Забегано новинарство
Објавено во Рецензии
on 15 - 02 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Катица со денешниот прес потврди дека завчера била во СДСМ по нарачката на Заев]
Можеби звучи престрого, но кога читате новинарски производ кој треба да е извештај од настан, очекувате извештај. Според сите стандарди и новинарски лекции, тој извештај треба да ја избере најважната поента од тој настан, која во себе треба да содржи новина, вест, а потоа да следува образложение, односно заднински информации, кои треба да бидат поткрепа, аргументација на таа вест.
Во случајот на медиумската содржина што овде ја рецензираме, таа логика и очекуван стандард се сосема извртени.
Како прво, не може да се препознае дали се работи за извештај од настан или мислење, коментар, колумна, бидејки има премногу елементи на овие вторите новинарски форми.
Но, и тоа не е доволно за да идентификувате за што станува збор, зашто оваа медиумска којзнае-што, всушност, надградува дополнителна конструкција на два спина веќе афирмирани во изминатиот период: лидерот на опозицијата ѝ нарачал на специјалната обвинителка Јанева да ги отвори случаите за изборни измами и, вториот, зошто Јанева користи службен стан кога веќе има два во Скопје на име на нејзините синови.
Оттаму, ваквиот пристап, испревртен приоритет на веста,целосно занемарување на темата на прес-конференцијата, спинување на неважни, непоткрепени инсинуации…, ни дава право ова да го наречеме забегано новинарство.
Линк до оригиналниот напис: Катица со денешниот прес потврди дека завчера била во СДСМ по нарачката на Заев
Датум и време на објавување: 12.02.2016, 13:01
Датум на рецензирање: 13.02.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
НАМЕСТО ИЗВЕШТАЈ – КОМЕНТАР
Оваа констатација не е само врз основа на импресиите. Напротив, непристрасното рецензирање на оваа медиумска содржина, соодветно на методологијата на „Сервис за проверка на факти од медиумите“, ни дава право таа констатација да ја поткрепиме и со факти кои говорат за сериозни прекршувања на неколку членови на Кодексот на новинарите.
Написот изобилува со коментари и со квалификации кои се интегрирани во текст кој треба да биде извештај од прес-конференција. А, членот 13 од Кодексот е сосема јасен:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Констатиравме дека оваа медиумска содржина наметнува теми кои воопшто не се битни за еден извештај од овој настан. Наместо тоа, имаме нескриено, отворено, полно со страст пристрасно новинарство што е спротивно на членот 14:
Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Не само што нема професионална дистанца, туку во оваа новинарска сторија се среќаваме со истакнување и со приоритизирање на други небитни нешта од прес-конференцијата, како што е стилот на настапот на организаторите не прес-конференцијата и некои карактеристики од тој настап. Притоа новинарскиот тон е понижувачки и навредувачки, што е во колизија со членот 15 во кој се истакнува:
Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
Таквиот однос го прекршува и членот 16 од Кодексот, во кој од новинарите се бара да го чуваат угледот и достоинството на оваа професија и да не го употребуваат својот медиум за пресметка со личности.
Бидејќи ништо од овие стандарди не е испочитувано, си дозволуваме овој стил на известување да го наречеме – забеган.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови

