За секоја вест треба извор
Објавено во Рецензии
on 23 - 07 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: Пониски температури во текот на месец август]
Во медиумите се објавуваат информации на најразлични теми. Колку и да изгледаат прости и едноставни, информациите секогаш треба да имаат точни и јасно наведени извори.
Линк до оригиналниот наслов: Пониски температури во текот на месец август
Датум на објавување: 18.07.2015
Датум на рецензија: 20. 07. 2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Веста што ја рецензираме се однесува на метеоролошки информации за температурата во Македонија. Во текстот се прогнозира времето, но не се наведува ниту еден извор.
„Како што беше половината на месец јули, така ќе продолжи и втората половина од овој месец, со високи температури.“
Иако може да се мисли дека веста е едноставна, сепак има потреба да се наведе кој е изворот на информацијата. Секое прекршување на нормите, дури и за наједноставни соопштенија, создава можност овие практики да не се основен стандард на новинарството.
Понатаму во информацијата се вели дека за август метеоролозите предвидуваат пониска температура, која нема да надминува 30 Целзиусови степени. Новинарот нема консултирано ниту еден извор или не навел метеоролозите на која институција ги направиле овие прогнози.
За веста да биде веродостојна и точна, новинарот треба информацијата што ја има да ја потпре врз факти и да се консултира со експерти од полето за кое пишува во текстот.
(Од Сервисот за проверка на факти во меидумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
сензационален
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови