verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Злонамерни и неосновани обвинувања

on 22 - 09 - 2016       

infomax

[Рецензија: ЗЕКИРИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО ТЕРОРИСТИТЕ: Убијци, терористи и криминалци од Косово вклучени во црно сценарио на СДСМ!]

 

Неосновани обвинувања за наводни средби со криминалци и со терористи немаат место во каква било објава насочена кон јавноста, најмалку во новинарски текст. Имаме едностран напис, ставен во функција на оцрнување на личност која неодамна се приклучи кон најголемата опозициска партија, а истовремено во него се напаѓаат и други членови на СДСМ. Повикот за прозваните да се изјаснат за обвинувањата не е оправдан со нотирање дека редакцијата направила обид да ги контактира.

zekiri-potvrdi-deka-se-sretnal-so-teroristite-ubijci-teroristi-i-kriminalci-od-kosovo-vklucheni-vo-crno-scenario-na-sdsm-infomax-mkЛинк до оригиналниот напис: ЗЕКИРИ ПОТВРДИ ДЕКА СЕ СРЕТНАЛ СО ТЕРОРИСТИТЕ: Убијци, терористи и криминалци од Косово вклучени во црно сценарио на СДСМ!

Датум и време на објавување: 18.09.2016

Датум на рецензирање: 21.09.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

СПИНУВАЊЕ

Коментаторскиот и тенденциозен наслов ги најавува неиздржаните тврдења, кои примарно се насочени кон лична дискредитација на член на опозициската партија. Токму тука се согледува политичката пристрасност на објавата.

Наместо почитување на професионалните стандарди кои диктираат дека именуваниот во текстот мора да добие можност да одговори за обвинувањата упатени на негова адреса, имаме употреба и спинување на информации од социјалните мрежи:

„Мухамед Зекири, новинарот платен од СДСМ , во функција на партиски член на највисокото раководство преку социјалните мрежи ги потврди информациите кои ги објави Република, а се однесуваат на негова средба со лица од косовското криминално терористичко миље“.

Во продолжение следуваат фотографии за кои не е нотиран изворот, кои, наводно, треба да ги потврдат изнесените тврдења. Ниту една од приложените фотографии не дава директна потврда на тврдењата дека Зекири „се сретнал со терористи“. Наместо изјава од прозваниот и цврсти докази за изнесените тврдења, имаме ново прозивање во релативно долга и навидум конфузна реченица:

„Сепак, Зекири иако ги прочитал наводите во текстот „Зекири подготвува косовски криминалци за изборни инциденти?“, не одговара на јавно поставените прашања, дали средбата со овие лица познати и по делување во Македонија во предизвикување изборни нерегуларности како и поврзаност со терористички групи, меѓу кои и онаа во Бродец позната како акција „Планинска бура“, била во насока на организирање на група која ќе го наруши изборниот процес, или, уште полошо, да предизвика безбедносна криза во која одржувањето на изборите би се довело во прашање, како дел од обидите на СДСМ да избега од нив заради катастрофалниот рејтинг, особено откако токму Зекири, познат по неговите радикални ставови и врски, е вработен член на партиските органи?“

Клучното спорно прашање е како се знае дека Зекири ги прочитал наводите во посочениот текст, во отсуство на информации дека медиумот го контактирал членот на СДСМ? Наместо на читателот да му се каже барем дека е направен обид да се обезбеди изјава, медиумот се става во функција на јавен судија и повторно го прозива Зекири да се изјасни за јавно поставени прашања. Како? Не се знае.

 

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Текстот продолжува со ширење неосновани обвинувања за кои постои потенцијал да предизвикаат паника: дека наводно постои план да се предизвика безбедносна криза и да се наруши изборниот процес. Политичката пристрасност дополнително се потврдува со коментарот дека СДСМ има катастрофален рејтинг, информација за која не се презентирани докази.

Новинарот повторно се прозива дека не дал одговор „дали оваа средба со косовските криминалци и осудени убијци била тема на средбата во МВР кај генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски кој во моментов е технички министер?“. Дополнително имаме и обид за дискредитација на уште еден член на опозициската партија, а нема информација дека кој било од двајцата бил побаран за изјава за да се изјасни околу ваквите непотврдени обвинувања.

Следува уште еден коментар кој ја потврдува полтичката пристрасност:

„Тоа што и на Зекири му е јасно дека навистина со изборите доаѓа крајот на криминалците и дека граѓаните ќе дишат слободно, но не во онаа насока во која од СДСМ се обидуваат да ја лажат јавноста“.

Во согласност со професионалните стандарди, медиумот:

  • е должен да обезбеди изјави од прозваните страни или да нотира дека обидот за обезбедување став од засегнатата страна бил неуспешен;
  • не смее да изнесува паушални обвинувања со презентација на видно неиздржани тврдења и јавно да повикува лица да се изјаснат по обвинувањата без да нотира дека е направен обид истите да се контактираат;
  • не смее да се става во улога на судија, користејки коментари за тврдење дека „со изборите доаѓа крајот на криминалците“ (Кој го вели ова? Кој ги осуди именуваните за криминал?);
  • не смее да зазема страна во улога на партиски напаѓач во полза на спротивната политичка опција.

Но, за жал, во конкретниот случај, на читателите им е понуден тенденциозен и нагласено пристрасен напис, во кој не се испочитувани ваквите правила на добрата новинарска практика.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови