Заев и Јанева, „петок и сабота“!
Објавено во Рецензии
on 28 - 01 - 2016 Автор: Силвана Жежова[Рецензија: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител]
Текстот што е предмет на оваа рецензија, без конкретни аргументи, се обидува да му наметне одредено однесување на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за првото судското рочиште „Поткуп“, на кое тој не се појави. Насловот на текстот има интенција да ги доведе во „специјална врска“ шефот на опозицијата и специјалната јавна обвинителка.
Линк до оригиналниот наслов: Заев се појавува на суд само кога Катица Јанева е обвинител
Датум и време на објавување: 25.1.2016
Датум на рецензија: 26.1.2016
Рецензент: Силвана Жежова
СПЕЦИЈАЛНА ВРСКА
Лидерот на СДСМ се доведува во корелација со специјалната обвинителка Катица Јанева, иако за овој случај („Поткуп“) е надлежен Основениот суд Скопје 1. Притоа, како „крунски доказ“ за наводната поврзаност меѓу Заев и Јанева, се посочува случајот „Пуч“, за кој е надлежно токму Специјалното јавно обвинителство.
„Сега Заев повторно избегнува во судница да се соочи со било кој судија или обвинител, ако тоа не е лично Јанева. За нивната поврзаност во работењето досега многу се пишуваше, па не е чудно што Заев само покрај специјалната јавна обвинителка сака да сведочи за случаите каде е тој осомничен. Тој не е службено зафатен само кога Катица Јанева е обвинителка.“
Но, тоа што лидерот на опозицијата изјави дека нема да ја почитува одлуката на судот за случајот „Пуч“, не значи дека истото се однесува и на другите дела во кои се води судски процес против него.
Во написот отсуствува изјавата на адвокатот на Заев, Ване Андреев, што тој ја даде пред Основниот суд Скопје 1, а во која вели дека Заев бил службено спречен поради состанок со амбасадорот на Кина во Македонија, Зеншун Вен. Со премолувањето на оваа изјава, материјалот е нецелосен и не дава објективен приказ на состојбата. Само, веројатно, текстот и немал намера да ја прикаже вистината, туку да направи конструкција во која Заев и Јанева ќе ги претстави како „петок и сабота“!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови