека Груевски и во видно изменетиот политички контекст ќе ја извојува изборната победа, односно однаперед го прогнозира поразот на СДСМ на изборите од страна на ВМРО–ДПМНЕ.

Генерално, текстот не може да се дефинира како новинарска форма, бидејќи не пренесува информации, нема извори, не е коментар, не е колумна, во конфузна содржина има трансплантирано дел од некаква си колумна на друг автор и како таков не може да се анализира од апсект на Кодексот на новинарите на Македонија или ИФЈ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови