Желбите се едно, а професионалните вести сосема друго
Објавено во Рецензии
on 17 - 01 - 2017 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Дали ќе му се исполни желбата на Мендух Тачи да стане заменик-премиер на Груевски?!
Давањето на мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ја зачуди јавноста во земјата, а и меѓународната.
Експертите за правни прашања велат дека овој акт е противзаконски, затоа што Никола Груевски го нема парламентарното мнозинство за да биде токму тој мандатар на новата влада. Дел од експертите велат дека ќе треба да се состави експертска влада.
За одлуката на Иванов да му се даде мандатот на Груевски, денеска се изјаснија и од Алијансата за Албанците и од Движењето Беса, пишува „Тетова 1“. Алијансата за Албанците е категорична што се однесува до одлуката да не биде дел од новата влада заедно со Никола Груевски. Од Движењето Беса велат дека нема да влезат во владина коалиција со лица кои се под истрага од Специјалното јавно обвинителство.
Единствените што не се изјасниле досега и кои молчат, се 10 пратеници на ДУИ и два пратеника на ДПА.
По овој молк на овие албански политички партии, во јавноста се поставува прашањето, дали Мендух Тачи ќе биде новиот заменик-премиер во владата на Груевски?“/Teтова 1/
[Рецензија: „Дали ќе му се исполни желбата на Мендух Тачи да стане заменик-премиер на Груевски?!“]
Дилемите на новинарите околу случувањата за кои известуваат можат да бидат многубројни. Не е погрешно ако јавноста се информира за можните сценарија околу тоа што може да се случи. Но, и за очекувањата треба да има објаснувања, аргументи: зошто е така, како било во минатото, што е кажано и како се дејствувало и кои се целите на дејствата што произлегуваат од тие сценарија. Поставувањето на прашањата и отворањето на дилемите без да се понуди ниеден одговор, не ја информираат јавноста.
Линк до оригиналниот напис: „Дали ќе му се исполни желбата на Мендух Тачи да стане заменик премиер на Груевски?!“
Датум на објавување: 09.01.2016, 15:34
Датум на рецензирање: 11.01.2017
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Првиот проблем со овој пренесен напис се гледа уште во насловот, затоа што не само што се отвара една дилема за која не се дава одговор во продолжение на текстот, туку се дава и тенденциозен коментар кога се вели „заменик-премиер на Груевски“. Заменик-премиерот е дел од владата. На почеток на текстот има обид да му се даде поголема важност на тоа што е кажано, оценувајќи го како „зачудувачко за јавноста во земјата и за меѓународната јавност“, но без да се цитира ниедно лице што би ја претставувало таа јавност. Најголемиот дел од текстот е само обично повторување на ставовите на партиите. Најголема грешка, пак, е дилемата која се отвора на самиот крај.
„Давањето на мандатот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од страна на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ја зачуди јавноста во земјата, а и меѓународната… Алијансата за Албанците е категорична што се однесува до нивната одлука да не бидат дел од новата влада заедно со Никола Груевски. Од Движењето Беса велат дека нема да влезат во владина коалиција со лица кои се под истрага од Специјалното јавно обвинителство. Единствените кои не се изјасниле досега и кои молчат, се 10 пратеници на ДУИ и два пратеника на ДПА. По овој молк на овие албански политички партии, во јавноста се поставува прашањето, дали Мендух Тачи ќе биде новиот заменик-премиер во владата на Груевски?“
Ова е една интересна и важна информација за јавноста, па затоа не случајно е поставено и прашањето во насловот за да предизвика љубопитност. Но, во содржината не се кажува од каде е земена оваа информација, кој е изворот, какви факти има, на што е заснована, итн. Фактот што две партии молчат и не се изјаснуваат за своите ставови, не е доволен показател да се отворат сомневања како што е именувањето на Мендух Тачи за заменик-премиер.
Прирачник за етика во новинарство:
Новинарот може да објави нешто за кое нема доволно докази, ама за кое има доволно индикатори дека е вистина, односно нешто за што постои основано сомневање. Основано сомневање подразбира презентирање на аргументи кои се разумни и кои се индикатор дека нешто е вистина, без да имаме конкретен доказ за вистинитоста.
Објавувањето на информацијата е направено без да се потврди вистинитоста од актерите во веста и без соодветни аргументи. Тие имаат право да се изјаснат околу тоа што е вистина во овие шпекулации, а без тоа веста останува само гласина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
ниеден извор
ниедна страна
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови