verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Загрижувачки повици на Фејсбук против тестирањето за корона

on 15 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Повици на социјалните мрежи против тестирањето за Ковид-19]

На социјалната мрежа Фејсбук – на лични профили на дел од учесниците на протестот кој се одржа пред Владата, а кој беше најавен како ,,протест против 5 Г, коронавирусот, задолжителното вакцинирање…”, се шират загрижувачки повици, во кои населението се охрабрува да не се тестира за ковид-19, затоа што, наводно,  ,,пандемијата е лага, а податоците се користат за да се земат днк податоци за вашата крвна група и потребни органи”. Истовремено во овие објави се атакува врз Владата , па дури се сугерира нејзино апсење (!), па сето тоа се става во некаква рамка со убиени сатанисти во САД (!) и на крајот се добива една општа какофонија од дезинформации и лаги.

Линк до оригиналниот напис:

Датум и време на објавување: 12.06.2020

Датум на рецензија: 14.06.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Ова не само што претставува сериозна закана во справувањето со коронавирусот, туку е и флагрантно непочитување на здравствените работници и е контрапродуктивно во кампањата за едукација која ја спроведуваат здравствените власти. Ваквите објави се особено загрижувачки во ситуација кога дел од населението не верува во вирусот и смета дека е светски заговор, иако од него умираат луѓе, особено оние со коморбидитети и на возраст повисока од 60 години.

Воопшто не е точно тврдењето дека со тестирањето се земаат ДНК податоци заради наводна потреба од органи?! Во оваа објава на Фејсбук,  не се објаснува што точно се прави со наводните органи и зошто некому би му бил потребен коронатест за да одреди крвна група, кога тоа, на пример,  може да се одреди во процедурата за  возачка дозвола?! Ова тврдење е нелогично, па дури и смешно.

Апелот за одбивање на корона тестови е особено штетен и контрапродуктивен, зашто недијагностицираните носители на вирусот, особено ако се асимптоматски, може да живеат со вирусот, да го пренесуваат на другите, да одбиваат да се тестираат и никаде во здравствениот систем да не фигурираат како потврдени лица со коронавирус, што ќе значи дека и нивните контакти нема да бидат детектирани.

Ваквите повици воообичаено се полни со неточни и медицински неиздржани информации, па како такви претставуваат закана за граѓаните кои може да наседнат и да не ги земаат со резерва и потреба за проверка. Ваквите повици во време на пандемија се крајно опасни, тие може да влијаат врз креирањето на јавното мислење, да придонесат некои граѓани да формираат лажна слика  и да не се тестираат,  верувајќи дека тоа е исправно.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ