verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Заев не кажа дали бил пијан кога седел во кафеана

on 3 - 07 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Заев се правда, бил ли под дејство на алкохол кога ги кудел шарените: „После два часа седење во кафеана, се случуваат грешки“]

Текстот што го рецензираме не информира, туку констатира и со тоа го прекршува членот 13 од Кодексот на новинарите: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.

Линк до оригиналниот напис: Заев се правда, бил ли под дејство на алкохол кога ги кудел шарените: „После два часа седење во кафеана, се случуваат грешки“

Датум и време на објавување: 02.07.2020

Датум на рецензирање: 03.07.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Написот прави сериозно прекршување на новинарскиот Кодекс, бидејќи во обид да информира тој ги наведува читателите на субјективно толкување.

Текстот пренесува изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев која тој ја даде на прес-конференција, а се однесува на последните објавени аудио „бомби“ во кои тој зборува за Шарената револуција. Притоа, Заев во аудио снимката користи зборови од типот: „ќе соберам шарени, и шуто и рогато“ и „мамето ќе им го е*ам на сите во коалиција“.

Секако после два часа и 17 минути седење во кафеана на слободен разговор се случуваат грешки. Сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам заради тоа што ниту сум го мислел тоа, ниту еве времето покажа дека сум имал некои непријатности во работењето. Јас сум таков човек што се извинувам, и јас им се извинив на сите од Шарената револуција на мојот профил на „Фејсбук“, и тие го прочитаа тоа“, се правдаше денеска Заев.

По ваквата изјава на Заев, написот дава свое толкување и вели:

Секој нормален под „После два часа и 17 минути седење во кафеана, се случуваат грешки“, подразбира дека Заев бил под дејство на алкохол т.е. пијан кога го кажал тоа за шутите и рогатите и фактот дека ќе им ја е.ел мајката на истите.

Текстот, без никакви факти констатира дека Заев во моментот кога го зборел тоа за Шарената револуција бил под дејство на алкохол.

Понатаму во него се вели дека „секој нормален“ тоа би го сфатил, што создава чувство дека ако не го сфатите тоа што ви пишува во написот, тогаш сте ненормални (!).

Тука имаме и стереотип, односно седењето во кафана се поврзува со пиење алкохол и опијанување. Ако седиш во кафана два часа, според текстот, автоматски значи дека си пиел алкохол и си бил пијан. Но, има и луѓе кои седат во кафана и не пијат алкохол, а има и такви кои пијат,  ама до тој степен за да се опијанат.

Нагласената тенденциозност при известувањето и изнесувањето лични заклучоци не прилега на новинарската работа. Новинарскиот извештај  треба да информира за одредена ситуација  настан), а не да коментира. Токму со ваквиот начин на пишување и пласирање на текстот се прекршува членот 13 од Кодексот на новинарите во кој е прецизирано дека:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ