За „тајните“ на Али Ахмети се потребни факти, а не иронија
Објавено во Рецензии
on 8 - 02 - 2017 Автор: Adrian Kerimi
Напис: Каква „тајна“ има Али Ахмети што не мрда од место кога го спомнува Билал Касами!
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Зиг-заг“, кога и да го спомнеше името на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, се помрднуваше од своето столче.
Според коментарите по социјалите мрежи, Ахмети можеби го фаќа немир кога го спомнува Касами, затоа што него го „плаши“ успехот на Беса.
https://www.facebook.com/gostivari24/videos/1528235563883185/
[Рецензија: Каква „тајна“ има Али Ахмети што не мрда од место кога го спомнува Билал Касами!]
Ова е една вест, која е на граница да наликува на вест. Ваков е текстот што го рецензираме. За лоша среќа на читателите, написот не содржи ништо важно. Кој и да мислел дека со овој краток текст ќе го информира читателот, се лаже, затоа што овој текст едноставно предизвикува само негативни реакции и фрустрации.
Tекстот се однесува на едно случување во една дебатна емисија. Искрено, гледајќи го овој „примамлив“ наслов, пред рецензирање на текстот, очекував многу информации и еден напис кој е во интерес на јавноста. Ни јас, а верувам ни читателите не очекуваа овој наслов да биде толку бесмислен и воопшто да не информира за содржината на написот, како што е случај со голем дел од текстовите по нашите портали. И пак, уште едно разочарување.
Во насловот пишува дека Ахмети не мрда од место кога го спомнува името на Билал Касами, претседателот на Движењето Беса, но во веста пишува дека за време на емисијата, секојпат кога ќе го спомнел името на Касами, Ахмети се помрднувал од местото. Ова подразбира дека написот има тенденциозен пристап и со овие противречности не му појаснува на читателот, туку уште повеќе го збунува.
„Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Зиг-заг“, кога и да го спомнеше името на претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, се помрднуваше од своето столче“.
Во текстот нема ништо за содржината на емисијата во која се дебатираше за последните политички случувања. Не е дадена никаква дополнителна информација или заднина, која на текстот ќе му дадеше структура и професионална форма.
Линк до оригиналниот напис: „Каква „тајна“ има Али Ахмети што не мрда од место кога го спомнува Билал Касами!“
Датум и време на објавување: 03.02.2017
Датум на рецензирање: 04.02.2017
Рецензент: Адриан Керими
Со ваквиот пристап, авторот потврдува дека не ја следел внимателно дебатата за да дојде до таков заклучок, според кој тој тврди дека ја информира јавноста. Веста ја почнал и ја завршил со две реченици, кои ги напишал испириран од реакциите и од коментари по социјалните мрежи. Ова значи дека негов извор се ироничните реакции по социјалните мрежи, а не содржината на емисијата.
„Според коментарите по социјалите мрежи, Ахмети можеби го фаќа немир кога го спомнува Касами, затоа што него го „плаши“ успехот на Беса“.
На крајот од текстот, можеби ненамерно, пренесен е и еден личен став околу причината поради која е напишана една ваква вест. За лоша среќа на професионалното новинарство, со ова е прикажана пристрасност во корист на една политичка страна, а на штета на една друга, спомената во написот. Ова е забрането и етичкиот Кодекс на новинарите, кој јасно нагласува дека новинарот треба да покаже професионално дистанцирање од политичките субјекти.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
нерелевантни
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
Фејсбук
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
ненаведен автор, наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови