Западен Балкан е погабаритен отколку Македонија
Објавено во Рецензии
on 7 - 07 - 2016 Автор: Љубомир Костовски[Рецензија: ЗАПАДЕН БАЛКАН ЗАБОРАВЕН НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВАРШАВА]
НАТО-самитот кој се одржува на 7 и на 8 јули во Варшава е веројатно единствен собир од тој вид, од мигот кога првпат чукнавме на вратата на Алијансата, на кој нема да има македонски претставник. Статијата што ја рецензираме настојува тој факт и изговорот на претседателот Иванов за неговото отсуство во Варшава да го замени со тезата дека Западен Балкан не е во приоритетите на Алијансата, по што се изнесува заклучок дека отсуството на интерес кај организацијата – домаќин е „егал“ со празното столче на масата на коешто требало да седи македонскиот претседател! Да видиме дали за тоа има факти и доколку се понудени, дали се издржани?
Линк до оригиналниот напис: Западен Балкан заборавен на Самитот на НАТО во Варшава
Датум и време на објавување: 05.07.2016, 17:57
Датум на рецензирање: 06.07.2016
Рецензент: Љубомир Костовски
ЦРНА ГОРА НАПРЕД, МАКЕДОНИЈА СТОЈ!
„Според генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, претстојниот самит ќе биде момент на пресврт, односно Алијансата ќе прифати клучни одлуки за тоа како да се приспособат на новата ситуација во областа на безбедноста. Во превод, тоа значи дека фокус на самитот ќе биде Источна Европа, преку која ќе се даде јасен сигнал дека напад врз една земја е напад врз целата организација НАТО. Што се однесува до Балканот, пак, од годинава, Алијансата ќе биде поголема за уште една членка, Црна Гора. Македонија, пак, останува на блокадата од Букурешкиот самит од 2008 година…“
Ако во НАТО се прима Црна Гора како нова членка, дали треба да заборавиме дека таа доаѓа од Западен Балкан? Зошто тој факт е помалку значаен од тоа дека требало да се прими или не била примена некоја друга нова држава од овој простор? Дали тоа не покажува дека, барем по географски принцип, Алијансата не е селективна? Секој би одговорил дека е така! Па, од каде тогаш во прилогот се извлекува сосема спротивен заклучок? Во случајот постои дури и контрадикторност меѓу наднасловот и насловот. Наднасловот вели дека Црна Гора станува 29. членка на НАТО, а насловот дека НАТО го заборава Западен Балкан…
ОБИД ДА СЕ ПРЕИСПИТААТ МАКЕДОНСКИТЕ АСПИРАЦИИ КОН НАТО
Текстот како да има цел да ја направи нашата кандидатура – беспредметна. Така, се цитира професорот Оливер Андонов, кој вели дека ќе ни доставуваат нови услови (освен грчкото вето) и тоа „решавање на политичката криза, спроведување фер, демократски и кредибилни избори, владеење на правото и слично“. Но, јасно е дека тоа не се нови услови, туку елементарни услови за некоја земја да биде кандидат за зачленување во НАТО, а да не зборуваме за полноправните членки….
Друг соговорник, ексамбасадорот Ристо Никовски, вели дека одлуката да се прими Црна Гора е „одлука донесена со цел да се избегне повторно разгледување на нашето членство“, што нема логична завршница. Но, и од Никовски има барање да се преиспита нашето членство таму…
КАНТАРОТ НЕ ИЗМЕРИЛ ПРАВИЛНО
Иако има доволно соговорници, во текстот на останатите не им е даден простор колку на погореспоменатите експерти, а тоа не е направено ниту при формулирањето на насловот, наднасловот, поднасловот, заклучокот… Тука посочуваме на изјавата на полковникот Орце Поповски, кој убаво објаснува дека овој самит не се занимава само со Русија (што очевидно предизвикува „болка“ во некои кругови) туку и со ИД, со бегалската криза, сајбер-нападите…
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
Има и точни факти и неточни заклучоци
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
креативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови