Заев нападнат иако не е градоначалник, а за другите градови се молчи
Објавено во Рецензии
on 12 - 01 - 2017 Автор: Силвана Жежова
[Рецензија: Струмица како Гармиш- Партенкирхен, еве каде може да се санка Заев во центарот на Струмица (ВИДЕО)]
Текстот што го рецензираме е спин, односно има извртување на вистината, бидејќи за неисчистените улици во Струмица се обвинува „градоначалникот“ Зоран Заев, кој, всушност, веќе не е носител на таа функција. Неговиот мандат како градоначалник му престана во моментот кога го доби пратеничкиот мандат. Во моментов Заев има заменик, а во процедура е, преку Министерство за локална самоуправа, да се назначи в.д. градоначалник. Во текстот има и фотографии од Заев, кои се искористени за повторно извртување на вистината, сакајќи да се прикаже дека додека тој се забавува, струмичани мака мачат со неисчистените улици. Инаку, од Општина Струмица испратија и официјално соопштение во однос на преземените мерки за справување со последиците од снежните врнежи и од ниската температура.
Линк до оригиналниот напис: Струмица како Гармиш- Партенкирхен, еве каде може да се санка Заев во центарот на Струмица (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 09.01.2017, 13.52
Датум на рецензирање: 11.01.2017
Рецензент: Силвана Жежова
НЕ Е САМО ВО СТРУМИЦА ТАКА…
Сосема приватна работа е како поранешниот струмички градоначалник Зоран Заев го поминува слободното време и што тој објавува на својот профил на социјалните мрежи, бидејќи тоа нема никаква врска со состојбата на улиците низ Струмица, за кои, патем, е надлежна Општината, институција во која тој повеќе не е носител на ниту една функција.
„Додека струмичани сами се борат против снегот и замрзнатите улици, струмичкиот градоначалник ужива во снежното време, и згора над тоа, се фали на социјалните мрежи“.
Во интерес на вистината и на правилно информирање на читателите, во текстот никаде не пишува дека не само во Струмица, туку и низ многу други општини, улиците наликуваат на познатата светска скокалница Гармиш-Партенкирхен. На неисчистени улици и тротоари се пожалија и граѓаните во речиси сите општини каде што најголем дел од градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ. Поради овој пристап во неинформирањето, овде имаме селективност, едностраност и пристрасност.
„Доколку на Заев навистина му дошло до санкање, тогаш истото може да го стори и во самиот центар на Струмица, чии улици наликуваат на познатиот германски ски центар Гармиш- Партенкирхен. Заев и општинската власт ги оставија струмичани сами да се мачат со мразот, снегот и студот. Улиците во градот се целосно смрзнати, граѓаните мора да внимаваат каде газат, зошто многу лесно може да се здобијат со скршеници поради неажурноста и неспсообноста на локалната власт“.
ЗА ДРУГИТЕ ГРАДОВИ СЕ МОЛЧИ
Текстот што го рецензираме не е содржаен, бидејќи не го третира целосно проблемот со нерасчистените улици и тротоари. Во него, исто така, се содржат и невистинити информации за функцијата на Зоран Заев. Овде или се работи за непознавање или, пак, за намерно прикривање информации. Коментарите се интегрирани во текстот, при што се добива еден материјал кој е тенденциозен и дезинформирачки.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
нерелевантни,
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови