Загадување на медиумскиот еко-систем
Објавено во Рецензии
on 8 - 07 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Сашка Цветковска, птицата која никогаш нема да полета!]
Медиумската содржина што ја рецензираме нема ниту еден елемент од новинарските професионални стандарди на кои можеме да се задржиме и да ги оценуваме. Но, од друга страна, има серија „прекршувања“ на етичките норми на професијата кои, сепак, заслужуваат да бидат адресирани.
Ова „досие“, како што претенциозно се нарекува ова „творештво“, е полно со сексистички и со родово дискриминаторски квалификации упатени до една од нашите најнаградувани новинарки за истражувачко новинарство, само поради изразеното сомневање во веродостојноста на една информација објавена на истиот медиум.
Ние овде нема да пренесеме ништо од тие квалификации за да не го загадуваме нашиот простор (кој сака, има линк и нека повели да чита), но нема да изоставиме да рецензираме омаловажувачки и понижувачки говор, етикетирање и дискредитирање и дисквалификации со личност со осведочен новинарски интегритет.
Само ќе потсетиме на два члена од Кодексот на новинарите. Членот 15 вели дека:
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Овој текст е непримерна комуникација со јавноста.
Членот 16 од новинарскиот кодекс на однесување е уште попрецизен:
Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Линк до оригиналниот напис: Сашка Цветковска, птицата која никогаш нема да полета!
Датум и време на објавување: 07.07.2016
Датум на рецензирање: 08.07.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
Ако тоа не е доволно, потсетуваме и на препораката за улогата на новинарите во градењето на демократијата и цивилното општество во која ве истакнува дека:
… новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите…
Ако и тоа не е доволно, тогаш да се послужиме и со членот 10 од Кодексот на новинарите, кој од нив бара тие свесно да не создаваат информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, да не говорат со јазикот на омразата и нема да нè поттикнуваат насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
За жал, во овој текст го има и тоа.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
друга пристрасност,
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
не потикнува на насилство
дискриминира
полова дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
нечитлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови