Забот падна, невкусот остана
Објавено во Рецензии
on 14 - 02 - 2017 Автор: Југослава Дуковска[Рецензија: Ѝ ПАДНА ЗАБОТ ДОДЕКА ПЕЕШЕ: Водителката на која сите покажуваат со прст (ВИДЕО)]
Насловот на овој напис доволно речито зборува зошто е предмет на оваа рецензија. Во него е содржан груб коментар на една непријатност која ѝ се случила на одредена личност за време на јавен настап, што е навредливо и некултурно. Ништо подобра не е ниту содржината на самиот напис – таму потсмешливо се коментира дека видеозаписот од настапот на водителката за време на кој се случило да ѝ испадне заб додека пеела, се споделува на социјалните мрежи и сите ја исмеваат.
Линк до оригиналниот напис: Ѝ ПАДНА ЗАБОТ ДОДЕКА ПЕЕШЕ: Водителката на која сите покажуваат со прст (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 12.2.2017, 15:39
Датум на рецензирање: 13.02.2017
Рецензент: Југослава Дуковска
ИСМЕВАЊЕ
Во конкретниов напис, впечаток е дека се поминати границите на добриот вкус: во него се исмева странска телевизиска водителка само затоа што ѝсе случило да ѝ падне заб среде пренос во живо во емисија на една шпанска телевизија. Настанот е документиран и со видеозапис и нема сомневање дека се случил, но вистинитоста во овој случај никако не може да компензира за неетичкото известување за него.
„Видеото се споделува на социјалните мрежи и сите ја исмеваат“.
Се поставува прашањето зошто некој би исмевал човек кому му се случила ваква незгода? Ваквиот неетички пристап е истакнат и во самиот наслов, каде се вели дека се работи за водителка на која „сите покажуваат со прст“. Во секојдневната етика на однесување, наречена бон-тон, гестот на покажување со прст се смета за исклучително некултурен, а изразот: „ на него се покажува со прст“, сугерира негативно издвојување, дискриминирање на таа личност.
Новинарот мора да биде свесен за последиците и за ефектите од неговите зборови, мора да внимава на нивниот избор и не смее да навредува или исмејува,
стои во Прирачникот за етика во новинарството.
Не треба да се заборави дека медиумите имаат општествено одговорна улога и поради тоа се наметнува прашањето какви вредности се промовираат со вакви наслови и содржини?
Содржините на рубриките со таканаречени полесни теми (занимливости, забава, итн.) се вообичаено пренесени со полесен стил, па кај нив не треба да се очекува докрај да ги запазуваат строгите норми на новинарскиот израз. Но, тие често се движат по тенката линија помеѓу коректноста и невкусот, а некогаш и ја пречекоруваат, како во овој случај.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
полова дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови