Знаењето најдобро штити од грешки во текстовите
Објавено во Рецензии
on 28 - 02 - 2017 Автор: Југослава Дуковска[Рецензии: (ВИДЕО) Психијатар Хаџи-Ангелковски: Тие што повикуваат на омраза и војна се нацистички психопати]
Рецензираме напис со видеоприлог кој донесува интересно стручно согледување на актуелните политички состојби во македонското општество, гледани низ стручната диоптрија на клинички психијатаар. Но, текстот поради погрешно разбран збор треба да добие негативна оценка, бидејќи ги дезинформира своите медиумски консументи. Имено, на прашањето на новинарот како ги толкува актуелните испади на јавни личности, кои преку социјалните мрежи отворено застанаа зад агресивната пропаганда на една политичка партија, па дури и отворено повикуваат на насилства, психијатарот тие личности ги оквалификува како веројатни „нарцистички психопати“, односно личности со клиничка дијагноза со патолошки манифестации на однесување. Тој истакнува и дека меѓу политичарите има доста нарцистички психопати и тие се способни да мотивираат големи маси на луѓе што може да доведе до крвопролевање.
Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) Психијатар Хаџи-Ангелковски: Тие што повикуваат на омраза и војна се нацистички психопати
Датум и време на објавување: 20.02.2017, 14:13
Датум на рецензирање: 26.02.2017
Рецензент: Југослава Дуковска
„НАЦИСТИЧКИ“ НАМЕСТО „НАРЦИСТИЧКИ“
Проблемот со овој напис е што во насловот, а и во самиот текст, називот „нарцистички“ е заменет со зборот „нацистички“, што на самиот исказ на психијатарот му дава комплетно поинакво значење. Не треба посебно да се елаборира дека нарцисизмот (нарцизмот) е нарушување на личноста и како такво предмет на проучување на психологијата, додека, пак, нацизмот е тоталитаристичка идеологија. Поенатата е дека исказот на соговорникот, поради оваа непрецизност, е погрешно пренесен и таа грешка го довела изворот на информацијата, во случајот соговорникот, кој е сосема квалификуван извор, во позиција да биде неверодостоен.
„Меѓу политичарите има таканаречени нацистички психопати, голем дел од нив се такви кои сметаат дека нивното право е единствено право, дека имаат право да одлучуваат за нас и тоа е најопасно, вели за А1он Хаџи-Ангелковски“.
Коректно е, сепак, да се истакне и дека на снимката на разговорот со психијатарот зборот „нарцистички“ е релативно неразбирливо изговорен, што може да биде причина зошто потоа е така напишан. Сепак, претпоставка е дека еден едуциран новинар би требало да знае да ја направи разликата и дека има основни познавања на стручната терминологија како на психологијата, така и на социологијата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
Повеќето наводи се точни, но погрешно е пренесен клучниот поим
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
несензационален
соодветен
насловот е збунувачки бидејќи содржи грешка
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови