verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заклучоците бараат факти

on 20 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Andrej Petrov dhe LSDM punësojnë njerëz me diploma falco titulli

[Рецензија: Андреј Петров и СДСМ вработуваат луѓе со фалсикуувани дипломи во Општина Карпош]

 

Веста што е изработена во недостиг од извори и од цитирања претставува шпекулација. Заклучоците што ги извлекува новинарот во еден професионален новинарски напис треба да бидат поткрепени со факти и со цврсти докази. Веста што ја рецензираме не е заснована врз ниту еден извор и како таква во содржината нема ниту едно цитирање.

Andrej Petrov dhe LSDM punësojnë njerëz me diploma falco screenshotЛинк до оригиналниот наслов: Андреј Петров и СДСМ вработуваат луѓе со фалсикуувани дипломи во општина Карпош

Датум и време на објавување: 16.11.2015

Датум на рецензија: 17.11.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Во овој случај се обвинуваат субјекти и лица, но новинарот не побарал став од ниту една страна што е опфатена во овој текст.

„Од Oпштина Карпош за „Република“ велат дека имале пријавено фалсификувана диплома за завршен факултет и земале плата како вработени со  високо образование, а всушност имале средна или, во најдобар случај, виша школа.
Едно од лицата се обидело да подметне фалсификувана диплома, но биле спречено и навреме откриено од службите и градоначалникот. Лицето со фалсификувана диплома сакало да аплицира на место со високо образование, а имало завршено само средно вечерно.“

Како може читателот да поверува во овие наводи кога нема ништо за верување во тоа. Заклучоците што се извлекуваат без факти го прават написот неубедлив и тоа кај читателот создава впечаток дека се работи за измислица.

„Во вториот случај се работи за лице кое со фалсификувана диплома било на функција како овластен ревизор, место за кое е потребно високо образование.
Третото лице со фалсификувана диплома сакал да биде вработено  како помошник раководител на секторот за јавни набавки. Овие лица се повлечени од функциите, а од општината најавуваат дека ќе продолжат со проверка на веродостојноста на документите.“

Целиот текст зборува за фалсификувани дипломи, а за ова не е побаран став од Комисијата за образование, која има обврска да ги открие фалсификуваните дипломи и да ги провери тие за кои постои сомнеж дека се фалсификувани. За ова новинарот требало да го информира и Министерството за образование и наука, но тој сметал дека тоа не е важно. Изоставањето на сите инволвирани страни во еден напис го прави текстот непрофесионален и шпекулативен. Новинарот не смее да ги избегне фактите и доказите, а за непроверените сомневања треба да наведе дека се такви. Во конкретниот случај тоа не е направено од авторот на овој текст.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови