verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Водачот на ИД брутално убива христијанско бебе!

on 6 - 10 - 2014       
Овој напис го има и на: Албански

voznemiruvacki-fotografii-crop-resize-covered

Овој напис, покрај тоа што има крајно вознемирувачки фотографии, кои по ниту еден основ не би смееле да се најдат во новинарски производ, е целосно невистинит. Згора на тоа, тој полн со предрасуди и стереотипи, а е објавен на портал првично наменет за информирање на Македонците во Австралија. Сето ова предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, зашто Македонците иселени од родната земја, сето тоа (пред сѐ, поради стереотипите) го поврзуваат со етничките односи во Македонија, што, пак, сосема ја извртува реалната слика.

voznemiruvacki-fotografii-skrinshot-covered-black-final(НАПОМЕНА ПРЕД ОТВОРАЊЕ НА ДОЛНИОТ ЛИНК: Крајно вознемирувачки фотографии) 

Линк до оригиналниот напис: ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Водачот на ИД брутално убива христијанско бебе!

Датум и време на објавување: 20.09.2014

Датум на рецензирање: 03.10.2014

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СТАРИ ПРИКАЗНИ

Овој текст е целосно невистинит. Фотографиите кои се објавени се стари и по неколку години и воопшто не се од настанот кој е опишан во текстот. Односно овие фотографии не се направени сега, ниту во Ирак, ниту во Сирија, туку на друго место, во друго време и од други причини.

Тоа го потврдува и порталот snopes.com, кој се занимава со истражување на вистинитоста на текстовите, а овој текст е оценет како FALSE (неточен/невистинит):

Фотографиите прикажани погоре се стари неколку години и нема никаква врска со ISIS или убивање на бебиња. На фотографијата е духовен исцелител во Бангладеш со име Амзад Факир (Amzad Fakir) кој беше уапсен од локалните власти уште во 2010 година под обвинение дека лажно се претставувал како исцелител на луѓе опседнати со духови.

Подолу на фотографиите се гледа обезглавено девојче, но и тие фотографии се од пред две години (17.09.2012), а egyptianchronicles.blogspot.ca објавува дека:

Ова е сцена што можете да ја замислите само во хорор филмови, во садистички хорор филмови каде може да се видат трупови без глава на деца. Но,тоа не се случило во Сирија! Овие фотографии се од бомбардирање на хеликоптер во некое село.

Текстот нема извори, туку категорично се тврди дека фотографиите се од злосторствата на ИСИС во Сирија. Притоа, се заборава на новинарското правило дека секоја информација мора да биде проверена. Со само неколку кликови на интернет можело да се потврди дека оваа вест или фотографиите во неа се лажни, односно дека не се актуалени, туку дека се стари со години и од други настани. Тоа не е сторено и намерно се сакало да се предизвика паника и страв кај читателите. Насловот, иако е ставен со предупредување, е невистинит. Башка што оние читатели, кои следат што се случува во Сирија, знаат дека водачот на ИД воопшто не изгледа како овој човек на фотографијата. Овој текст не може да се класифицира како новинарски производ, со оглед на тоа што нуди збирштина од фотографии собрани низ интернет, кои се од различни настани и локации и потоа истите се само „фрлени“ заедно за да биде фабрикувана „приказна“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

верска дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

вознемирувачки и неприкладни за објавување

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови