Жива брука од текст!
Објавено во Рецензии
on 8 - 04 - 2016 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите]
Овој текст е класичен пример за ширење дискриминација и за прекршување на основното правило во новинарската игра – пренеси ја втората страна.
Линк на оригиналниот напис: Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите
Датум и време на објавување: 05.04.2016
Датум на рецензирање: 08.04.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ДИСКРИМИНАЦИЈА БЕЗ ГРАНИЦИ
Написот во насловот содржи диксриминаторски коментар нагласувајќи дека министерот Николовски е „геј-правник“. Сексуалната ориентација на министерот, без оглед на тоа каква е таа, во случајов нема никаква врска ниту, пак, треба да се истакне. Со самото тоа што се нагласува дека тој наводно бил хомосексуалец, написот врши дискриминација и на тој начин го прекршува членот 10 од Кодексот за новинари, во кој јасно е наведено дека:
Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
Вториот проблем во овој текст е што со него се напаѓа Николовски дека „уште еднаш покажал тотално непознавање на законите и прописите и дека продолжува да изнесува невистини во јавноста“.
Притоа, се пренесува демант од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде тој е заменик министер, а никаде не се спомнува што кажал Николовски и за што го демантираат. На тој начин, читателот не може да има увид дали искажаното во демантот е веродостојно или не.
Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека овој текст е политички мотивиран и дека има цел да ја убеди јавноста дека она што заменик министерот на СДСМ го зборува е неточно, иако читателите немаат можност да прочитаат за што точно станува збор.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
дискриминација според сексуална ориентација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови