verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Злоупотребено фејсбук-самопослужување

on 14 - 12 - 2016       

republika

[Рецензија: Членството и симпатизерите на СДСМ бараат одговорност од Заев и Шекеринска]

 

Премногу е непрофесионално да земете содржина од некоја социјална мрежа и потоа само врз основа на тоа да креирате медиумска содржина што генерализира и генерира став кој, наводно, го застапуваат многумина.

Таков проблем во себе има текстот што го рецензираме. Селектиран е еден личен став, на личен профил на социјална мрежа и од него се изведени наслов и содржина кои афирмираат илузија, односно – невистина. Зашто, како може да се повикувате на членството и на симпатизерите, а зад барањето за одговорност стои само една личност?!

Освен тоа, ние не гледаме, не читаме никаде во содржината дека е добиена дозвола за користење на тој став, а тоа е неопходно. Така сугерира лекцијата со наслов „Преземање од „Фејсбук“ за јавна објава без согласност е незаконско“. Таму е јасно речено дека без разлика на тоа што на социјалната мрежа „Фејсбук“ нејзините корисници ја дале својата согласност нивните содржини да бидат јавно објавени на интернет и дека не може да очекува апсолутна приватност:

„Сепак, согласноста на корисникот да објави негови фотографии на приватен профил, без разлика на тоа на колку други корисници таа ќе им биде достапна, не значи и негова согласност за тие да бидат реобјавувани на други веб-страници или медиуми“.

12142016-republika-ostavkaЛинк до оригиналниот напис: Членството и симпатизерите на СДСМ бараат одговорност од Заев и Шекеринска

Датум и време на објавување: 13.12.2016, 14:23

Датум на рецензирање: 14.12.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ЗЛУОПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Така стојат работите кога се преземаат содржини и кога приватните профили се користат како извори. Важат истите правила како и за другите, вообичаени извори на информации: согласност, атрибуција, соодветна контекстуализација…

Уште една новинарска лекција на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ) упатува на владеење на добрите практики кога е во прашање користењето на социјалните мрежи како извори. Лекцијата „Од извори блиски на „Фејсбук“…., па на национална телевизија“, вели дека секој новинар кога посегнува по информации на социјалните мрежи, треба да си ги постави следните прашања:

  • Која од информациите што можат да се најдат на „Фејсбук“ е релевантна за да биде пренесена во медиумите?;
  • Имаат ли новинарите време да ја проверат информацијата со целата нејзина содржина?;
  • Каде редакцијата ќе постави граници помеѓу она што е релевантно и она што директно нарушува нечие право?

Ако овие прашања немаат одговор и ако нема согласност за „употреба“ на информации што изнесуваат мислење на личен профил, тогаш имаме злоупотреба, манипулација и политичка пристрасност, како во овој случај.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови