verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неуспешно маскиран пропаганден материјал

on 1 - 08 - 2016       

Republika - Gruevski vo Shtip

[Рецензија: Во Штип со добрата инфраструктура и странски инвестиции се зголемува бројот на населението]

Како да се напише рецензија за најновата епизода од „шпанската серија“ наречена „Денот со Груевски“, а да не се наведат повторно, по кој знае кој пат, прекршувањата на новинарскиот кодекс и предупредувањата дека новинарот мора секогаш себеси да се препознае како новинар, а не како политички партнер на владејачката (или опозициската) партија и застапник на нивните цели? Хм…
Идеја-водилка во овој текст е промоција на владејачкатата партија, а притоа изгледа ниту се помислило да се проверат работите кажани за време на прошетката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по спортските и културни објекти во Штип – како, на пример, зголемувањето на бројот на населението и демографските промени во овој град…

 

FireShot Screen Capture #163 - 'Во Штип со добрата инфраструктура и странски инвестиции се зголемува бројот на населението I РЛинк до оригиналниот напис: Во Штип со добрата инфраструктура и странски инвестиции се зголемува бројот на населението

Датум и време на објавување: 30.07.2016, 13:24

Датум на рецензирање: 31.07.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

СТАТИСТИКА БЕЗ БРОЈКИ

Текстот е напишан во веќе познат изборно-пропагандистички стил, кој ги велича успесите на владејачката партија, поранешниот премиер и градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Содржински е сиромашен и непривлечен за публиката, бидејќи во него не е кажано ништо ново. Како сензација, папагалски, е пренесена информација од градоначалникот  на Штип, дека „Во Штип со добрата инфраструктура и странски инвестиции се зголемува бројот на населението“. Воедно, тоа е и насловот на текстот, кој е некреативен, предолг и комотно можел да се разбие на две целини – на наднаслов и на наслов. Ако ова требало да биде главна поента во текстот, требало да се побара дополнително објаснување и конкретна информација за колку е зголемено населението, да се направи споредба со периодот пред инвестицискиот „бум“ и отворањето нови фабрики, да се направи повикување на статистички податоци или други параметри, кои како бројка би ја потврдиле вистинитоста на оваа констатација.

„Благодарение на сите инфраструктурни работи што ги прави Владата ­изградба и реконструкција на патишта, намалување на вработеноста преку владините проекти и странските инвестиции, новата Клиничка болница, Универзитетот, како и најактуелниот проект „Купи куќа за млади“, населението во Штип се повеќе расте, го информираше штипскиот градоначалник Илчо Захариев претседателот на ВМРО ­ ДПМНЕ Никола Груевски, кој вчера ги посети спортските и културните објекти во градот“.

 

ЗАМАЈУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА
Во продолжение, текстот се обидува да креира реалност во која, особено жителите од Источна Македонија, во денешни услови тешко би поверувале. Со заткулисно сценарио на политичките актери, за кое не е направен обид да се разоткрие, се замајува јавноста со пласирање невистини, како, на пример, дека Штип до 2020 година ќе добие и аеродром.

„Според градоначалникот Захариев до крајот на наеговиот мандат ќе бидат асфалтирани сите улици во градот, а досега, подвлече, се инвестирани и три милиони евра општински пари за асфалтирање на улици во градот. Изграден е, посочи меѓу другото, и експресниот пат Радовиш ­Кочани до Велес. До 2020 година, најави, ќе се изгради и аеродромот во Штип“.

Ова околу изградбата на аеродром навистина не е констатација на авторот, туку е пренесена невистина изречена од страна на градоначалникот, за која морало да се реагира во текстот. Имено, градоначалникот тврди дека аеродромот во Штип, (мисли веројатно на карго-аеродром за кој замислата е да го гради турската компанија ТАВ) ќе биде изграден до 2020 година. Тоа не е можно, бидејќи првиот човек на „ТАВ холдинг“, Сани Шенер, на средината на мај 2014 година изјавил дека конечна одлука дали овој аеродром ќе се гради уште не е донесена, бидејќи е потребна потврда од метеоролошките истражувања кои ќе траат 10 години и ако не се гради аеродром во Штип, можно е компанијата да одлучи комплетно да го прошири и да го реновира скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Текстот не е потпишан од авторот и во него нема амбиција да биде читлив и привлечен за читателите, па повеќе наликува на соопштение од партиски билтен отколку на новинарски текст. Бидејќи, сепак, не е пласиран како партиско соопштение, треба да се укаже дека во него е прекршен членот 14 од Кодекс на новинарите, во кој јасно се нагласува дека: Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови